Новоселски манастир

манастир во Македонија

Свети Антониј — православен македонски манастир над струмичкото село Ново Село.[1]

Свети Антониј
Поглед кон манастирската црква
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1995
ЕпархијаСтрумичка
Цркви„Св. Ѓорѓи“
Место
Местосело Ново Село, Општина Ново Село, Струмичко, Македонија Македонија
Координати41°25′12.9″N 22°53′05.4″E / 41.420250° СГШ; 22.884833° ИГД / 41.420250; 22.884833Координати: 41°25′12.9″N 22°53′05.4″E / 41.420250° СГШ; 22.884833° ИГД / 41.420250; 22.884833
Видливи остатоци1 црква, конаци
Отворен за јавностада

Основни податоци уреди

Манастирот се издига на рид на планината Огражден, што се наоѓа над Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село. Во склоп на манастирот има конак каде живеат тројца монаси во склад со Аскетско – исихастичката традиција на Светогорските манастири. Во манастирот е развиено пчеларството и се произведува квалитетен мед. На тоа место во 90тите години била откриена некропола, која најверојатно датирала од римско време, и подоцна се покренала иницијати за изградба на манастирски комплекс.

Црква

Главната и единствена манастирска црква е посветена на Свети Георгиј. Таа е осветена на 28 август 2004 година на празникот Голема Богородица со благослов на Струмичкиот Митрополит Господин Наум. Црквата сè уште не е фрескоживописана и не е изработен иконостасот (состојба 2015).

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди