Светилникградба што се подига на брегови, острови, стени, за да им биде ориентир на морските пловни средства.

Светилник во Канада
Светилник на крајот на светот во Ушуаја, Аргентина
Светилник во германската покараина Шлезвиг-Холштајн

историја уреди

Првите светилници ги изградиле Египќаните и меѓу нив е прочуениот Фарос во Александрија, на устието на реката Нил. Овој светилник спаѓа меѓу Седумте светски чуда на античкиот свет. Во Америка, првиот светилник е подигнат во 1716 година, а светлината се добивала со горење дрва, т.е. се ложел вистински оган. Подоцна светилниците користеле гас и ацетилен. Светилник на електрична енергија е реализиран во 1858 година. Тогаш веќе се користеле огледала и леќи заради подобро снопење на светлината. Покрај тоа, за време на магла се користат сирени, но и вртежни светла. Светилници кои користеле и радиосигнал почнале да се користат уште од 1921 година, а првпат биле примените во Њујорк, САД. Денес, радиосигналот се користи и за ориентација на авионите.

Светилникот како симбол го користат тајните друштва, а во своето лого го користи и познатиот семрежен пребарувачНетскејп“.

Светилникот како тема во уметноста уреди

  • „Светилникот Сангинере“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[1]

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 73-79.