Свендборг е значаен град во Данска, поточно во јужниот дел на државата. Денес Свендборг има околу 27.000 жители во градот и 59.000 во поширокото градско подрачје.

Свендборг
Грб на Свендборг
Население (2012)26.897
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Postal codes5700
Мреж. местоhttp://svendborg.dk/

Природни услови уреди

Свендборг се наоѓа во јужниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Свендборг е оддалечен само 220 километри југозападно.

Релјеф: Градот Свендборг се наоѓа во југоисточниот дел на данскиот островФин, на место каде му се приближува помал остров Туро. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 50 метри.

Клима: Климата во Свендборг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Свендборг се формирал на морскиот канал кој ги разделува островот Фин и островот Туро.

Историја уреди

Подрачјето Свендборг било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во 1200 година. Населбата градскит еправа ги добила во 1253 година.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население уреди

Денес Свендборг има околу 27.000 жители во градските граници и околу 59.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Свендборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди