Сахурова пирамида

29°53′52″N 31°12′12″E / 29.89778° СГШ; 31.20333° ИГД / 29.89778; 31.20333

Сахуровата пирамида

Сахурова пирамидастароегипетска пирамида и прва изградена во некрополата Абусир. Таа била изградена како гробница на вториот фараон од Петтата египетска династија Сахуре во 2480 п.н е.[1] Градбата е дел од поголема гробна целина која се состои од храм на брегот на езерото Абусир, насип од овој храм до високиот храм сместен наспроти главната пирамида и посебна молитвена пирамида наменета за душата на кралот.[2] Целината во Древниот Египет била позната како „Ḫˁj-b3 S3ḥ.w Rˁ“ или во превод „воскресение на духот на Сах“.[1]

Пирамидалната целина била предмет на темелни ископувања на почетокот од 20 век од страна на Лудвиг Борхарт и истата денес се смета за пресвртница во древноегипетската гробна архитектура, така што нејзиниот распоред има поставено образец кој останал непроменет сè до крајот на Шестата египетска династија околу 300 години подоцна.[1][3] Долината и високите храмови, како и насипот на целината, биле богато украсени со над 10.000 м2 фини релјефи кои ја направиле целината препознатлива во антиката. Високиот храм исто така се одликува по разновидноста на градежните материјали кои биле употребени за негова изградба — од алабастер и базалтни подови до фин варовник и црвен гранит на ѕидовите.[1][2][4]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mark Lehner. The Complete Pyramids. Thames and Hudson Ltd., London. ISBN 0-500-05084-8.
  2. 2,0 2,1 Miroslav Verner, Steven Rendall. The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. стр. 313–324. ISBN 0-8021-1703-1.
  3. Ludwig Borchardt (1910-1913). Das Grabdenkmal des Königs Sahurā. 2 Bände. J. C. Hinrichs, Leipzig.
  4. Rainer Stadelmann. Die agyptischen Pyramiden: Vom Ziegelbau zum Weltwunder (Kulturgeschichte der antiken Welt). стр. 164–174.