Сатанизмот настанал во средниот век и се одржувал повремено во мали тајни групи. Настанувањето на сатанизмот и неговото постоење се поврзува со христијанството. Христијанството и другите религии во себе подразбираат многу одрекувања. Како такво христијанството предизвикувало во некои групи обид да се одделат, па и сатанизмот е една од реакциите на христијанството.

Симбол на сатанизмот

Според теистичките сатанисти, сатанизмот не е реакција на христијанството, туку најстарата религија вкоренета во паганството.

Сатанизам и религија уреди

кога го разгледуваме сатанизмот потребно е да го одредиме неговиот однос спрема религиите. по една дефиниција - религија е верување кое ги има следниве особини

  1. релативно едноставно сфаќање на потеклото. природни битија - религиско верување
  2. организација и заедница на основните религиски верувања
  3. обреди - ритуална работа која манифестира заедница на основни религиски верувања

кога ќе го споредиме сатанизмот со овие зборови за религија. Сатанизмот релативно има едноставно религиско верување/ организации на сатанисти постојат во светот и нивната работа може да се најде и јавно на интернет. И секако сатанистите не кријат обреди на кои се придржуваат

Основни Особини на Aтеистичкиот Сатанизмот уреди

Анализа на Антон Лавеј на „Сатанистичката Библија“ од која може да се извадат следниве важни особини.

  • Цел на човекот исклучиво максималната лична среќа и уживање во овој живот на земјата. Ако нешто направи за други, сатанистот тоа го прави само доколку тие го заслужиле тоа апстиненцијата е спротивна во сатанизмот.
  • Благословени се силните, проклети се слабите. Според сатанистот, силата и моќта се благодат, а слабоста и понизноста проклетство
  • Сатанистите во целост ја одрекуваат грижата на совест поради своите сторени дела, без разлика какви биле
  • Сатанистите се противници на сите религии а особено на христијанството
  • Сатанистите не веруваат во концепт за бог, во сатанизмот поединецот е бог самиот на себе
  • Сатанистите имаат три вида на обреди: обред на уништување, обред на сочувство и сексуални обреди
  • Жртвувањето на луѓе не е дозволено

Теистички Сатанизам уреди

 
Еден од најкористените симболи на „Радоста на сатаната“

Најпознатата група теистички сатанисти е „Радост на Сатаната“.[1] Оваа групација верува дека Сатаната ги створил лугето и дека ангелите и јахве и другите аврамски креации се вонземјани кои работат на уништување на човештвото.[2] „Радост на Сатаната“ верува дека демоните се стварни древни пагански богови кои се лажно оптужени од страна на евреите за побуна против јахве. Пратителите на оваа групација истотака практикуваат ритуали „убивање на еврејски магии„ и слично.[3]

Према нив корен на името „сатан“ не еврејски него санскрит. Тврдат дека името „Сатана“ влече корени од санскритски свети мантри за кундалини енергија, како што е СаТаНаМа, сатнам и сатанас. Исто така се поврзува санскритки збор за вистина „Сата“ со Сатаната.[4]

 
појавата на Сатаната според верувањата на радоста на сатаната
  1. „Joy of Satan“. www.joyofsatan.org. Посетено на 2022-03-29.
  2. Ministries, Joy of Satan. „The Creation of Humanity“. satanisgod.org. Посетено на 2022-03-29.
  3. „Reverse Torah Rituals“. satanslibrary.org. Посетено на 2022-03-29.
  4. „Name of Satan“. satanisgod.org. Посетено на 2022-03-29.