Сан Хуан (покраина во Аргентина)

Сан Хуан (шпански: San Juan) е покраина во Аргентина, сместена во западниот дел на земјата. Се граничи со Ла Риоха, Сан Луис и Мендоса и со Чиле на запад.

Сан Хуан


Грб

Главен град Сан Хуан
Површина 89,651 km²
Население 620,023 (2001)
Густина 6.92/km²
Гувернер Хосе Луис Гиоха (2003-2007)
Демоним Санхуанец (Sanjuanino)
ISO 3166-2 AR-J
Паркот Ишигуаластро (Ischigualasto Provincial Park)

Географија и клима уреди

Покраината е дел од континенталната полупустина Кујо. Бидејќи се наоѓа на Андите, таа е претежно планинска земја. врнежите ги има претежно во лето и се одликува со јаки бури.

Стопанство уреди

Традиционално економијата е заснована на земјоделството, посебно винарството.

Се одгледува и домати, пченка, компир, смоква, праска и др.

Присутна е и текстилната индустрија и производството на конзерви, а од рударството се копа злато и олово и глина.

Административна поделба уреди

Покраината е поделена на 19 департмани (departamentos).

Туризам уреди

Покраината изобилува со атракции. Почнувајќи од Андите каке била присутна цивилизацијата на Инките, до националните паркови како Ischigualasto Provincial Park. Своевидна атракција се и многуте предели како Valle Fértil. Има и водни спортови, бањи голем број на археолошки локалите и музеи.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди