Сандеј Огорчукву Олисех (роден на 14 септември 1974 во Абаво) — поранешен нигериски фудбалер и тренер, кој во својота активна играчка кариера настапувал во средниот ред.

Сандеј Олисех
Лични податоци
Роден на 14 септември 1974(1974-09-14)(49 г.)
Роден во Абаво, Нигерија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2006 (31 година)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1990 Џулијус Бергер
1990-1994 РФК Лиеж РФК Лиеж 75 (3)
1994-1995 Реџана Реџана 29 (1)
1995-1997 Келн Келн 54 (4)
1997-1999 Ајакс Ајакс 54 (8)
1999-2000 Јувентус Јувентус 8 (0)
2000-2004 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 53 (1)
2003-2004 Бохум 32 (1)
2005-2006 Генк Генк 16 (0)
Репрезентација
1993-2002 Нигерија Нигерија 63 (4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

По една професионална сезона во Нигерија, во која играл за тамошниот тим Џулијус Бергер, во 1990 година Олисех се преселил во Европа каде играл за белгискиот прволигаш РФЦ Лиеж. Во последните две сезони во клубот Олисех бил стандарден првотимец и имал значајна улога во перформансите на клубот. Колку Олисех бил бажен за РФЦ Лиеж говори и фактот дека во сезоната 1994-95 кога тој си заминал и потпишал за италијанската Реџана, клубот испаднал од првата белгиска лигата. Олисех играл редовно и во Серија А, настапил на 29 (од вкупно 34) натпревари и постигнал еден гол за Реџана, но бидејќи клубот неуспеал да обезбеди опстанок по само една сезона го напуштил и се преселил во германскиот Келн, а од таму во Ајакс.

Како фудбалер на Ајакс, Олисех ги доживеал најголемите успеси во својата кариера освојувајќи три трофеи во две сезони, триумфирајќи во: холандското првенство во сезоната 1997–98 и во КНВБ Купот две сезони по ред во 1997-98 и 1998-99. Утврдувајќи се како квалитетен внатрешен играч од средината на теренот со одлична физичка сила и добра техника во летото 1999 година го привлекол вниманието на Јувентус. Трансферот на Олисех во торинскиот клуб бил комплетиран во јули и тој повторно се вратил во Серија А, но овојпат во многу поквалитетен тим во однос на претходно. Своето деби во лигата за Јувентус го имал во првото коло од сезоната против Реџина во ремито 1-1. Во продолжение од првенството Олисех неиграл многу и завршил со само 8 првенствени настапи, па незадоволен од тоа се преселил во редовите на Борусија Дортмунд. Во неговата втора сезона со тимот успеал да освои уште еден важен трофеј во неговата кариера освојувајќи ја Бундеслигата. Во март 2004 година тој бил отпуштен од Дортмунд заради удирање на соиграчот Вахид Хашемијан, додека настапувал како позајмен во тимот на Бохум.

Во 2005 година потпишал за Генк, но по само една полусезона во клубот, во јануари 2006 година објавил крај на својата професионална кариера.

Репрезентативна кариера уреди

Олисех одиграл вкупно 63 натпревари за репрезентацијата на Нигерија и постигнал 4 гола. Тој учествувал и на две Светски првенства во 1994 и 1998. Неговиот најпознат гол во репрезентацијата е веројатно оној за победа над Шпанија со 3-2 на Светското првенство 1998, постигнат со прекрасен волеј-удар од дваесеттина метри.[1]

Тој исто така има освоено златен медал со репрезентацијата на Нигерија на Летните олимписки игри 1996 година во Атланта.

Титули уреди

  Ајакс уреди

  Борусија Дортмунд уреди

  Нигерија уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. http://sportsillustrated.cnn.com/soccer/world/events/1998/worldcup/news/1998/06/13/nigeria_second/ Архивирано на 10 јули 2012 г. Голот на Олисех и донесе победа на Нигерија над Шпанија со 3-2