Саксонска Шума (германски: Sachsenwald) — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн.

Саксонска Шума
Sachsenwald
Местоположба на Саксонската Шума
во округот Војводство Лауенбург,
светлоцрвената е општинската заедница Хое Елбгест
Слободна област
Местоположба: источно од Хамбург
Покраина: Шлезвиг-Холштајн
Округ: Војводство Лауенбург
Општ. заедница: Хое Елбгест
Површина: 58,49 км2
Население: официјално ненаселена
Поштенски број: 21521
Повикувачки број: 04104
Администрација: Рупрехт фон Хаген
Am Schloßteich 1
21521 Фридрихсру
Мрежно место: Sachsenwald.de
Делови: 3 подрачја
Шварце Ау источно од Штангентајх
Биле во северниот дел на Саксонската Шума кај Вицхафе

Географија уреди

Саксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област.

Саксонската Шума поделена е на три подрачја:

  • Аумиле
  • Волторф
  • Штангентајх

На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени.

Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.[1]

Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау.

Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област.

Површина уреди

Областа се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:[2]

Површина
31 декември 2004
Хектари Проценти
Шума 5.490 93,9
Земјоделска површина 145 2,5
Мор 6 0,1
Сообраќајни површини 22 0,4
Патишта 132 2,3
Градби 1 0,0
Слободна површина 1 0,0
Претпријатија 8 0,1
Водотеци 23 0,4
Без употреба 16 0,3
Вкупно 5.849 100,0

Сообраќај уреди

Патен уреди

Саксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:

Железнички уреди

  • Низ областа поминува линијата Хамбург-Шверин-Росток во насока исток-запад, на која сообраќа регионалниот воз Р20. Блиски постојки се Аумиле, Фридрихсру и Шварценбек.
  • Линијата С21 на хамбуршката С-Железница завршува на постојката Аумиле.

Знаменитости уреди

  • Замок Фридрихсру со музеј и мавзолеј на Бизмарк (замокот не е јавен)
  • Градина на пеперутки во Фридрихсру (отворен цела година)
  • Клетергартен
  • Фондација Ото фон Бизмарк во железничката станица на Фридрихсру

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Координати: 53°32′N 10°22′E / 53.533° СГШ; 10.367° ИГД / 53.533; 10.367