Савџи-бег

(Пренасочено од Савчи Бег)

Савџи-бег — османлиски принц кој учествувал во заеднички бунт со визанрискиот принц Андроник против нивните татковци во 1370-тите. Савџи бил син на Мурат I. Според османлиската традиција, сите кнезови или шехзаде биле провинциски управители, а тој управувал со Бурса кој бил втор по важност главен град по Одрин.

Савџи-бег
Роден 1362
Бурса, Отоманско Царство
Починал 1385
Бурса, Отоманско Царство
Занимање османлиски принц (шехзаде)
Татко Мурат I

Граѓанска војна уреди

Кога отоманските Турци го освоиле Едрене или Адријанопол, византискиот цар Јован V Палеолог апелирал до Западот за помош. Но, тој бил уапсен во Венеција. Неговиот син Андроник, подоцна Андроник IV Палеолог одбил да плати откуп па Јован морал да се откаже од островот Тенедос по кое бил пуштен на слобода. По овој настан, Јован како свој престолонаследник го ставил неговиот помплад син Мануел, подоцна Мануел II Палеолог.

Во 1371 година, Јован морал да се признае како вазал на османлискиот султан Мурат I, а Византија во тоа време опфаќала територии околу Цариград, Солун и мал дел од денешна Грција. Во 1373 година Јован и Мурат започнале војна против своите синови. Савџи-бег бил најмлад од синовите на Мурат и знаел дека шансите да стапи на престолот се минимални[1].

Една кратка хроника од 1377 година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Цариград бегајќи од сопствениот татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно подигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол „сојуз на нечестта“, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот цар[2].

Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на Отоманците тие успеале да влезат во Цариград и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполе и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, царот му платил и огромен данок.

Наводи уреди

  1. Nicolae Jorga: Geschiste des Osmanichen vol I, (trans: Nilüfer Epçeli) Yeditepe Yayınları, 2009, ISBN 975-6480-18-1, p 235
  2. Lord Kinross: The Ottoman Centuries, (Trans. by Nilifer Epçeli) Altın Kitaplar, İstanbul,2008, ISBN 978-975-21-0955-1 p.49