Савуанско Море

море

Савуанско Море (италијански: Laut Sawu) — помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на исток со островите Роти и Тимор (поделен на Источен Тимор и Индонезија), на север и северозапад со Флорес и Алорскиот Архипелаг, а на запад и северозапад со островот Сумба. Помеѓу овие острови на југ и запад морето преоѓа во Индискиот Океан, на север во Флореското Море, а на североисток во Бандското Море.

Савуанско Море
Laut Sawu
Савуанското Море во рамките на Југоисточна Азија
ПодрачјеЈугоисточна Азија
Видморе
Етимологијаостровот Саву
Дел одИндиски Океан
Сливни земјиИсточен Тимор, Индонезија
Населени местаКупанг

Достигнува длабочина до 3.500 м, а се протега 600 км од запад кон исток, и 200 км од север кон југ. Најголем град на неговите брегови е Купанг (450.000 жит.), главен град на покраината Источни Мали Сундски Острови сместен на островот Тимор.

Опфат уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Савуанското Море е една од водните површини на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:[1]

На север. По јужната граница на Флореското Море [северниот брег на Флорес, Комодо, Банта и линија до ’ртот Нару, североисточниопт крај на Сумбава, а оттаму по северниот брег до ’ртот Сарокџаја (8°22′S 117°10′E / 8.367° ЈГШ; 117.167° ИГД / -8.367; 117.167)] и Бандското Море [125° ИГД ... [на] Алор, а оттаму околу источниот крај, па долж северниот брег на островите Алор, Пантар, Лембата и Адонара, па од спротива до северниот крај на Флорескиот Проток до ’ртот Сербете на источниот крај на Флорес].

На исток. По меридијанот 125° ИГД меѓу Алор и Тимор.

На југ. По линија од југозападниот крај на Тимор до североисточниот крај на Роти, преку овој остров до неговиот југозападен завршеток, а оттаму по линија до Пулу Дана (10°49′S 121°17′E / 10.817° ЈГШ; 121.283° ИГД / -10.817; 121.283) и до ’ртот Нгунџу, јужниот крај на Сумба и низ овој остров до ’ртот Каросо, неговиот западен завршеток.

На запад. Линија од ’ртот Каросо (Сумба) до Торо Доро (8°53′S 118°30′E / 8.883° ЈГШ; 118.500° ИГД / -8.883; 118.500) на јужниот брег на Сумбава.

Наводи уреди

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 February 2010. (англиски)

9°45′S 122°00′E / 9.750° ЈГШ; 122.000° ИГД / -9.750; 122.000