Сава центар (официјално ЈП Сава центар) е конгресен, културен и деловен центар наменет за различни мултифункционални активности, сместен во главниот град на Србија, Белград. Има сала за публика која е најголема во целата земја, како и во поранешна Југославија. На тендерот што го објавил градот Белград, „Делта холдинг “ од 9 ноември 2020 година ќе ја преземе сопственоста на „Сава центар“ за 17,5 милиони евра.

Сава центар
Лого на Сава центар
Поглед на Сава центар од улица во 2008 година
Карта
Општи податоци
ВидКонгрес центар
АдресаМилентије Поповиќ 9.
ГрадНов Белград, Белград
ЗемјаСрбија Србија
Координати44°48′32″N 20°25′52″E / 44.80889° СГШ; 20.43111° ИГД / 44.80889; 20.43111
Почната1976 година
Отворена1979; пред 45 години (1979)
Проектирање и изградба
АрхитектСтојан Максимовиќ
Наводи
Сава центар
Панорамска фотографија од Сава Центар.

Историја уреди

Изградбата на Сава центар траела три години, од 1976 година до 1979 година. Бил изграден по замисла на архитектот Стојан Максимовиќ, кој бил и шеф на конструктивниот тим. Работите морале да се забрзаат надвор од предвидениот рок, поради веќе закажаниот годишен состанок на Меѓународниот монетарен фонд, кој требал да се одржи во Сава центар, што предизвикало до откажување од планот главната сала да има ротирачка сцена.

Салата свечено ја отворил претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, на 15 мај 1977 година, а следната 1978 година таму се одржал XI Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија.

Димензии уреди

Сава центарот има употреблив простор 69.300 m2 и 100.000 m2 вкупен простор, вклучувајќи концертна сала со 3.672 седишта, 15 конференциски сали, изложбен простор, како и бројни други објекти. Годишно е домаќин на повеќе од половина милион посетители.

Паркинг простор уреди

Реновираниот паркинг простор на Сава Центар e отворен на 16 август 2006 година и сега има капацитет од 410 паркинг места.

Настани уреди

Сава центар е домаќин на многу важни меѓународни конгреси и собири, како што се: ОБСЕ, Годишни состаноци на ММФ и Светска банка, 55-то годишно Генерално собрание на Интерпол, 6. УНКТАД, Генерално собрание на УНЕСКО, ФОРЕКС, ФИСИТ, 9. Самит на неврзаните.

Сава центар, исто така, е домаќин на многу значајни уметнички програми и е домаќин на големи уметници, како што се: Лучано Павароти, Пласидо Доминго, Монсерат Кабаље, Мајлс Дејвис, Хенрик Шеринг, Би Би Кинг, Зубин Мета, Владимир Ашкенази, Оркестарот Јохан Штраус, Московскиот филхармониски оркестар, Оказу филхармонискиот оркестар и многу други. Исто така, е домаќин на изборот за Мис на Србија, како и изборни фестивали за учество на Изборот за песна на Евровизија, наречени Беовизија и Европесма, и е идеен креатор, иницијатор и организатор на традиционалниот летен фестивал (Summertime festival). Од 2001 година, Сава Центар е домаќин на концертот на Мирослав Илиќ, кој е најголем од годишните концерти во народната музика.

 
Сава центар сликан во цилиндрична перспектива

Наводи уреди