Ругуновец

гратче во Бојмија, Егејска Македонија

Ругуновец (Карасуле или Кара Суле; грчки: Πολύκαστρο, Поликастро; до 1928 г. Καρασούλι, Карасули[2]) — гратче во Гевгелиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 7.064 жители (2011).

Ругуновец
Πολύκαστρο
Споменик во Ругуновец
Споменик во Ругуновец
Ругуновец is located in Грција
Ругуновец
Ругуновец
Местоположба во областа
Ругуновец во рамките на Пајонија (општина)
Ругуновец
Местоположба на Ругуновец во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.43′N 22°34.17′E / 40.99050° СГШ; 22.56950° ИГД / 40.99050; 22.56950Координати: 40°59.43′N 22°34.17′E / 40.99050° СГШ; 22.56950° ИГД / 40.99050; 22.56950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно7.064
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61200
Повик. бр.23430

Географија уреди

Гратчето е сместено во област Бојмија, на левиот брег на реката Вардар[3] спроти Бојмица. Оддалечено е 17 км од државната граница со Р. Македонија и лежи 52 км северно од Солун .

Широк поглед на Ругуновец од југ.

Историја уреди

Во недалечната месност Тава е откриена населба од далечното минато, која во 1994 г. е прогласена за заштитен археолошки споменик.[4]

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Ругуновец било македонско село во Гевгелиската каза.

Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на Македонската револуционерна организација.[5] Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[6].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ругуновец се состоел од 340 жители Македонци, 200 Турци, 12 Черкези и 55 Роми.[7][8] На почетокот на векот турското име почнало да го истиснува традиционалното македонско.

На почетокот на XX век во Ругуновец работеле две странски пропаганди — бугарската и грчката. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Кара Суле имало 312 Македонци под егзархијата и 144 Македонци под Цариградската патријаршија, 30 Роми и работело бугарско училиште.[9] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ го завел со 80 македонски, 35 турски и 12 ромски куќи.[3]

Во Грција уреди

 
Британски воени гробишта во Ругуновец.

Селото силно настрадало во Втората балканска војна (1913) и речиси половината од македонското население морало да се исели за да се спаси од грчката војска. На пописот таа година населението се смалило на 458 жители,[3] а селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1914 г. огромен број од Македонците се иселиле во Бугарија под притисок на грчките власти, па на пописот во 1920 г. се забележани 322 жители. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турските жители на Ругоновец се иселени во Турција, а на нивно се доведени Грци од Мала Азија, Понд и Источна Тракија, како и Каракачани од Бугарија. Селото го напуштиле уште 71 Македонец (селејќи се исто така во Бугарија), така што во Ругуновец останале сосема мал број македонски семејства.[3] Поради бројните грчки доселеници, во 1928 г. Ругуновец имал 1.880 жители, од кои 1.363 биле грчки дојденци (392 семејства).[10] Истата година името му е сменето во Поликастро.

Во 1940 г. селото броело 2.800 жители. По Втората светска војна Ругуновец прераснал во гратче благодарение на делумното пресушување на Аматовското Езеро во 1934 г. со кое се добиле големи плодни површини и се искоренила маларијата. Поради овие поволни услови, во следните периоди гратчето продолжило да расте, со 3.085 во 1951, 3.821 во 1961 и 5.279 во 1971 г.[3] Растот продолжил и понатаму, со 5.635 жители во 1.981 и 5.260 во 1991 г.[3] Подемот се засилил на почетокот на следниов век, бележејќи 6.485 во 2001 и 7.064 лица во 2011 г.

Ругуновец е збратимен со градот Бјала, Бугарија, каде живеат Македонците од Бојмија.[11]

Месности во Ругуновец преименувани со указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Арџански Колиби[12] Άρτζά Καλύβια Каливија Καλύβια[13] месност на ЈИ од Ругуновец[12]
Вардина Βάρδινα Гонимо Γόνιμο[13]
Стари Караули[12] Παλ. Καραούλι Мелија Μέλια[13] месност на ЮИ од Ругуновец, на С од железничката станица[12]
Тема[12] Τέμα Стема Στέμμα[13] месност на ЈИ од Ругуновец и на ЈЗ од Нова Кавала[12]
Арџанско Езеро[12] Λίμνη Άρτζέν Лимни Λίμνη[13] месност на местото на поранешното Арџанско езеро на И од Ругуновец и на С од Нова Кавала[12]
Арнаут Таш[12] Άρναούτ Τάς Врахаки Βραχάκι[13] возвишение на ЈИ од Ореовица и на ЈЗ од Спанчово[12]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2.800 3.085 3.821 5.279 5.635 5.260 6.485 7.064
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Поради големото и плодно земјиште, во Ругуновец се произведува многу квалитетен памук, жито и бостан. Развиена е и преработувачката индустрија, чии производи одат за извоз.[3]

Знамеитости уреди

Личности уреди

 
Иван Карасулијата

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρασούλι -- Πολύκαστρον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/48773/2566/7-10-1994 - ΦΕΚ 844/Β/14-11-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 29 јуни 2018.
  5. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 9549514560
  6. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 194-195.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. Портал на Општина Бјала (бугарски)
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1048. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски уреди