Рој Глаубер (1 септември 1925) — американски теориски физичар. Тоје е Малинкрот професор по физика при Харвард и Adjunct Professor по оптички науки при Аризонскиот универзитет. Роден е во Њујорк, и бил награден со половина од Нобеловата награда за физика „за неговиот придонес во квантната теорија оптичката кохеренција“, со Џон Хал и Теодор Хенш. Во неговиот труд, објавен во 1963 година, тој создал модел за фотодетекција и ги објасниле основните одлики на различните видови на светлина, како што се ласерска светлина (погледајте кохерентна состојба) и светлината од светилките (погледајте црно тело). Неговите теории се во широка употреба во полето на квантната оптика.

Рој Глаубер
Роден(а)1 септември 1925(1925-09-01)(98 г.)
Њујорк, САД
ЖивеалиштеСАД
Националностамериканец
Полињатеориска физика
УстановиХарвард
ОбразованиеХарвард
Докторски менторЏулијан Швингер
ДокторандиДаниел Франк Волс
Познат поИзумување на квантната оптика
Поважни наградиНобелова награда за физика (2005)
Хајнеманова награда (1996)
Мајкелсонов медал (1985)
СопружникСинтија Рич (1933-, разведен, 2 деца)

Животопис уреди

Галубер е роден во 1925 година во Њујорк. Завршил средно училиште во Бронкс во 1941 година, и образованието го продолжил на Харвард. Во завршната година на образованието бил избран да работи на проектот Менхетен, каде (на возраст од 18 години) тој бил еден од најмладите научници при лабораторијата Лос Аламос. Неговата работа за пресметување на критичната маса за атомската бомба. По две години поминати на Лос Аламос, тој се вратил на Харвард, каде ја стекнува својата диплома во 1946 година и неговиот докторат во 1949.

Глаубер примил многу почести и награди за својата работа, меѓу кои се Мајкелсонов медал од Френклиновиот институт во Филаделфија (1985),[1] Макс Борновата награда од Оптичко друштво на Америка (1985), Дени Хајнеманова награда за математичка физика од Американското физичко друштво (1996), и во 2005 година ја добил Нобеловата награда за физика. На 22 април 2008 година, професорот Глаубер бил награден со златен медал CSIC на церемонијата која се одржала во Мадрид Шпанија.[2]

Тој денес живее во Арлингтон, Масачусетс, студентите од Харвард со ентузијазам ги проследуваат неговите предавања. Глаубер има ќерка и син и пет внуци.

Неодамнешна работа уреди

Неодамнешното истражување на Глаубер се занимава со бројни проблеми во областа на квантната оптика, поле кое, е доста широко, и се занимаво со проучување на квантноелектродинамичките заемодејства на светлината и материјата. Исто така се занимава и со неколку теми од високенергетските судири, вклучувајќи ги тука хадронските судири, и статистичките односи на честичките добиени при тие високоенергетски реакции.

Специфични теми на неговото истражување се: квантномеханичкото однесување на брановите пакети, заемодејствата на светлината и заробените јони, атомското броење-статистичките својствана слободните атомски зраци и нивното мерење, алгебарски методи за справување со фермионската статистика кохеренцијата и соодносите на бозонските атоми во близина на Бозе–Ајнштајнова кондензација, теоријата напостојано следено броење на фотоните continuously monitored photon и неговото дејство со светлосните извори, основната природа на „квантните скокови“, резонантен пренос на честичлките создадени при високоенергетски судири, многуделниот дифракционен модел на расејувањето на протон-протон и протон-антипротон.

ИгНобелова награда уреди

Многу години пред да ја довие Нобеловата награда, Глаубер бил познат нашироко на публиката присутна на ИгНобеловата награда, каде тој се поклонувал секоја година како „Чувар на метлата,“ чистејќи ја сцената од книжните авиони кои традиционално се фрлаат за време на церемонијата. Тој го пропуштил настанот во 2005 година, зашто, во тој период ја добил Нобеловата награда за физика.

Дела на Глаубер уреди

  • R. J. Glauber, Квантна теорија за оптичка кохеренција. Избрани дела и предавања, Wiley-VCH, Weinheim 2007. (A collection of reprints of Glauber's most important papers from 1963 to 1999, selected by the author.)

Наводи уреди

  1. „Franklin Laureate Database - Albert A. Michelson Medal Laureates“. Franklin Institute. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на June 16, 2011.
  2. „Nota informativa acto de entrega de la medalla de Oro del CSIC al profesor Roy J. Glauber“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-30. Посетено на 2008-04-23.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: