Роуд Таун

главен град на Британските Девствени Острови

Роуд Таун (англиски: Road Town) — главен град на Британските Девствени Острови. Сместен е на островот Тортола, крај потковичестиот залив Роуд во средината на неговиот јужен брег. Населението брои 12.603 жители (2012).[1]

Роуд Таун
Road Town
град
Поглед на Роуд Таун
Поглед на Роуд Таун
Карта

Местоположба на Роуд Таун
Земја Обединето Кралство
Прекум. територија Британски Девствени Острови
ОстровТортола
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2012)[1]
 • Вкупно12.603
Пошт. бр.VG1110

Името „Роуд Таун“ доаѓа од англискиот поморски поим the roads (денес roadstead) што значи „сидриште“,[2] односно место погодно за закотвување кое сепак не е засолнето во самиот залив. Градот денес е важен центар на туристичката пловидба под наем[3][4] благодарение на мелиорацијата на 28 ха земјиште и изградбата на марина. Ова подрачје, наречено „Викамс Кеј“,[5] е најновиот дел од градот и претставува управен и трговски центар на Британските Девствени Острови. Најстара градба во градот е затворот, изграден во 1774 г.[6]

Во градот се забележливи две одбранбени тврдини кои го штителе градот во минатото; тие се Берт на западниот и Џорџ на источниот крај.

Клима уреди

Британските Девствени Острови се одликуваат со тропска клима, ублажена од пасати и мошне мали температурни разлики во текот на годината. Роуд Таун има средна висока температура од 32 °C лете, а 29 °C зиме, а ниската се движи од 24 °C на лето до 21 °C преку зимата. Просечните годишни врнежи изнесуваат 1.150 мм, повеќе на ридовите, а помалку крај брегот. Најврнежлив дел од годината е периодот од септември до ноември, а најсуви се февруари и март. Повремено островите ги погодуваат урагани, чија сезона трае од јуни до ноември.

Сообраќај и туризам уреди

Роуд Таун е едно од главните места за најмување на одморалишни едреници на Карибите. Пристаништето го посетуваат и патнички крстосувачи. Во северозападниот крај на градот е траектниот терминал, од каде поаѓаат бројни пловила што водат до другите острови.

Градот го опслужува и едиствениот аеродром на островите, наречен „Теранс Б. Летсам“ (IATA: EIS, ICAO: TUPJ), сместен на Говедскиот Остров недалеку од него.[7] Тука се опслужуваат само покусите летови, додека пак прекуокеанските се одвиваат од аеродромот „Сирил Е. Кинг“ на Американските Девствени Острови (IATA: STT ICAO: TIST).

Автобусите низ градот и целиот остров Тортола се впрочем поголеми патнички комбиња и прилагодени камионети со клупи и платнен покрив, наречени „сафари“. Уживаат популарност како поевтина алтернатива на такси-превозот.

Историја уреди

На 1 август 1834 г. е укинато ропството на овие острови. Во 1853 г. речиси целиот град е уништен во голем пожар, предизвикан населението кое се побунило против накачувањето на сточните давачки. Бунтовниците потоа ги изгореле речиси сите плантажи на островот.

На 4 септември 2017 г. островот го погодил катастрофалниот ураган Ирма кој со својата огромна моќ (најголема во историјата) го разорил градот и предизвикал поголем број жртви.[8]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „World Gazetteer“. Архивирано од изворникот на 9 February 2013.
  2. roadstead — Англиско-македонски речик, офф.нет
  3. „404“. www.cruising.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2019-09-01.
  4. John M Bryden. Tourism and Development: a case study of the Commonwealth Caribbean. стр. 151.
  5. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 8 May 2011. Посетено на 2010-02-03.
  6. „A Visit to HM Prison – The Welcome Guide to the British Virgin Islands“. www.bviwelcome.com. Архивирано од изворникот на 2020-02-16. Посетено на 2019-09-01.
  7. „Airport & Transportation in the British Virgin Islands“. b-v-i.com.[мртва врска]
  8. „Hurricane Irma: Damage mapped“. BBC News. 2017-09-12. Посетено на 2018-05-30.

Надворешни врски уреди

18°25′53″N 64°37′23″W / 18.4313° СГШ; 64.6230° ЗГД / 18.4313; -64.6230