Розети (зоологија)

Розети се мотиви во форма на роза кои ги среќаваме на крзното на некои животни како леопардот, јагуарот и други видови големи мачки. Овие комплексни формации имаат улога во камуфлирањето на животното во густите џунгли и шуми. Кога овие животни ловат, розетите симулираат различни движења на сенките помеѓу растителноста што им помага на овие мачки да не бидат забележани од пленот. Розетите често се собрани во група околу други точки или дамки кои се наоѓаат на крзното.

Розети на крзното на јагуарот

И јагурите и леопардите имаат розети. Главна разлика меѓу крзната на овие два вида е тоа што јагуарот има точка во центарот на повеќето розети, што не е случај со леопардот.