Оваа статија е за грчкиот остров Родос. За други употреби видете Родос (појаснување).

Родос (грчки: Ρόδος) — најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население. Административно островот формира посебна општина во рамките на регионалната единица Родос, која е дел од Административниот регион Јужен Егеј. Главен град на островот и седиште на општината е Родос[1] . Градот Родос имал 50.636 жители во 2011 година. Островот се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолскиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот[2].

Родос
Ρόδος
Остров и Општина
Палатата на Големиот Мајстор на Болничарите
Палатата на Големиот Мајстор на Болничарите
Знаме на РодосАмблем на Родос
Амблем
Земја Грција
Област Јужен Егеј
ОкругРодос
Најг. вис.&100000000000012160000001.216 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)
 • Вкупно115.490
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код851 00
Телефон2241, 2244, 2246
Мреж. местоrhodes.gr
General view of the village of Lindos, with the acropolis and the beaches, island of Rhodes, Greece.
Општ поглед на селото Линдос, со акропол и плажа, остров Родос, Грција

Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот, едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички одредишта во Европа[3][4][5][6]. Името на американската држава Род Ајленд се заснова од овој остров.

Име уреди

Островот е познат како Ρόδος на грчки јазик во текот на целата историја. Покрај тоа, островот е познат како Роди на италијански, Родос на турски, и Роди или Родес во ладино.

Патувањата на Сер Џон Мандивил погрешно известуваат дека Родос порано бил наречен „Колос“, главно поради Колосот на Родос и Посланието на Павле до Колосјаните, што се однесува на античкиот град Колосе[7].

Името на островот може да се добие од ерод, кое на феникиски значи змија, бидејќи островот бил нападнат од змии во антиката[8].

Географија уреди

 
Топографска карта
 
Планина Акрамити

Островот Родос има облик на копје. Островот е долг 79,7 километри и широк 38 километри со вкупна површина од околу 1.400 квадратни километри и крајбрежје од околу 220 километри. Варовникот е главна седиментна карпа која се среќава на островот[9]. Градот Родос е сместен на северниот дел од островот, како и античките и модерни комерцијални пристаништа. Главната воздушна порта (Меѓународниот аеродром Дијагора) се наоѓа на 14 километри југозападно од градот во Парадиси. Патната мрежа е распространета од градот долж источниот и западниот брег.

Надвор од градот Родос, островот е полн со мали села и спа-центри, меѓу кои и Фалираки, Линдос, Кремасти, Хараки, Пефкос, Архангелос, Афанту, Иксија, Коскиноу, Ембона, Парадиси и Тријанта. Родос има изворска вода богата со минерали (а понекогаш и морска вода) која се користи за лековити бањи, а бањските одморалишта нудат различни здравствени третмани.

Родос се наоѓа 363 км исток-југоисток од грчкото копно, и 18 км од јужниот брег на Турција.

Флора уреди

Внатрешноста на островот е планинска, ретко населена и опфатена со борови шуми и чемпрес. Додека бреговите се карпести, островот има обработливи површини на земјиште каде што се одгледуваат агруми, винско грозје, зеленчук, маслинки и други култури.

Фауна уреди

Во 2005 било докажано дека елените се застрашени од исчезнување[10]. Во долината Петалудес (во превод „долина на пеперутките“), во текот на летните месеци се собираат голем број молци. Планината Атавирос, со 1216 метри е највисоката точка на островот.

Земјотреси уреди

Посилни земјотреси на островот се случиле во 226 п.н.е., кој го уништил Колосот на Родос, на 3 мај 1481 година, кој уништил голем дел од градот Родос[11] и на 26 јуни 1926 година[12].

На 15 јули 2008 година, Родос бил погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени, предизвикувајќи мало оштетување на неколку стари згради и еден смртен случај[13].

Клима уреди

Родос има средоземна клима.

Климатски податоци за Родос
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 22.0
(71.6)
22.0
(71.6)
27.4
(81.3)
30.6
(87.1)
34.8
(94.6)
36.2
(97.2)
39.0
(102.2)
41.2
(106.2)
35.4
(95.7)
33.2
(91.8)
28.4
(83.1)
22.8
(73)
41.2
(106.2)
Прос. висока °C (°F) 15.1
(59.2)
15.2
(59.4)
16.8
(62.2)
20.0
(68)
24.2
(75.6)
28.4
(83.1)
30.5
(86.9)
30.7
(87.3)
28.2
(82.8)
24.5
(76.1)
20.1
(68.2)
16.6
(61.9)
22.52
(72.56)
Сред. дневна °C (°F) 12.0
(53.6)
12.0
(53.6)
13.5
(56.3)
16.3
(61.3)
20.0
(68)
24.2
(75.6)
26.4
(79.5)
26.7
(80.1)
24.4
(75.9)
20.7
(69.3)
16.7
(62.1)
13.5
(56.3)
18.87
(65.97)
Прос. ниска °C (°F) 8.8
(47.8)
8.8
(47.8)
10.1
(50.2)
12.5
(54.5)
15.8
(60.4)
19.9
(67.8)
22.3
(72.1)
22.7
(72.9)
20.5
(68.9)
16.9
(62.4)
13.2
(55.8)
10.4
(50.7)
15.16
(59.28)
Најниска забележана °C (°F) −4.0
(24.8)
−1.6
(29.1)
0.2
(32.4)
5.2
(41.4)
8.6
(47.5)
12.6
(54.7)
16.8
(62.2)
17.0
(62.6)
10.6
(51.1)
7.2
(45)
2.4
(36.3)
1.2
(34.2)
−4.0
(24.8)
Прос. дожд мм (ин) 149.6
(5.89)
105.7
(4.161)
75.6
(2.976)
27.8
(1.094)
18.6
(0.732)
2.3
(0.091)
0.4
(0.016)
0.2
(0.008)
5.8
(0.228)
65.5
(2.579)
94.1
(3.705)
157.4
(6.197)
703
(27.677)
Прос. бр. дождливи денови 15.5 12.7 10.5 7.6 4.6 1.2 0.2 0.1 1.5 6.7 9.5 15.4 85.5
Прос. релативна влажност (%) 70.1 69.1 68.7 66.5 64.4 58.5 57.6 59.9 61.4 67.5 71.4 72.4 65.62
Сред. бр. сончеви часови дневно 5.0 6.0 7.0 9.0 11.0 13.0 14.0 13.0 11.0 8.0 6.0 5.0 9
Можен удел на сончевост 50 55 58 69 79 87 100 100 92 73 60 50 72.8
Извор бр. 1: Hellinic National Meteorological Service [14]
Извор бр. 2: NOAA (Record temperature),[15] Weather Atlas (sunshine data)[16]
Климатски податоци за Родос
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јуни Јули Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Просечна температура на морето °C (°F) 17.9
(64.2)
17.0
(62.6)
17.1
(62.8)
17.6
(63.7)
20.1
(68.2)
23.4
(74.1)
25.9
(78.6)
27.2
(81.0)
26.7
(80.1)
23.8
(74.8)
20.9
(69.6)
18.8
(65.8)
21.4
(70.5)
Средно дневно време 10.0 11.0 12.0 13.0 14.0 15.0 14.0 13.0 12.0 11.0 10.0 10.0 12.1
Просечен ултравиолетов индекс 2 3 5 7 8 10 10 9 7 5 3 2 5.9
Извор: Weather Atlas [16]
 
Плажа на Родос
 
Село во Родос

Историја уреди

Праисторија уреди

 
Микенско ланче пронајдено во Катавија
 
Сребрена драхма на Родос, 88/42 п.н.е..
 
Храмот на Аполон

Островот бил населен во неолитскиот период, иако има малку остатоци од таа култура.

Минојски период уреди

Во 16 век п.н.е., Минојците дошле на Родос. Подоцна старогрчката митологија се присетува на племенската раса наречена Телхини и го поврзува островот Родос со Данај.

Микенски период уреди

Во 15 век п.н.е., Микенските Грци извршиле инвазија на островот. По крајот на бронзеното време, првите обновени надворешни контакти на островот биле со Кипар[17].

Хомер споменува дека Родос учествувал во Тројанската војна под водство на Тлеполем[18].

Архаичен период уреди

Во 8 век п.н.е., населбите на островот започнале да се формираат, со доаѓањето на Дорците, кои ги изградиле трите значајни градови Линдос, Јалисос и Камеирос, кои заедно со Кос, Книд и Халикарнас (на копното) го сочинувале т.н. Дориски хексаполис (грчки јазик за шест градови).

Островот е роден од сојузот на Хелиј, богот на сонцето и нимфата Рода, а градовите биле именувани за нивните три сина. Рода е розов хибискус на островот. Диодор Сицилиски напишал дека Актис, еден од синовите на Хелиј и Рода, отпатувал во Египет. Тој го изградил градот Хелиополис и ја подучувал астрологијата на Египќаните[19].

Класичен период уреди

Персијците го нападнале и го зазеле островот, но тие биле повторно поразени од силите од Атина во 478 п.н.е. Градовите од Родос се приклучиле кон Атинската лига. Кога започнала Пелопонеската војна во 431 п.н.е., Родос останал во голема мера неутрален, иако останал член на Лигата. Војната траела до 404 п.н.е., но во тоа време Родос целосно се повлекол од конфликтот и одлучил да си оди по својот пат.

Во 408 п.н.е., градовите се обединиле, формирајќи една територија. Тие го изградиле градот Родос, нов град на северниот крај на островот. Нејзиниот редовен план, според Страбон, бил надминат од атинскиот архитект Хиподам.

Во 357 п.н.е., островот бил освоен од царот Маусол од Карија, а потоа повторно паднал под Персијците во 340 п.н.е. Нивното владеење било исто така кратко.

Хеленистички период уреди

 
Колосот

По смртта на Александар, неговите генерали се бореле за контрола на царството. Три од нив, Птоломеј I Сотер, Селевк I Победникот и Антигон I Едноокиот успеале да го поделат царството меѓу себе. Родос формирал силни комерцијални и културни врски со Птоломејците во Александрија и заедно ја формирале родо-египетската алијанса која ја контролирала трговијата низ Егејот во 3 век п.н.е.

Градот се развил во поморски, трговски и културен центар. Неговите монети циркулирале речиси насекаде во Медитеранот. Неговите познати школи за филозофија, наука, литература и реторика ги споделувале мајсторите со Александрија: атинскиот реторичар Есхин, кој формирал училиште на Родос, Аполониј од Родос[20], набљудувањата и делата на астрономите Хипарх и Геминус, реторичарот Дионисиј Тракс. Неговото училиште за вајари, развило богат, драматичен стил кој може да се окарактеризира како „хеленистички барок“. Агесандер, со два други вајари, ја направиле познатата т.н. Лаоконска група, која денес се наоѓа во Ватиканските музеи.

Во 305 п.н.е., Деметриј I започнал опсада на Родос, во обид да го прекине сојузот со Египет. Тој создал огромни опсадни апарати, вклучувајќи ударен овен и опсадна кула. И покрај тоа, во 304 п.н.е., по само една година, тој попуштил и потпишал мировен договор, оставајќи го зад себе огромниот број воена опрема. Властите на Родос ја продале опремата и ги искористиле парите за да изградат статуа на нивниот бог на сонце, Хелиј, статуата што е позната како Колосот на Родос.

Во текот на 3 век п.н.е., Родос се обидел да ја обезбеди својата независност и на својата трговија, особено околу неговата виртуелна контрола врз трговијата со жито во источниот Медитеран. И двете од овие цели биле зависни од ниту една од трите големи хеленистички држави кои доминираа, па затоа Родос продолжил со политика за одржување на рамнотежа помеѓу Птоломеј I Сотер, Селевк I Победникот и Антигон I Едноокиот, дури и ако тоа значело дека ќе војува со нејзиниот традиционален сојузник Египет. За таа цел тие вработиле голем број на работници за изградба на своја морнарица. Исто така ја оформиле и својата доминација на брегот на Карија кој се наоѓа наспроти Родос.

Родос успешно ја спровел оваа политика во текот на третиот век п.н.е., импресивно достигнување за она што во суштина претставувал демократска држава. Меѓутоа, до крајот на тој период, рамнотежата на моќта започнала да се распаѓа, бидејќи намалувањето на Птоломејската моќ го направил Египет привлечна цел за амбициите на Селевкидската Империја. Во 203/2 п.н.е., младите и динамични кралеви на Антигонидите и Селевкидите, Филип V и Антиох III, се согласиле да потпишат пакт за ненапаѓање, барем привремено, поради своите воени амбиции односно кампањата на Филип во Егејското Море и западна Анадолија и конечното решение на египетското прашање од страна на Антиох. Поради овие чести закани, властите на Родос се обратиле во 201 година п.н.е. до Римската Република.

 
Средновековна порта во Акрополот на Линдос

И покрај тоа што била исцрпена од титанската борба против Ханибал (218-201 п.н.е.), Римјаните се согласиле да интервенираат, откако Филип веќе бил повреден за време на војната против Картагина. Сенатот ја сметал жалбата од Родос и неговите сојузници како можност да изврши притисок врз Филип. Резултатот бил започнување на Втората македонско-римска војна (200-196 п.н.е.), која завршила со победа на Рим и независност на Родос.

Византиски период уреди

Во 395 со поделбата на Римското Царство, започнал долгиот византиски период во управувањет на Родос. Во доцната антика, островот бил главен град на римската провинција Острови, опфаќајќи поголем дел од егејските острови, со дваесет градови. Соодветно на тоа, островот бил исто така метропола на црковната провинција Киклади, со единаесет суфрагани[21].

Започнувајќи од околу 600 година, неговото влијание во поморските прашања се манифестирало во собирањето на поморските закони, познати како „Закон за Родошко Море“, кои закони биле прифатени низ Средоземното Море. За време на Византиско-персиската војна, островот бил окупиран[22][23][24].

Родос бил окупирана и од страна на исламските сили на Омејадите на калифот Муавија I во 654 г., кои ги однеле остатоците од Колосот на Родос[21][25]. Островот повторно бил окупиран од страна на Арапите во 673 година, како дел од нивниот прв напад врз Цариград. Меѓутоа, кога нивната флота била уништена од грчкиот оган пред Цариград и од невремето на враќање, островот бил евакуиран во 679/80 како дел од мировниот договор[26]. Во 715 византиската флота испратена против Арапите започнала бунт на Родос, што довело до доаѓање на Теодосиј III на византискиот престол[21][27].

Од раниот 8 век до 12 век, Родос припаѓал на византиската тема Кибиреоти, и бил центар за бродоградба и трговија[21]. Во 1090, островот бил окупиран од силите на Селџуците. Родос бил освоен од царот Алексиј I Комнин за време на Првата крстоносна војна.

Кога започнало слабеењето на византиската централна власт во првата половина на 13 век, Родос станал центар на независниот домен Лав Габалас и неговиот брат Јован, додека не бил окупиран од Џенова во 1248-1250. Република Џенова била поразена од Никејското Царство, по што островот станал редовна провинција на никејската држава (и по 1261 година од обновената Византија). Во 1305, островот бил даден на Андреја Мориско, џеновски авантурист кој влегол во византиска служба. Но, Родос бил контролиран од Ментеше, еден од анадолските бејлици помеѓу 1300 и 1314 година.

Крстоносен и исламски период уреди

 
Османлиски јаничари во Опсадата во 1522 година
 
Родос во 19 век

Во 1306-1310 година, византиската ера на историјата на островот завршила кога островот бил окупиран од страна на Витезите Болничари[21]. Според владеењето на новоименуваните витези, градот бил повторно изграден според европски средновековен стил. Во овој период биле изградени многу познати споменици на градот, вклучувајќи ја и Палатата на Големиот мајстор.

Силните ѕидини што ги граделе витезите ги одбиле нападите на египетскиот султан во 1444 година и опсадата на Османлиите на чело со Мехмед II во 1480 година. Меѓутоа, на крајот, Родос бил освоен од Османлиите во времето на султанот Сулејман во декември 1522 година. Султанот распоредил 400 бродови доставувајќи 100.000 војници на островот (200.000 според други извори). Наспроти оваа сила, Витезите имале околу 7.000 приврзаници. Опсадата траела шест месеци, на крајот на која на преживеаните поразени Болничари им било дозволено да се повлечат во Кралството Сицилија. Витезите подоцна ја пренеле својата база на Малта.

Потоа Родос во составот на Отоманското Царство бил речиси четири века.

Современ период уреди

Островот бил населен со етнички групи од околните народи, вклучувајќи ги и Евреите. Под османлиско владеење повремено се појавувала дискриминација и нетрпеливост. Во февруари 1840 година, Евреите од Родос биле лажно обвинети за ритуално убиство на едно христијанско момче. Овој инцидент станал познат како Крвопролевање на Родос.

Во 1912 година, Италија го освоила Родос од Турците за време на Италијанско-турската војна. Населението на островот било поштедено поради договорот за размена на население меѓу Грција и Турција. Родос бил доделен на Италија. Турција официјално ги отстапила островот според Договорот од Лозана од 1923 година.

По италијанското примирје од 8 септември 1943 година, Британците се обиделе да го примат италијанскиот гарнизон на Родос за да ги сменат страните. Ова било предвидено од страна на германската армија, која успеала да го окупира островот во Битката кај Родос. Во голема мерка, германската окупација го предизвикал британскиот неуспех во последователната кампања.

Турскиот конзул Селахатин Улкумен успеал, со значителен ризик за себе и за своето семејство, да спаси 42 еврејски семејства, вкупно околу 200 лица, кои имале турско државјанство.

На 8 мај 1945 година Германците го предале Родос.

Во 1947 година, Родос, бил обединет со Грција. Во 1949 година, Родос бил место за преговори меѓу Израел и Египет, Јордан, Либан и Сирија, завршувајќи со Договорите за примирје од 1949 година.

Археологија уреди

 
Камеирос
 
Замок во Монолитос

Колосот на Родос се смета за едно од седумте чуда на античкиот свет. Оваа гигантска бронзена статуа била документирана дека некогаш стоела во пристаништето. Таа била завршена во 280 п.н.е. и уништена во земјотрес во 224 п.н.е. Нема трага од статуата денес.

Историските места на островот Родос вклучуваат акрополот во Линдос, акрополот во Родос со Храмот на Аполон и античкиот театар и стадион[28], античка Тријанда, антички Камирос, Палатата на гувернерот, Стариот град Родос, Палатата на големите мајстори, синагогата Кахал Шалом во Еврејскиот кварт, Археолошкиот музеј, урнатините на замокот Монолитос, замокот Критинија.

Религија уреди

Христијанство уреди

Доминантна религија е грчката православна. Островот е седиште на Митрополијата Родос.

Постои значително латино католичко малцинство на островот од 2.000, од ​​кои многумина се Италијанце кои останале по завршувањето на италијанската окупација, поради кое постои римокатоличка архиепископија.

Ислам уреди

Родос има турско муслиманско малцинство, како остаток од отоманските турски времиња, кои не биле употребени во размената на населението од 1923-24 година, бидејќи Додеканезите биле под италијанска администрација. Тие се организирани преку Турската асоцијација на Родос (турски: Rodos Türk Derneği), со бројка од 3.500 верници[29]. Бројот на Турците во Родос би можел да биде околу 4.000[30][31][32].

Јудаизам уреди

Еврејската заедница на Родос[33] се вратила во првиот век од н.е. Синагогата на Кахал Шалом, основана во 1557 година, за време на отоманската ера, е најстарата синагога во Грција и сè уште се наоѓа во еврејската населба на стариот град Родос. На крајот од 1920-тите, еврејската заедница претставувала една третина од вкупното население во градот[34]. Во 1940-тите имало околу 2000 Евреи од различна етничка припадност. Нацистите депортирале и убиле поголем дел од заедницата за време на Холокаустот. Кахал Шалом е реновиран со помош на странски дарители, но неколку Евреи живеат преку целата година на Родос, па така службите не се одржуваат редовно[35].

Еврејскиот музеј во Родос бил основан во 1997 година за да ја зачува еврејската историја и култура на Евреите од Родос. Таа е во непосредна близина на Синагогата Кахал Шалом.

Управа уреди

 
Архангелос
 
Линдос
 
Линдос

Сегашната општина Родос била формирана по реформата на локалната власт за 2011 година со спојување на следните 10 поранешни општини, кои станале општински единици:

  • Афантоу (Афантоу , Аркиполи)
  • Архангелос (Архангелос, Малонас, Масари)
  • Атавирос (Ембонас, Критинија, Монолитос, Сијана, Агиос Исидорос)
  • Тријанда
  • Калитеа (Калифи, Коскино, Псинтос)
  • Камеирос (Сорони, Аполона, Димилија, Калаварда, Платанија, Салакос, Фанес)
  • Линдос (Линдос, Калатос, Ларма, Лардос, Пилона)
  • Петалудес (Кремасти, Пастида, Марица, Парадеиси, Теологос, Даматрија)
  • Родос
  • Јужен Родос (Генади, Аполакија, Арнита, Асклипео, Вати, Истриос, Катавија, Лачанија, [46] Месанагрос, Профил)

Општината има површина од 1400.681 km2.[36] Го опфаќа островот Родос и неколку ненаселени острови. Градот одос бил главен град на поранешната префектура Додеканезе. Родос е најнаселениот остров на Јужен Егеј.

Економија уреди

Економијата е ориентирана кон туризам, а најразвиениот сектор е услугата. Туризмот го зацврстил Родос економски, во споредба со остатокот од Грција[37].

Мали индустриски процеси увезувале суровини за малопродажба, иако други индустрии вклучуваат и производство на земјоделски производи, сточарство, рибарство и винарија.

Сообраќај уреди

Воздушен сообраќај уреди

 
Аеродром „Дијагорас“,

Родос има три аеродроми, но само еден е јавен. Аеродромот „Дијагорас“, еден од најголемите во Грција, е главната влезна и излезна точка за месните жители и туристите. Островот е добро поврзан со други големи грчки градови и острови, како и со големите европски метрополи и градови преку чартер летови.

  • Меѓународен аеродром „Дијагорас“: јавен аеродром, 14 километри југозападно од градот Родос, четврти според вкупниот број на патници во Грција.
  • Аеродром Марица: затворен за јавноста, во близина на селото Марица. Изграден во 1938 година од страна на Италијанците. Овој аеродром бил првиот аеродром на островот и бил јавен аеродром до 1977 година. Денес, тој служи на Грчката воздухопловна база и понекогаш се користи за автомобилски трки.
  • Аеродром Калатос: неоперативен, 7 км северно од Линдос. Изграден од Италијанците за време на Втората светска војна.
  • Аеродром Катавија: се наоѓа на југ од островот, и служел за итна авијација што ја изградиле Италијанците за време на Втората светска војна. Денес е напуштен.

Две училишта нудат воздухопловни услуги на островот.

Морски сообраќај уреди

 
Thomson Majesty
 
Камеирос

Родос има пет пристаништа, од кои три се во градот Родос, еден во западниот брег кај Камирос и еден во источниот брег во близина на Лардос.

  • Централно пристаниште: се наоѓа во градот Родос и служи исклучиво за меѓународен сообраќај, кој се состои од редовни услуги до и од Турција, крстосувачки бродови и јахти.
  • Пристаниште Колона: се наоѓа спроти и северно од централното пристаниште, служи за внатрешен сообраќај и за сите големини на јахти.
  • Пристаниште Акандија: новото пристаниште на островот, јужно до централното пристаниште, кое се гради од 1960-тите, за домашен и товарен сообраќај со општа намена. Од 2017 лето патничкиот терминал конечно е во употреба[38].
  • Камирос: 30 км југозападно од градот во близина на Антички Камирос и служи главно за островот Халки
  • Лардос: порано служел на локалните индустрии, додека денес се развива како алтернативно пристаниште за време кога централното пристаниште е недостапно поради временските услови. Се наоѓа на карпест брег во близина на селото Лардос на југоисточниот дел на Родос.

Патен сообраќај уреди

Патната мрежа на островот е претежно асфалтирана и се состои од 3 национални патишта плус еден планиран, 40 провинциски и бројни локални патишта. Ова се четирите главни островски патишта:

  • Родос-Камирос
  • Родос-Линдос (Грчки национален пат 95): Четири и две ленти, главно се протега од север кон југ и ги поврзува Родос со Линдос. Дел од Родос до Колимпија сега е со 4 ленти, а остатокот до Линдос со 2 ленти.
  • Родос-Калитеја-Фалираки 4: Две ленти, поминува низ источниот брег од север кон југ и го поврзува Родос со Калитеа и одморалиштето Фалираки.
  • Цаири-Аеродром (Грчки национален пат 100): Четири и две ленти, се протега во внатрешноста од исток кон запад и го поврзува источниот брег со западот и аеродромот.
  • Линдос-Катавија 1: Две ленти. Започнува непосредно пред Линдос до селото Катавија, најјужниот дел на островот

Идни патишта:

  • Понатамошно проширување на Националната авенија Родос-Линдос (Грчки национален пат 95) од Колимпиа до Линдос. Овој пат треба да биде со четири ленти. Се очекува тендерот да се одржи до крајот на 2019 година, за да можат да започнат конструкциите.
  • 2, 3 и 4 фаза од Обиколница; фаза 2 ќе го прошири автопатот до Грчкиот национален пат 95, а потоа до општата болница во градот Родос, каде што наводно ќе се поврзе со планираниот автопат Град Родос-Аеродром. Во јуни 2018 година, општината Родос изјавила дека за плановите за последните 700 метри од кружниот пат што води до Акандија се очекуваат одобрение[39].
  • Планови, исто така, постојат за нов експресен пат со четири ленти кој ќе го поврзува Родос со аеродромот Дијагорас[40].

Автобус уреди

Автобуските услуги се раководат од два оператора[41]:

  • RODA: Општинска автобуска компанија која служи за градот Родос, како и за приградските области и западниот брег на островот
  • KTEL: приватна компанија со ограничена одговорност која служи за селата и одморалишта на источниот брег на островот

Автомобили и мотоцикли уреди

Семејствата на Родос често поседуваат повеќе од еден автомобил, заедно со еден мотор. Сообраќајните метежи се чести особено во летните месеци, бидејќи бројот на возила е повеќе од двојно зголемен, додека паркинг-местата во центарот на градот и околу стариот дел на градот се ограничени и не можат да се справат со побарувачката. Освен тоа, островот го опслужуваат 450 таксија и околу 200 јавни и приватни автобуси, дополнувајќи го сообраќајниот метеж.

Спорт уреди

 
Стадион Дијагорас
  • Фудбал: ФК Родос и ФК Дијагорас се најголемите тимови и соперници на островот. И двете екипи се натпреварувале во сезоната 2017-18 во третата грчка фудбалска лига, заедно со ГАС Јалисос. Локалните фудбалски лиги (организирани на ниво на префектура) содржат три дивизии со повеќе од 50 екипи[42]. Многу стадиони се покриени со трева[43].
  • Кошарка: Колос ПС ја претставува професионалната кошарка на островот и во моментов настапува во највисокото грчко кошаркарско натпреварување. Локалната лига вклучува две групи на кошаркарски екипи, една за Родос, а другата за останатите острови, со 7 и 5 екипи, соодветно[44].
  • Одбојка: Родион Атлисис во моментов се натпреварува во втората одбојкарска лига на Грција[45].
  • Ватерполо: главно аматерски. На островот нема ниту еден јавен затворен базен.
  • Рагби: воведен во 2007 година. Тимовите се натпреваруваат на национално ниво.
  • Тенис: Тенискиот клуб Родос промовира официјално тенис од 1949 година. Клубот работи на две одделни локации, еден во центарот до казиното и еден до Националниот центар за атлетичари[46].
  • Пловење: островот се натпреварува на меѓународно ниво
  • Велосипедизам: долго време Родос имал единствена велосипедска патека во Грција

Туризам уреди

Родос е една од најатрактивните туристички одредишта во Грција. По Крит, островот е најпосетувано одредиште во Грција, постигнувајќи бројка од 1.785.305 туристи во 2013 година. Во 2014 година бројката изнесувала 1.931.005, додека во 2015 година бројот малку се намалила и изнесувала 1.901.000. Просечната должина на престој се проценува на 8 дена. Гостите претежно се од Велика Британија, Израел, Франција, Италија, Шведска и Норвешка[47]. На Родос понудата за сместување е висока, бидејќи на островот работат повеќе од 550 хотели, од кои повеќето се со две ѕвезди[47]. Дополнително, во поглед на конкурентноста, Светската туристичка организација ја рангира Грција на 31 место на глобално ниво[48].

Галерија уреди

Панорама уреди

 
 

Наводи уреди

  1. Kallikratis law Архивирано на 11 септември 2020 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  2. „Rhodes“. Visit Greece.
  3. Paul Hellander, Greece, 2008
  4. Duncan Garwood, Mediterranean Europe, 2009
  5. Ryan Ver Berkmoes, Oliver Berry, Geert Cole, David Else, Western Europe, 2009
  6. Harry Coccossis, Alexandra Mexa, The challenge of tourism carrying capacity assessment: theory and practice, 2004
  7. Anthony Bale, trans., The Book of Marvels and Travels, Oxford 2012, ISBN 0199600600, p. 16 and footnote
  8. Encyclopedia Britannica entry for Rhodes
  9. „Geography and Geomorphology - South Aegean“. www.aegeanislands.gr. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 2018-12-02.
  10. Marco, M; Cavallaro, A; Pecchioli, E & Vernesi, C (2006-11-11), „Artificial Occurrence of the Fallow Deer, Dama dama dama (L., 1758), on the Island of Rhodes (Greece): Insight from mtDNA Analysis“, Human Evolution, 21, No. 2 (2): 167–175, doi:10.1007/s11598-006-9014-9[мртва врска]
  11. „Rhodes, Greece, 1481“. Jan Kozak Collection: KZ13, The Earthquake Engineering Online Archive.
  12. Ambraseys, N. N.; Adams, R. D. (1998). „The Rhodes earthquake of 26 June 1926“. Journal of Seismology. 2 (3): 267–292. doi:10.1023/A:1009706415417.
  13. „Earthquake's aftermath“. Discover Rhodes. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 16 July 2008.
  14. „Climatology - Rodos“. Hellinic National Meteorological Service. Архивирано од изворникот на 2017-03-25. Посетено на 24 March 2017.
  15. „Rhodes Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на March 1, 2015.
  16. 16,0 16,1 „Rhodes, Greece - Climate data“. Weather Atlas. Посетено на 24 March 2017.
  17. B. d'Agostino, "Funerary customs and society on Rhodes in the Geometric Period: some observations", in E. Herring and I. Lemos, eds. Across Frontiers: Etruscans, Greeks, Phoenicians and Cypriots. Studies in Honour of D. Ridgway and F.R. Serra Ridgway 2006:57-69.
  18. Iliad 2.653-654
  19. The Historical Library of Diodorus Siculus, Book V, ch.III. Посетено на 2010-01-24.
  20. He wrote about Jason and Medea in the Argonautica.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Gregory, Timothy E. (1991). „Rhodes“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1791–1792. ISBN 0-19-504652-8.
  22. Kia 2016, стр. 223.
  23. Greatrex & Lieu 2005, стр. 197.
  24. Howard-Johnston 2006, стр. 33.
  25. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. стр. 313. ISBN 0-8047-2630-2.
  26. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. стр. 325, 327. ISBN 0-8047-2630-2.
  27. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. стр. 344. ISBN 0-8047-2630-2.
  28. „Acropolis if Rhodes:Information“. Архивирано од изворникот на 2012-08-05. Посетено на 15 May 2013.
  29. Turkish wedding in Rhodes attended by Abdullah Gül (турски)
  30. Ürkek bir siyasetin tarih önündeki ağır vebali: Oniki ada : hatalı kararlar, acı kayıplar при Гугл книги
  31. „MUM GİBİ ERİYORLAR“.
  32. „T.C. Dışişleri Bakanlığı'ndan“. Архивирано од изворникот на 3 септември 2014. Посетено на 6 септември 2014.
  33. See Angel, Marc. The Jews of Rhodes: The History of a Sephardic Community. Sepher-Hermon Press Inc. and The Union of Sephardic Congregations. New York: 1978 (1st ed.), 1980 (2nd ed.), 1998 (3rd ed.).
  34. „History of Jewish Greece“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на 2010-01-24.
  35. „The Virtual Jewish History Tour — Greece“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на 2010-01-24.
  36. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 September 2015.
  37. „3comma14.gr“.
  38. http://www.dimokratiki.gr/02-09-2017/anamorfonete-telios-limani-tis-akantias/
  39. http://www.dimokratiki.gr/15-06-2018/anaferthike-se-ola-ta-erga-poy-ektelei-trechontos-o-dimos/
  40. http://www.et.gr/idocs-nph/search/pdfViewerForm.html?args=5C7QrtC22wEc63YDhn5AeXdtvSoClrL8lj0jDA0wBrh5MXD0LzQTLWPU9yLzB8V6dxiWmYHFUbmCiBSQOpYnTy36MacmUFCx2ppFvBej56Mmc8Qdb8ZfRJqZnsIAdk8Lv_e6czmhEembNmZCMxLMtXdfQOB6C00YZBnEysLAU6pj8keECmvdb6G_FckhY0ki
  41. „Bus schedule“ (PDF). Ministry of Economy, Development and Tourism.
  42. http://www.epsdod.gr/
  43. http://www.epsdod.gr/field/fields_map.php
  44. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2018-11-26. Посетено на 2018-12-02.
  45. http://www.volleyball.gr/a2-andron/article/1717/a2-andron-mparaz-anodou-a-omilou-apollon-athhnon-rodion-athlhsis-3-1-photos
  46. http://www.rhodestennis.gr/index.php?option=com_k2&view=itemlist&layout=category&task=&id=&Itemid=663
  47. 47,0 47,1 sete.gr
  48. world tourism organization competitiveness ranking

Извори уреди

Надворешни врски уреди