Роденберг (германски: Rodenberg) — мал град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Роденберг
Поглед на Градското собрание
Поглед на Градското собрание
Поглед на Градското собрание
Грб на Роденберг
Роденберг во рамките на Германија
Роденберг
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Шаумбург
Општ. заед. Роденберг
Градски единици 2
Градоначалник Ралф Засман (WGR)
Основни податоци
Површина 15,6 км2
Надм. височина 69 м
Население 6.568 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 421 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHG
Пошт. бр. 31552
Повик. бр. 05723
Местоположба на градот Роденберг во рамките на округот Шаумбург
Карта
Карта
Координати 52°19′0″N 9°21′0″E / 52.31667° СГШ; 9.35000° ИГД / 52.31667; 9.35000

Градот се наоѓа на северозападниот раб од ридскиот масив Дајстер, околу 10 километри источно од окружниот град Штатхаген и 27 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија уреди

Местоположба уреди

Градот се наоѓа во северниот дел на долината Дајстер-Зинтел помеѓу ридските масиви Дајстер, Зинтел и Бикеберг. Сојузниот автопат Б442 на исток и Б65 на север го сечат градското подрачје. Потоците Роденбергер Ауе и Штајнауе течат низ градот.

Градски единици уреди

Градот е поделен од местото Роденберг и Алгесдорф, кое до административната реформа во 1974 година била самостојна општина.

Историја уреди

 
Графика од Роденберг

Денешното место било населено уште во праисторијата, главно од Келти и Саси. Името Роденберг се однесува на еден рид западно од градот и се однесува на бојата на ридот (roter Berg; што означува „црвен рид“).

Според најраните спомнувања на градот, претходниците на шаумбуршките грофови изградиле замок или кула во 930 година; за жал нема повеќе детали.

Се претпоставува дека воден замок бил воспоставен од Адолф IV, гроф на Шаумбург, помеѓу 1228 и 1240 година и дека претходниот замок бил сместен на т.н. Алтен Роденберг, западно од градот.

Моменталната пишана форма на Роденберг била првпат употребена во 1632 година. Се сретнуваат многу варијанти помеѓу 1317 и 1586 година.

Градот бил признат како населба во 1250 година, а во 1615 година ги добил градските права од Ернст, гроф на Шаумбург. Линијата на шаумбуршките грофови била прекината во 1640 година со смртта на Отон V и во 1647 година, градот бил преземен од Ландгрофовијата Хесен-Касел.

Нашироко позната бања била основана во 1718 година и била многу посетувана до 1787 година, кога ландгрофот Вилхелм IX ги основал бањите на сулфурните извори во соседниот град Бад Нендорф.

Во 1859 година, поголемиот дел од градот изгорел. Следните години, камењата од утврдувањата биле искористени за изградба на разни нови градби во градот, како и во Бад Нендорф.

Кога Хесен бил припоен од Прусија во 1866 година, округот Ринтелн станал дел од пруската покраина Хесен-Насау, каде што останал додека не бил вклучен во покраината Хановер по владините реформи во 1932 година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди