Робер Џорџ Нивел , бил француски војсководач, еден од командантите на сојузничките сили во Првата светска војна. Бил исклучителен артилиерец и стратег, но останал прочуен по неговата офанзива во која француските сили доживеале силен пораз во пролет 1917 година.

Робер Нивел
Генерал Нивел
Роден15 октомври 1985
Tул, Франција
Починал22 март 1924
Париз, Франција
Држава Трета Француска Република
РодФранцуска армија
Служба1878–1921
ЧинДивизиски генерал

Животопис уреди

Нивел е роден на 15 октомври 1856 во Тул, Франција, од татко Француз и мајка Британка со протестантска вероисповед. Завршил Политехничко училиште и заминал како подпоручник во артилерија на француската војска. Поради своите квалитети брзо напредувал и веќе во 1913 година имал титула пуковник во артилерија. Бил многу способен командант и организатор за теренска артилерија на полициски и дивизиски трупи. По Битката кај Вордун во 1916 година бил поставен за главен командант на француските сили на Западниот фронт. Во тек и по борбите 1916 година, а посебно по тнр. Предложил офанзивен напад кој бил поддржан и од страна на сојузничките сили.[1]Офанзивата на Нивел која започнала на 16 април 1917, била со катастрофални последици во кои француските сили загубиле над 200.000 војници, а тој бил изложен на силни критики поради огромните загуби и неможноста да се напредува.

Во мај 1917 бил заменет, а неговото место му било доделено на Филип Петен. Му се припишува дека бил нечувствителен и безгрижен во однос на загубите.[2]

По смената заминал во Северна Африка, оттаму се вратил по завршувањето на војната, а се пензионирал во 1921 година. И покрај неуспехот на бојното поле, бил одликуван со Големиот крст на Легија на честа, Робер Нивел починал на 22 март 1924.

Наводи уреди

  1. The First World War: The War To End All Wars. стр. 75.
  2. The 1916 Experience: Verdun and the Somme. стр. 20.