Роберт Кувер (англиски: Robert Coover) (1932, Ајова, САД) - американски писател.

Животопис уреди

Кувер е роден во 1932 година, во Ајова. Постдипломскии студии завршил на Универзитетот во Чикаго.

 
Роберт Кувер

Творештво уреди

Кувер е еден од најценетите претставници на експерименталната американска литература, постмодернистите кои себеси се нарекуваат „фабулити“ или „метафикционалисти“. Тој се смета за еден од најоригиналните американски прозни творци, кој се движи „на работ меѓу стварноста и кошмарот, користејќи го надреализмот како форма за да ги долови мрачните аспекти на американското доживување на реалноста“. Кувер има напишано голем број раскази во кои ги истражува можностите на различни стилови, од колоквијалниот и ритуалниот до апокалиптичниот.

 
Роберт Кувер

Веќе во 1966 година, со својот прв роман „Потеклото на брунистот“, тој го привлекол вниманието на критиката и ја добил наградата „Вилијам Фокнер“. Во 1969 година се појавил неговиот кус роман „Бебиситерката“, кој објавен на македонски јазик во 2008 година од издавачката куќа „Темплум“.[1] Во 1982 година го објавил романот „Плескање на слугинката“, кој е објавен на македонски јазик во 2007 година од издавачката куќа „Темплум“.[2]

Наводи уреди

  1. Роберт Кувер, Бебиситерката. Скопје: Темплум, 2008.
  2. „Белешка за авторот и делото“, во: Роберт Кувер, Плескање на слугинката. Скопје: Темплум, 2007, стр, 83-85.