Ричард Трети (драма)

Ричард Трети е историска драма од Вилијам Шекспир, која се верува дека е напишана околу 1591, која го опишува макијавелското воздигнување до моќ и краткото владеење на Ричард Трети од Англија. Драмата е групирана во истoриските драми во Првото фолио и најчесто е класифицирана како таква. Понекогаш, како во кварто изданието, драмата е именувана како трагедија. Првата тетралогија на Шекспир (која ја содржи Хенри Шести делови 1 – 3) завршува со „Ричард Трети“. Се смета дека е една од најдобрите драми на Шекспир.

Ричард Трети

По „Хамлет“, „Ричард Трети“ е најдолга драма во опусот на Шекспир и е најдолга во Првото фолио каде што верзијата на „Хамлет“ е пократка наспроти онаа во квартото. Драмата ретко се изведува целосна. Честопати некои периферни ликови се целосно отстранети. Во такви случаи за да има некаква врска помеѓу ликовите, честопати се измислува или додава нов текст. Друго објаснување за кратењето е тоа што Шекспир сфатил дека неговата публика е запознаена со драмите за Хенри Шести, и честопати правел индиректни наводи на настани во нив, како убиството на Хенри Шести од страна на Ричард или на победата врз кралицата Маргарита.

Лица

  • Ричард, војвода од Глостер, подоцна крал Ричард Трети, брат на кралот
  • Кралот Едвард Четврти
  • Едвард, принцот од Велс, подоцна Едвард Петти (принцот во кулата), син на кралот Едвард Четврти
  • Ричард, војвода од Јорк, брат на Едвард Петти, син на кралот Едвард Четврти
  • Џорџ, војвода од Кларенс, брат на кралот
  • Едвард, гроф од Варвик, помлад син на Кларенс
  • Хенри, гроф од Ричмонд, подоцна крал Хенри Седми
  • Томас Кардинал Боршиер, архиепископ од Кантербери
  • Томас Ротерам, архиепископ од Јорк
  • Џон Мортон, епископ од Ели
  • Војводата од Бакингам
  • Војводата од Норфолк
  • Грофот Риверс, брат на кралицата Елизабета
  • Маркизот од Дорсет, син на кралицата Елизабета
  • Лорд Ричард Греј, син на кралицата Елизабета
  • Грофот од Оксфорд
  • Лорд Хастингз
  • Лорд Стенли, подоцна гроф на Дарби
  • Лорд Лавел
  • Сер Томас Вон
  • Сер Ричард Ратклиф
  • Сер Вилијам Кејтзби
  • Сер Џејмс Тирел
  • Сер Џејмс Блант
  • Сер Волтер Херберт
  • Сер Вилијам Брендон
  • Сер Роберт Брекенбери
  • Кристофер Урсвик, свештеник
  • друг свештеник (Ралф Ша)
  • Хестингс
  • Тресел и Беркли, придружници на лејди Ана
  • Стражар во кулата
  • Градоначалникот на Лондон (Сер Едмунд Ша)
  • Шерифот од Вилтшаир (Хенри Лонг)
  • Елизабета Вудвил, кралица на Едвард Четврти
  • Маргарита од Анои, вдовица на Хенри Шести
  • Војвотката од Јорк, мајка на крал Едвард Четврти, Кларенс и Глостер
  • Лејди Ана Невил, вдовица на Едвард, принцот од Велс (син на Хенри Шести), подоцна се мажи

за Глостер

  • Маргарита Плантагенет, грофица од Селсбери, помладата ќерка на Кларенс
  • Принцезата Елизабета (Елизабета од Јорк), сестра на двата принца и ќерка на Едвард Четврти
  • Духовите на сите убиени од Ричард, лордови и придружба, писар, граѓани, убијци, гласници, војници, стражари и др.

Сиже

Драмата започнува со Ричард како го опишува крунисувањето на неговиот брат, кралот Едвард Четврти од Англија, најстар син на починатиот Ричард, војвода од Јорк.


Зимата сега на нашиот чемер
летото е сјајно од сонцето на Јорк
и облак муртав над дом што ни ездел
затонал в темни пазуви морски.
(„сонцето на Јорк“ е игра со зборови и се однесува на амблемот „пламтечко сонце“, кое Едвард Четврти го присвоил, и „синот на Јорк“ т. е., синот на војводата од Јорк.)

Овој говор ја открива љубомората и амбицијата на Ричард, додека неговиот брат успешно владее со земјата. Ричард е грд грбавко кој е „некултурно подгазен“, „деформиран и прерано роден“ и кој не може да се „перчи пред блудна нимфа.“ Тој одговара на болката од својата состојба со мислата на отфрлените: „Решив ништожник да станам / развратов денешен безделничав да го мразам“. Ричард прави заговор против својот брат Кларенс, кој е пред него во ред за престолот, за да го затвори во Кулата на Лондон, преку некое пророштво кое му го протолкувал на кралот; дека „ Џ некој породот ќе му го лиши“, а тоа Џ се однесува на Џорџ од Кларенс.

Следно, Ричард и се додворува на „Лејди Ана“ – Ана Невил, вдовица на ланкастриецот Едвард од Вестминстер, Принц од Велс. Ричард признава пред публиката:

„Најмалата ќерка на Ворик ќе ја оженам.
Оти мажот и свекорот и ги убив.“

И покрај омразата во почетокот, лејди Ана е освоена од неговите угоди за љубовта и покајанијата и се сложува да се омажи за него. Кога таа ќе излезе, Ричард слави за тоа што ја освоил и покрај тоа што тој и направил, и на публиката и вели дека, откако ќе си ја заврши својата цел, тој ќе ја откачи.

Атмосферата во судот е затруена: одбраните благородници не се во слога со роднините на кралицата Елизабета, кои се на повисок ранг. Непријатност која е поттурната од махинацијата на Ричард. Кралицата Маргарита, вдовица на Хенри Шести, се враќа јавно да ја одбие протерата и да ги предупреди благородниците за Ричард. Кралицата Маргарита го проколнува Ричард и останатите присутни. Благородниците кои се јоркци веднаш се обединуваат против последниот ланкастриец, а предупредувањето никој не го зема за сериозно.

Ричард наредува на двајца убијци да го убијат Кларенс во кулата. Во меѓувреме, Кларенс го прераскажува сонот што го сонил на чуварот. Во сонот имало екстремно сликовит јазик опишувајќи го Кларенс како паѓа од брод што било резултат на туркањето од Глостер. Под водата Кларенс гледал скелети на илјада мажи „кои биле глодани од рибите“. Исто така гледал „грумења злато, купишта бисер, камења бесценети, огромни блага сите расфрлани по дното морско“. Кларенс додава дека некои скапоцени камења биле во черепите на умрените. Потоа, Кларенс си замислува како умира и е мачен од духовите на својот дедо (Варвик, таткото на Ана) и шура (Едвард, поранешен маж на Ана).

Откако Кларенс ќе заспие, Брекенбури, поручник во Кулата на Лондон, влегува и воочува дека нема некоја разлика во имињата на принцовите и обичните луѓе туку само „надворешната слава“, што значи дека имаат „внатрешни грижи“ без разлика дали се богати или сиромашни. Кога убијците ќе пристигнат, Брекенбери го чита налогот (издаден во името на кралот) и излегува со чуварот, кој не го прифаќа барањето на Кларенс да остане до него, и ги остава клучевите на убијците.

Кларенс се буди и се брани од убијците велејќи им дека човек нема право да ја почитува желбата за убиство на друг, затоа што има Господов закон да не се врши убиство. Убијците имплицираат дека Кларенс е дволичен затоа што „кој .... те стори тогаш слуга крвав за храбриот бујат принц Едвард да го усмртиш“? Обидувајќи се тактички да ги преубеди убијците, им вели да одат кај брат му Глостер. Тој ќе ги награди повеќе за неговиот живот отколку Едвард за неговата смрт. Еден од убијците му вели дека самиот Глостер ги пратил да го извршат крвавото дело, но Кларенс не му верува. Тој се навраќа на Ричард војводата од Јорк кој ги благословил трите сина и со победничката рака поттупнувајќи го Глостер, „потсетете го Глостер на ова и ќе видите како ќе заплаче.“ Следно, еден од убијците му објаснува дека брат му Глостер го мрази, и ги пратил во кулата да го убијат. Тогаш, едниот убиец се предава на својата совест и не сака да учествува, но другиот го прободува Кларенс и го фрла во „бочвата Малмси“. Првиот чин завршува со потребата на злосторникот да најде дупка за да го закопа Кларенс.

Наскоро, Едвард Четврти умира. Тој го именува за Заштитник својот брат Ричард, кој се подготвува за отстранување на последната пречка до своето воздигнување. Го среќава својот внук, младиот Едвард Петти, кој е на пат кон Лондон за своето крунисување придружен од роднините на вдовицата на Едвард (Лорд Риверс, Лорд Греј и Сер Томас Вон). Нив ги апси Ричард и ги обезглавува, а потоа разговара со принцот и неговиот помлад брат, Војводата од Јорк. Принцовите лесно го надмудруваат Ричард и ја сфаќаат неговата игра со зборови. Ричард е нервозен поради нив и што претставуваат потенцијална закана. Младиот принц и неговиот брат се наговорени (од Ричард) подолго да престојуваат во Кулата на Лондон. Принцот и неговиот брат Војводата од Јорк докажуваат дека се високоинтелигентни и харизматични лица, храбро надмудрувајќи и отворено исмевајќи го Ричард.

Придружен од својот роднина Бакингам, Ричард отпочнува кампања за да се претстави како вистински наследник на престолот преправајќи се дека е скромен, побожен без никакви претензии кон совршенство. Лорд Хестингс, кој е против издигнувањето на Ричард, е уапсен и погубен по измислени тужби. Заедно, Ричард и Бакингам, помогнати од Ретклиф и Лавел, шират гласини дека синовите на Едвард се незаконски и затоа немаат право на престолот. Другите лордови се наговорени кон прифаќање на Ричард како крал, без разлика на опстанокот на неговите внуци (принцовите во кулата).

Ричард го замолува Бакингам да ја обезбеди смртта на принцовите, но Бакингам се двоуми. Тогаш, Ричард го регрутира Џејмс Тирел кој ги убива двете деца. Кога Ричард не му ја дава ветената земја на Бакингам, тој се свртува против него и оди од страната на Хенри, грофот од Ричмонд кој е моментално протеран. Ричард се загледува во внука си, принцезата Елизабета и ја труе Лејди Ана за да биде слободен да и се додворува на принцезата. Кога кралицата Маргарита пристигнува, војвотката од Јорк и кралицата Елизабета ја жалат смртта на принцовите. Како што беше предвидено, кралицата Елизабета бара помош во колнењето од кралицата Маргарита. Подоцна, војвотката ја употребува оваа лекција и пред да замине го проколнува својот единствен син. Ричард се обидува со своето преправање да влези во „љубовното гнездо“на принцезта Елизабета, но нејзината мајка не е прелажана од неговата елоквенција и дури и успева да го измами и задржи.

Со текот на времето, параноичниот Ричард ја губи популарноста што ја имаше. Наскоро тој се соочува со побуна, прво предводена од Бакингам, а потоа од освојувачки настроениот Ричмонд. Бакингам е фатен и погубен. И двете страни се среќаваат за финална битка кај полето Босфор. Важно за битката е тоа што Ричард во сонот пред битката е посетен од духовите на своите жртви кои му велат „Очајувај и умри!“ Тој се буди извикувајќи „Исус“ да му помогне и полека сфакајќи дека е сам на светот, и не може да се сожали дури и самиот.

Во битката на полето Босфор, лорд Стенли (кој е полутатко на Ричмонд) и неговите следбеници ја напуштаат страната на Ричард, поради што Ричард бара погубување на Џорџ Стенли, синот на Лорд Стенли. Ова не се случува бидејќи битката е во полн замав, а Ричард е оставен во голема неповолност. Набрзо во екот на битката Ричард останува без коњ и извикува „Коњ! Коњ! Кралството за коњ!“ Во финалниот двобој, Ричмонд го убива Ричард. Веднаш потоа Ричмонд застанува на престолот како Хенри Седми и се жени со принцезата Елизабета од фамилијата Јорк.

Датум и текст

Се верува дека „Ричард Трети“ е една од пораните драми на Шекспир, проследена само со трите дела на „Хенри Шести“ и неколку комедии.Се верува дека е напишана во 1591. Иако, на 20 октомври 1597, драмата „Ричард Трети“е внесена во регистарот на издавачката компанијаод страна на продавачот на книги Ендру Вајс кој го објавил првото кварто подоцна во истата година, се смета дека „Едвард Втори“ од Кристофер Марло која не била напишана подоцна од 1592 (Марло умрел во 1593) била напишана под влијание на „Ричард Трети“. Следело второ кварто во 1598 испечатено од Томас Крид за Ендру Вајс. Третото кварто се појавило во 1602, четвртото во 1605, петтото во 1612 и шестото во 1622. Во 1623 следува верзијата на првото фолио.

Теми уреди

Комични елементи уреди

Во драмата има избегнување на демонстрации на физичко насилство. Само Кларенс и Ричард Трети умираат на сцената, додека останатите (двајцата принца, Хастингс, Греј, Вон, Риверс, Ана, Бакингам и кралот Едвард) си го среќаваат крајот надвор од сцената. И покрај непријателската природа на главниот лик и темниот тек на приказната Шекспир внесува комичен материјал во дејствието, како што и прави со повеќето трагедии. Хуморот најмногу расте со двојноста на тоа како го знаат ликот на Ричард и како Ричард се обидува да изгледа.