Рита, позната уште како Марија (10/11 јануари 1278 - јули 1333) била ерменска принцеза и византиска царица, сопруга на царот Михаил IX Палеолог.

Рита Ерменска
Византиска царица
Роден(а)11 јануари 1278
Починал(а)јули 1333
Цариград
СопружникМихаил IX Палеолог
ДинастијаПалеолози
ТаткоЛевон II
МајкаКерала

Рита е родена на 10 или 11 јануари 1278 година во Ерменска Киликија, како ќерка на ерменскиот цар Левон II и царица Керала. Рита имала близначка на име Теофана.

Ѓорѓи Пахимер соопштува дека цар Андроник II Палеолог започнал преговори со Левон II, бидејќи барал жена за својот син и помлад спцар Михаил IX Палеолог. Левон II ја понудил раката на својата ќерка Рита. Бракот меѓу Рита и Михаил IX Палеолог бил склучен на 16 јануари 1294 година. Во тоа време Рита имала 16 година, а Михаил 17 години. По свадбата Рита го прифатила името Марија.

Рита и Михаил IX имале четири деца:

Рита била помлада царица од 1294 до 1317 година. Во тоа време постарата царицата била Ирина Монфератска, втора сопруга на царот Андроник II. До 1303 Андроник II и Ирина Монфератска живееле разделени, Андроник бил во Цариград, а Ирина во Солун. Во 1317 починала Ирина Монфератска и Рита останала единствената царицата во империјата.

Во 1319 година царицата доживеала голема трагедија поврзана со смртта на помалиот нејзин син Мануел. Поголемиот син на Рита, Андроник III Палеолог, одржувал љубовна врска со жена која сметал дека го изневерува. Љубоморен од тоа, Андроник поставил пред домот на љубовницата стража, која требало да го убие секој маж, кој се обидел да влезе среде ноќ во домот нејзин. Единствениот кој се обидел да влезе во ноќното време кај љубовницата на Андроник, бил помалиот брат Мануел, а обезбедувањето не го препознал и го убил. Така се покажало дека Мануел бил убиен по наредба на својот брат.

Аферата со смртта на Мануел Палеолог имала сериозно влијание врз здравјето на Михаил IX, кој починал на 12 октомври 1320. Смртта на Мануел Палеолог и Михаил IX Палеолог ги заладил односите меѓу Андроник II и внукот Андроник III. Двајцата започнале граѓанска војна меѓу себе, која траела до победата на младиот Андроник во 1328 година. Во меѓувреме вдовица Рита се повлекла во манастир, каде што починала пет години по завршувањето на граѓанската војна.

Рита Ерменска
Роден(а): 1278 Починал(а): 1333

Предлошка:S-roy

Претходник
Ирина Монфератска
Byzantine Empress consort
16 January 1294 – 12 October 1320
со Ирина Монфератска (1294–1317)
Наследник
Ирина