Лора Џин Рис Витерспун (англиски: Laura Jeanne Reese Witherspoon) (родена 22 март 1976), позната како Рис Витерспун, е американска глумица и филмски продуцент.

Рис Витерспун
Витерспун на премиерата на Walk The Line
Роден(а)Лора Џин Рис Витерспун
ЗанимањеГлумица, продуцент
Активен1991 - сè уште
СопружникРајан Филип (1999 - 2007)

Животопис уреди

Во 1999 година, Витерспун ја родила ќерката Ејва, а по неа имала уште две деца.[1]

Творештво уреди

Рис Витерспун го свртела вниманието на јавноста со улогата на Ел Вудс во комедијата „Русокосата адвокатка“. Во филмот „Од по работ“ ја толкувала улогата на кантри-пејачката Џун Картер-Кеш за која во 2005 година била наградена со „Оскар“, „Златен глобус“ и наградата на „БАФТА“. Во 2015 година повторно била номинирана за наградата „Оскар“, за улогата на Шерил Стрејд во филмот „Дивина“, во кој таа била и продуцент.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Мојата приказна е да раскажувам приказни“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 8-9.