Ристо Николов Андоноски

Ристо Николов Андоноски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Животопис уреди

Ристо Николов Андоноски е роден во 1884 година во селото Требишта во областа Голо Брдо, денес во Албанија. Во Македонската револуционерна организација се приклучил во 1900 година.[1]

Во 1903 година за време на Илинденското востание активно учествувал во битките против турската војска. Дејствувал во четите на браќата Тасе и Дојчин Христови од селото Присовјани. Учествувал во битките кај селата Ташмаруништа и Велмеј. Потоа се префрлил и дејствувал во Дебрца.[1]

Во 1923 од Албанија се преселил во Југославија, каде се населил во селото Лешани во Дебрца.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.