Рибница

село во Општина Маврово и Ростуше

Рибница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Рибница

Поглед на селото

Рибница во рамките на Македонија
Рибница
Местоположба на Рибница во Македонија
Рибница на карта

Карта

Координати 41°43′13″N 20°36′34″E / 41.72028° СГШ; 20.60944° ИГД / 41.72028; 20.60944Координати: 41°43′13″N 20°36′34″E / 41.72028° СГШ; 20.60944° ИГД / 41.72028; 20.60944
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07066
Надм. вис. 1.160 м
Рибница на општинската карта

Атарот на Рибница во рамките на општината
Рибница на Ризницата

Потекло на името уреди

Името на селото Рибница потекнува од македонскиот јазик и има значење на место со многу риба, односно река каде што има риби или река богата со риби. Настанало од хидронимската придавка Рибна (=река) + додавката -ица или од именката Рибник и додавката -ица.[2]

Во овој облик името на селото се користело и од околното албанско население, кое во поново време се обидува да го видоизмени изговарајќи и употребувајќи го името Римница (Rimnicё).

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селата Рибница и Тануше во подножјето на врвовите и планинскиот превој Корапска Врата

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во високиот западен дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика.[3] Сместено е на стрмна падина со јужен наклон, на планината Кораб, веднаш под врвот Рибничка Скала, од десната страна на Рибничка Река. Рибница е планинско село, расположено на надморска височина од 1.110 метри.[3]

Местоположбата на селото дополнително се определува на левата страна на Танушка Река, сместено на една тераса од шкрилци, под која има стрмни варовнички отсеци кон реката кои продолжуваат над селото.[4]

Во селото постојат изворите: Рединец, Михавец и Извор.[4]

Опкружено е со густа букова и борова шума, а исто така и со брези, дабови и ореови дрвја, јаболкници и дренки.

Историја уреди

Во XIX век, Рибница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Статистическо описание на Дебрска река“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 јануари 1859 година за селото Рибница запишал дека имало две улици со 70 куќи, христијани и муслимани.[5]

На почетокот на XX век, во периодот околу 1912 година, селото имало православна црква и се делело на 6 маала: Касма, Халире, Ковач, Будала, Штутка и Џамија.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6]

За време на воениот конфликт во Македонија, на 16 јуни 2001 во реонот на селото Рибница на падините на Кораб се појавила мала група на албански терористи која веднаш уште истиот ден била разбиена од единиците на Вториот армиски корпус на АРМ и протерана во Албанија.[7]

Стопанство уреди

 
Градби во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 27,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.010 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 893 хектари, додека на обработливите површини отпаѓа само 21 хектар.[3]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[3]

Најзастапена гранка од сточарството е одгледувањето на овци, чии бројни стада летуваат и се напасуваат во неколкуте бачила и пасишта близу и во околината селото. Во голема мерка е застапено и шумарството, односно сечата на дрва за огрев, поради застапеноста на квалитетен дрвен материјал како што е буката, а дел од него се користи и за изработка на мебел и потреби на градежништвото.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948209—    
1953218+4.3%
1961216−0.9%
1971266+23.1%
1981198−25.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199460—    
20025−91.7%
20210−100.0%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рибница било село со 40 домаќинства и 107 жители.[8]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибница живееле 320 жители, сите Албанци, од кои 120 христијани и 200 муслимани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рибница имало 108 жители.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рибница се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 78 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[12]

Рибница е мало село, коешто во 1961 година броело 216 жители, од кои 172 биле Албанци, 25 Македонци и 10 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 60 жители, сите Албанци.[3]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Рибница, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 5 жители, сите Албанци.[13]

Во денешно време, селото е речиси раселено со повремени жители во текот на летниот период кои се занимаваат со сточарство.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Рибница:

Година Македонци Албанци Турци Срби Вкупно
1948 209
1953 51 167 0 0 218
1961 25 172 19 0 216
1971 21 234 11 0 266
1981 0 197 0 1 198
1991 0 0 0 0 0
1994 0 60 0 0 60
2002 0 5 0 0 5
2021 0 0 0 0 0

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови уреди

Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина од 1912 година, во селото Рибница населението било староседелско од христијанска и муслиманска вероисповед.[4]

Македонски и албански родови биле: Ковачевци, Будаловци, Касами, Халири и Штутка.

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште[14]

Самоуправа и политика уреди

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Рибница се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Рибница, во која влегувале селата Грекање, Нивиште, Рибница и Тануше.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0483 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект во месноста Трница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[17]
Џамии[18]
Реки[19]

Личности уреди

Родени во Рибница

Култура и спорт уреди

Во 2018 година, во селото се одржале петтите по ред Горнорекански средби.

Селото е често одредиште за планинарите, кои од тука одат за планинските врвови на Кораб, како и до големиот Корапски Водопад на Длабока Река.[20]

Иселеништво уреди

На почетокот на XIX век голем број на родови од селото Рибница се иселиле во селото Гургурница на Сува Гора.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 147. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 250. Посетено на 6 мај 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.88
  6. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  7. Петровски, Панде (2006).Сведоштва „2001“. Битола: Киро Дандаро. стр. 97
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 мај 2020.
  14. „Се одржаа петтите Горно - рекански средби“. А1он (англиски). 2018-08-05. Посетено на 2020-05-06.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 мај 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 1 мај 2020.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 61. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. „Планинарско друштво Макпетрол“. www.makpetrol.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-23. Посетено на 2020-05-06.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди