Планината Рејнир — највисоката планина на Каскадните Планини на Северозападниот дел на Тихиот Океан, и највисока планина во американската држава Вашингтон. Рејнир претставува голем активен стратовулкан кој се наоѓа на 87 километри југоисточно од Сиетл, во Националниот парк Рејнир. Таа е најстарата топографски истакната планина во Континентален САД и Каскадните Вулкани, со височина од 4 392 метри.

Планина Рејнир
Поглед кон планината.
Највисока точка
Надм. вис.[1] NAVD88
Истакнатост13,210 ст (4,026 м) [1]
Изолираност[1]
Заведена како
Координати46°51′10″N 121°45′37″W / 46.8528857° СГШ; 121.7603744° ЗГД / 46.8528857; -121.7603744[2]
Географија
Планина Рејнир на карта

Карта

Матичен венецКаскадни Планини
ТопокартаUSGS Mount Rainier West
Геологија
Старост на карпата500,000 years
Видстратовулкан
Вулкански лакКаскадни Вулкани
Последен избувноември до декември 1894[3]
Искачување
Прво освојување1870

Вулканот се смета за еден од најопасните во светот, и е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи, земајќи ја предвид неговата историја на експлозивни ерупции и близината до населените места. Поради големата количина на леднички мраз, планината може да произведе големи лахари кои би можеле да ја загрозат целата долина на реката Пујалуп и претставува сериозна закана за јужните делови на метрополската област Сиетл од 3,7 милиони жители.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Mount Rainier, Washington“. Peakbagger.com. Посетено на January 1, 2016. (англиски)
  2. „Mount Rainier“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2008-10-15. (англиски)
  3. „Rainier“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-08-27. (англиски)

Надворешни врски уреди