Ренато Вугринец (словенечки: Renato Vugrinec; р. 9 јуни 1975 во Цеље) — професионален словенечки и македонски ракометар, кој играл во РК Металург и настапувал за Репрезентацијата на Македонија.

Ренато Вугринец
Лични податоци
Име и презиме Ренато Вугринец
Роден(а) 9 јуни 1975(1975-06-09)(48 г.)
Цеље, СР Словенија
Националност Словенија Македонија
Спорт Ракомет
Висина 1,95 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија РК Металург
Број 7
Сениорски клубови
-1997
1997-2004
2004-2006
2006-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2012
2012-
Словенија МРК Драва Птуј
Словенија РК Цеље
Германија СК Магдебург
Шпанија СДК Сан Антонио
Словенија РК Цеље
Катар Ал Сад Доха
Германија ХСФ Хамбург
Словенија РК Марибор Браник
Македонија РК Металург
Репрезентација
  Словенија Словенија 187 (616)[1]

Животопис уреди

Вугринец добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија донесена на владина седница на 10 декември 2013.[2]

Кариера уреди

Вугринец има настапувано на Летните олимписки игри 2000 и на Летните олимписки игри 2004.[3] По добивањето на македонското државјанство, тој настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.

На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ одигран во рамките на регионалната ракометна лига „СЕХА“, Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.[4]

Наводи уреди

  1. Večna lestvica nastopov za reprezentanco, 16 јуни 2013
  2. „Прибак и Вугринец станаа Македонци“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 декември 2012.
  3. „Олимпијада“. sports-reference. Архивирано од изворникот на 2012-09-28. Посетено на 14 јули 2012.
  4. „Збогум за Вугринец, младите стапија на сцена во Металург“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.