Реклама (од француски: réclame од латинското reclamo) — дел од комуникациската политика на маркетингот.

Определување на рекламата уреди

Во широка смисла на зборот, рекламата претставува определена форма на дејство врз определен поединец со употреба на средствата на комуникација сè со цел да се постигне определена претходно планирана цел. Во тесна смисла на зборот, рекламата претставува елемент на комуникацискиот систем на маркетингот чијашто крајна цел е продажба на определена стока или услуга.

Особености уреди

  • Рекламата е нелично општење
  • Рекламата во повеќето случаи се плаќа
  • Рекламата се стреми кон убедување
  • Рекламата секогаш е во јавна сопственост

Предности на рекламата уреди

  • Рекламата е средство на маркетинговиот микс кој може да опфаќа огромна аудиторија
  • Рекламата има голема контрола на соопштението кое сака рекламодавателот да го приокаже на учесниците во рекламниот пазар
  • Нејзината изразителност пред аудиторијата

Недостатоци на рекламата уреди

  • Основен недостаток на рекламата со согледува во тешкиот пат кој треба да го помине рекламодавачот сè со цел успешно да биде позиционирана стоката или услугата која се рекламира
  • За создавање на реклама и нејзинот прикажување преку медиумите се потребни големи материјални трошоци
  • Можно е да не се создаде обратна врска помеѓу клиентите и рекламата

Видови реклами уреди

Според областа уреди

  • Политичка
  • Економска
  • Социјална
  • Спортна
  • Културна.

Според рекламните средства уреди

  • Реклама во печатна форма
  • Реклама во електронска формат
  • Реклама на местото на продажба
  • Реклама преку изложба
  • Кинореклама
  • Реклама преку опаковка или амбалажа...

Достигање на рекламата до потрошувачите уреди

Еден од најважните елементи на рекламата е начинот преку кој самата реклама ќе дојде до потрошувачите на рекламираното добро или услуга. Како средства кои се користат за рекламирање на определена стока или услуга се: телевизија, радио, вестници, списанија, видеоигри, интернет или билборд.

Рекламата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Наводи уреди

  1. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 19.
  2. Discogs, Wire – Pink Flag (пристапено на 9.10.2021)
  3. Discogs, Dead Kennedys ‎– Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)