Региони во Нов Зеланд

Регион (анг. region) — формален поим за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални единици (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни управи. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од поединечна територијална управа на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните управи, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.

Карта на регионите и територијалните управи или единици (окрузите и градовите) на Нов Зеланд.

Должности уреди

Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните управи се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.

Региони уреди

 НортлендОклендОклендОклендВаикатоЗалив ПлентиГизборнХоков ЗаливТаранакиМанавату-ВангануиВелингтонТасманТасманНелсонМарлбороМарлбороЗападно КрајбрежјеЗападно КрајбрежјеКантербериОтагоСаутлендСаутленд
Региони во Нов Зеланд
Регион Регионален совет Админ. центар Остров Површина (км²)[1] Население[2] ISO 3166-2
1 Нортленд Регионален совет на Нортленд Фангареи Северен 13.941 179,100 NZ-NTL
2 Окленд Оклендски совет Окленд Северен 5.600 1,695,900 NZ-AUK
3 Ваикато Околина Ваикато Хамилтон Северен 25.598 468,800 NZ-WKO
4 Залив Пленти Регионален совет на Заливот Пленти Факатане Северен 12.447 305,700 NZ-BOP
5 Гизборн (1) Регионален совет на Гизборн Гизборн Северен 8.351 49,100 NZ-GIS
6 Хоков Залив Регионален совет на Хоковиот Залив Нејпиер Северен 14.164 165,900 NZ-HKB
7 Таранаки Регионален совет на Таранаки Стратфорд Северен 7.273 119,600 NZ-TKI
8 Манавату-Вангануи Регионален совет Хорајзонс Палмерстон Норт Северен 22.215 243,700 NZ-MWT
9 Велингтон Регионален совет на Велингтон Велингтон Северен 8.124 521,500 NZ-WGN
10 Тасман (1) Окружен совет на Тасман Ричмонд Јужен 9.786 52,100 NZ-TAS
11 Нелсон (1) Градски совет на Нелсон Нелсон Јужен 445 51,900 NZ-NSN
12 Марлборо (1) Окружен совет на Марлборо Бленем Јужен 12.484 46,600 NZ-MBH
13 Западно Крајбрежје Регионален совет на Западното Крајбрежје Грејмут Јужен 23.336 32,600 NZ-WTC
14 Кантербери Регионален совет на Кантербери Крајстчерч Јужен 45.346 624,000 NZ-CAN
15 Отаго Регионален совет на Отаго Данидн Јужен 31.990 229,200 NZ-OTA
16 Саутленд Регионален совет на Саутленд Инверкаргил Јужен 34.347 99,100 NZ-STL

(1) Овие региони се унитарни управни единици.

Области вон регионалните граници уреди

Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и подантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.

Раководство уреди

Советите се бираат со јавно гласање секои три години.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Густина на живеење: Табела 1 Архивирано на 28 ноември 2007 г., Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 (англиски) Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари.
  2. „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.

Надворешни врски уреди