Ревидиран јулијански календар

Ревидиран јулијански календар, познат како Мелетиев календар и новојулијански календар – воопштен назив за усвоената редакција на новиот календар на сеправославниот конгрес на чело со вселенскиот патријарх Мелетиј IV одржан во Цариград во 1923 година, која редакција била предложена од Милутин Миланковиќ, тогаш професор по небесна механика на Белградскиот универзитет.[1] Верификација на оваа одлука извршиле поедини синоди на православни цркви, додека други ја одложиле заради сложените верско-политички околности во нивните земји. Календарот како граѓански календар официјално не се употребува во ниедна држава на светот. Новиот календар го прифатиле Цариградската патријаршија, Александриската, Антиохиската, Грчката, Кипарската, Романската, Бугарската православна црква и Православна црква на Украина.[2] Се смета дека денес околу 50 милиони верници во светот го користат Мелетиевиот календар.

Портрет на Милутин Миланковиќ.
Портрет на Милутин Миланковиќ кон 1910 година

Календарско прашање уреди

После Првата светска војна се укажала потреба да се изврши реформа на јулијанскиот календар, кој бил во употреба во православните цркви и држави, а на која инсистирал патријархот Мелетиј со намера сите христијани во исто време да го празнуваат Божик. Во врска со тоа патријархот свикал православен собор во пролетта 1923 година за да се реши ова прашање.

Јулијански календар уреди

јулијанскиот календар го вовел римскиот цар Гај Јулиј Цезар 46 п.н.е., кој подоцна е наречен по него, а под влијание на кралицата на Египет, Клеопатра VII, чија престолнина била Александрија, а по математичкиот образец на астрономот од тој град, Сосиген. Според јулијанскиот календар годината трае 365 дена, но секоја четврта година е престапна и изнесува 366 дена. Од Сосигеновиот образец произлегува дека должината на годината е 365,25 дена или 365 дена и 6 часа. Ваквата година е подолга од тропската, која служи за одредување на промената на годишните времиња. Разликата меѓу тропска (сончева или сончева) година и јулијанскиот календар изнесува 11 минути и 14 секунди. Оваа разлика нараснува на еден ден после секои 128 години, или три дена за 400 години. Значајна новина која тогаш била воведена била прославата на Нова година на 1 јануари за разлика од претходната прослава на 25 март (пролетна рамнодневица) во Римското Царство.

Концепција на календарот уреди

Грегоријанскиот календар содржел два крупни недостатоци: за годината било земано дека има 365 и 1/4 дена како и дека 235 месечеви месеци претставуваат точно 19 сончеви години. Милутин Миланковиќ својот календар го базирал на анулирање на тогашната разлика меѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар од 13 дена, со што календарот бил доведен на ист датум како грегоријанскиот. Проблемот на престапни години го решил така што престапни години може да бидат оние кои се деливи со 4 без остаток, а секуларни години ќе бидат престапни само тогаш престапни ако нивниот број на векови, кога се подели со 9 дава остаток од 2 или 6. Сите останати секуларни годни се прости, што дава потполна прецизност на календарот до 2.800 година.

Вака конципираниот календар на Миланковиќ требало да се коригира дури после 28.800 години. До денес, иако фактички е прифатен на Сеправославниот конгрес на 30 мај 1923 година во Цариград, календарот на Миланковиќ не е применет.

Заклучоци на цариградскиот конгрес уреди

  • Тринаесет дена треба да му се додадат на јулијанскиот календар. Тие претставуваат акумулирана разлика во пресметувањето на времето од екуменскиот собор одржан во Никеја во 325 година.
  • Црковните празници кои паѓаат меѓу 1 и 14 октомври, а кои се изоставени од календарот, сите ќе се слават на 14 октомври, ако надлежни свештеник не предложи поинаку.
  • Сите месеци во годината ќе имаат ист број денови и во иднина како и дотогаш. Февруари ќе има 28 дена во проста година, а 29 дена во престапна.
  • Како и порано и понатаму ќе постојат два вида години: проста (непрестапна) со 365 дена и престапна со 366 дена. Престапна ќе биде секоја четврта година, односно она која е делива со бројот 4 без остаток.
  • Исклучок од правилото се секуларните (вековните) години: Секуларните или годините на столетијата (оние кои завршуваат со 00 на крајот) ќе бидат престапни само ако број на векови поделен со бројот 9 дава остаток 2 или 6. Со други зборови, ако бројот на години поделен со 900 дава остаток 200 или 600, таа година ќе биде престапна (2000, 2400, 2900, 3300, 3800, итн.). Останатите се прости (2100, 2200, 2300, 2500, 2600, 2700, 2800, 3000, 3100, 3200, 3400, 3500, 3600, 3700 итн.).
  • Фиксните световни празници ќе ги задржат датумите кои ги имале и дотогаш.
  • Подвижните празници ќе зависат од датумот на Велигден. Во согласност со канонските одредби, Велигден ќе се слави првата недела после полна Месечина после пролетната рамноденица.
  • Велигденската полна Месечина ќе биде одредена со астрономски пресметки, кои за репер го земаат меридијанот кој минува низ куполата на Христовиот храм во светиот град Ерусалим.
  • Вселенскиот патријарх ќе побара од Петроград, Атина, Белград и Букурешт да пресметаат долгорочна табела кога паѓа Велигден и должни се да им ја дадат на сите други православни цркви.
  • Оваа реформа на јулијанскиот календар не може ни на кој начин да биде пречка за подоцнежни промени кои може да бидат направени од другите христијански цркви.

Работа на календарот уреди

Миланковиќ на календарот почнал да работи во 1923 година, кога бил повикан во Министерството за вера, каде министерот Љубомир Јовановиќ му ја предочил иницијативата за промена на календарот, потекната од вселенскиот патријарх Мелетиј IV. Заради расчекор во календарите на христијанските цркви сите големи верски празници биле славени двапати, што внесувало културна збрка и предизвикувало стопански загуби во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Требало Миланковиќ како делегат, заедно со митрополитот црногорско-приморски Гаврило Дожиќ, учествува на православниот конгре и таму да го изложи предлогот за реформа кој го одобрил синодот на Српската православна црква. Автор на пресметката на предлогот бил средношколскиот професор по математика Максим Трпковиќ.

Милутин Миланковиќ овој проект темелно го планирал. Ја собрал целокупна расположлива литература за календарите и посебно грижливо го проучил предлогот на Трпковиќ. Реформата која ја предложил во Цариград била едногласно усвоена, а тој по враќањето во Белград примил благодарница од патријархот Мелетиј.

Догматски прашања уреди

Реформата на календарот подразбирала две прашања. Првото било надминување на разликата во време меѓу јулијанскиот календар и точното Сончево време нарасната од Никејскиот собор во 325 година, кога календарот бил усвоен. Исто така, требало да се дефинира интеркалационо правило за утврдување на престапни години со кои се дотерува траењето на календарската година.

Друго прашање, посебно важно за црквата, било утврдување на датумот на Велигден и другите подвижни верски празника кои зависат од него.

Канонските одредби на црквата налагаат прослава на Велигден во првата недела после полната Месечина по пролетната рамноденица. Меѓутоа, датумите на Месечевите мени, а со тоа и Велигден и православната и католичката црква ги одредуваат со епактна пресметка, заснована на таканаречениот Метонов круг.

„Зошто, при одредувањето на тие мени, да се придржува до Метоновиот круг кој не е никаква христијанска одредба, кога тие може точно да се претскажат со астрономска пресметка”, се прашал професорот по небесна механика, Миланковиќ, па со одобрение на конгресот епактната пресметка ја заменил со астрономска.

Така во текстот на конечната одлука на конгресот за реформата на календарот е запишано дека пасхалната полна Месечина ќе се одредува на основа астрономските проучувања, секогаш земајќи го предвид остварениот напредок во науката. Датумот на Велигден ќе се одредува секогаш според времето на светиот град Ерусалим. Цариградската патријаршија ќе ги замоли ѕвездарниците или катедрите по небесна механика на универзитетите во Атина, Белград, Букурешт и Пулкови (Петроград), да изработат долгорочни пасхални таблици кои ќе им ги соопштат на сите православни цркви.

Потоа календарот го примениле само грчката, романската, цариградската и александриската црква. Миланковиќ забележал дека Архијерејскиот собор на Српската православна црква во септември 1923 година во Сремски Карловци во начело го усвоил новиот календар, но спроведувањето е одложено за време „кога реформираниот календар ќе го прифатат и примент сите останати православни цркви “.

Прецизност во однос на останатите календари уреди

Календар Автор и година на настанување: Отстапување во однос на астрономската година
Јулијански Сосиген од Александрија, 45 п. н. е. 11 минути и 14,75 секунди
Персиски Омар Хајам, 1079. год. 20,20 секунди
Грегоријански Лујџи Лилио, 1582 г. 26,75 секунди
Реформиран јулијански Максим Трпковиќ и Милутин Миланковиќ 1900—1923 г. 2,75 секунди

Поврзано уреди

Навподи уреди

Надворешни врски уреди