Ревеник или Равеник (грчки: Μεγάλη Παναγία) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мегали Панагија бил дел од општина Ревеник[2].

Ревеник
Μεγάλη Παναγία
Ревеник is located in Грција
Ревеник
Ревеник
Местоположба во областа
Ревеник во рамките на Аристотел (општина)
Ревеник
Местоположба на Ревеник во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 23°39′E / 40.483° СГШ; 23.650° ИГД / 40.483; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаРевеник
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.592
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.23720-3

Географија и местоположба уреди

Стано се наоѓа на 31 километри северозападно од гратчето Ерисово и на 99 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 440 метри. Ревеник се наоѓа во подножјето на ридот Хтикела, дел од јужното подножје на Холомонда[3]. На четири километри од селото се наоѓа манастирот „Света Богородица Заштитничка“.

Ревеник опфаќа површина од 110 квадратни километри.

Историја уреди

Ран период уреди

Селото е едно од главните на полуостровот и истовремено едно од најстарите. Неговото име често се споменува во светогорските документи. Најраното сведоштво за него постоење е споменувањето на тврдината „Аравеникија“ (καστέλιον Αραβενικαίας) во 1379 година. Црквата „Рождество Богородично“ во тврдината се смета дека била изградена во 1007 година[4]. На реката во селото е зачуван камен мост, кој се смета дека бил изграден пред илјада години.

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство, како едно од најголемите во овој регион. Селото во текот на 1821 година, односно за време на Грчката војна за независност било разрушено.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 1120 жители Грци[5].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 865 Грци[6].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година селото било преименувано во Мегали Панагија, според името на црквата „Света Богородица“.

Во 1932 година многу стари куќи на селото биле разурнати од земјотресот од Јерисос. Селото настрадало и во текот на Втората светска војна. Во 1955 година била изградена најголемата парохиска црква „Свети Василиј“.

До 2011 година селото претставувало центар на општина Мегали Панагија.

Демографија уреди

На пописот од 1913 година биле евидентирани 1620 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1862 жители. Во 1928 година селото броело 2077 жители, додека во 1940 година селото броело 2354 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2058 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2477 жители, во 1971 година имало 2358 жители, во 1981 година имало 2397 жители, додека во 1991 година имало 2620 жители[7]. Денеска, населението на селото е 2592 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2354 2058 2477 2358 2397 2620 2727 2592
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура уреди

Во селото има 12 основни училишта, 2 градинки, средно училиште и фудбалски тим, клиника, градското собрание итн. Во селото, кое има изглед на мало гратче постојат поголем број на трговски и занаетчиски дуќани, полициска станица и пошта.

Населението главно се занимава со производство на маслинка и други јужни овошја.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Municipality of Aristotle
  4. „Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-10.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врски уреди