Ребека е американски филм (психолошко-драматичен трилер) од 1940 година, режиран од Алфред Хичкок, како прв негов американски проект и прв филм продуциран со договорот со Дејвид О. Селзник. Сценариото на филмот е адаптирано од Џоен Харисон и Роберт И. Шервуд, според истоимената новела на Филип Мекдоналд и Мичел Хоган од 1938 година.[1] Главните улоги ги играат: Лоренс Оливие (како аристократскиот вдовец, Максим де Винтер), Џоан Фонтејн (како неговата втора жена) и Џудит Андерсон (како куќната помошничка, госпоѓа Денверс).

„Ребека“
Филмскиот плакат
РежисерАлфред Хичкок
ПродуцентДејвид О. Селзник
РаскажувачЏоен Фонтејн
Главни улогиЛоренс Оливие
Џоен Фонтејн
Џудит Андерсон
МузикаГранц Ваксмен
КинематографијаЏорџ Барнс
МонтажаВ. Дон Хејс
СтудиоSelznick International Pictures
ДистрибутерUnited Artists
Премиерааприл 12 1940 (1940-04-12)
Времетраење130 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$1,288,000

Овој филм е готска приказна за бавната меморија на насловниот лик, за смртта на жената на Максим де Винтер, која продолжува да го прогонува, како и за неговата нова невеста. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, но совоил две, меѓу кои и Оскар за најдобар филм. Оливие, Фонтејн и Андерсон биле номинирани за „Оскар“ за нивните улоги. „Ребека“ е единствениот филм кој освоил „Оскар“ за најдобар филм, но не и за глума, режија или сценарио. „Ребека“ бил првиот прикажан филм на првото издание на Берлински интернационален филмски фестивал во 1951 година.[2]


Наводи уреди

  1. Ребека на „IMDb“
  2. „Прв берлински интернационален филмски фестивал“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2010-01-30. Посетено на 2012-07-17.

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>