Рајан Џозеф Гигс (р. 29 ноември 1973 во Кантон, Кардиф) — велшки пензиониран професионален фудбалер, кој целата своја професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Тој се докажа како лево крило за време на 1990-тите и прдолжи да игра добро на оваа позиција и во почетокот на двеилјадитата година, но беше сè повеќе и повеќе употребуван и подлабоко во плејмејкерска улога во неговите подоцнежни години. Гигс е најодликуваниот играч во англиската фудбалска историја. На 16 мај 2009 година, стана првиот фудбалер кој освоил 11 шампионски медали во Англиската најквалитетна лига. Гигс беше првиoт фудбалер во историјата што освои двe последователни награди (1992 и 1993 година) за младински играч на годината од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, и е единствениот фудбалер што има играно и постигнувано голови во секоја сезона на Премиер лигата. Гигс има долготрајна домашна и континентална кариера и е единствениот фудбалер во историјата на УЕФА Лигата на шампиони што има постигнато голови во 11 последователни сезони, и како резултат на тоа е избран во тимот на векот во 2007 година од страна на асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, во тимот на декадата во Премиер лигата, во 2003 година, како и во тимот на векот во ФА купот. Тој е исто така единствениот играч на Јунајтед кој има играно во сите 11 тимови на Јунајтед кои ја освоиле Премиер лигата икако и првите три тима тима кои го освоиле Лига купот. Во финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2008 година, одржано на 21 мај 2008 година, Гигс го надмина рекордот на Сер Боби Чарлтон со 758 настапи за Манчестер Јунајтед и стана клупски водач во настапи на сите времиња.

Рајан Гигс
Гигс во 2010.
Лични податоци
Полно име Рајан Џозеф Гигс[1]
Роден на 29 ноември 1973(1973-11-29)(50 г.)
Роден во Кардиф, Велс
Висина 1.79 м (5 ст 10 ин)[2]
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
(привремен играч-тренер)
Број 11
Младинска кариера
1985–1987 Манчестер Сити
1987–1990 Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990– Манчестер Јунајтед 672 (114)
Репрезентација
1989 Англија до 16 години 1 (1)
1989 Велс до 18 години 3 (0)
1991 Велс до 21 година[3] 1 (0)
1991–2007 Велс 64 (12)
2012 Велика Британија 4 (1)
Тренер на екипи
2014– Манчестер Јунајтед (привремен играч-тренер)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 26 март
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 20 јули

На интернационално ниво, Гигс играше за репрезентацијата на Велс сè до неговото пензионирање од меѓународниот фудбал на 2 јуни 2007 година, и еднаш беше најмладиот фудбалер кој некогаш ја претставувал својата држава. Во збирката на многуте почести кои Гигс ги доби со фудбалот како што е да се биде именуван во 100-те легенди на Фудбалската лига (тој е единствен активен фудбалер на листата), тој беше избран за Офицер на Редот на Британската Империја во листата за почести за роденденот на Кралицата во 2007 година, и беше внесен во Куќата на славните на Англискиот фудбал во 2005 година, за неговата улога во Англискиот фудбал. Тој беше именуван како BBC Спортска личност на годината во 2009 година.

Почетни години уреди

Роден како Рајан Џозеф Вилсон (тој подоцна го присвои моминското презиме на неговата мајка за негово професионлно презиме) во болницата Сент Давид во Кантон, Кардиф, од Дани Вилсон, рагби играч кој играл за Крдиф РФК, и Лине Гигс (сега Лине Џонсон), како дете пораснал во Ели, станбена област во западен Кардиф. Неговиот помлад брат Родри ги водеше Салфорд Сити кои не се натпреваруваа во лигата. Тој помина многу време со родителите на неговата мајка играјќи фудбал на патиштата до нивната куќа во Пентребан. Во 1980 година, Гигс имаше шест години, неговиот татко потпиша за Свиндон РЛФК, принудувајќи го целото семејство да се пресели на север во Свиндон, град во Салфорд, Грејтер Манчестер. Преселбата беше трауматична, бидејќи Гигс беше многу близок со неговите дедо и баба во Кардиф, но тој често се враќаше таму со неговата фамилија за викенди или за школските распусти. Гигс е дете од мешани раси- неговиот дедо е од Сиера Леоне и говореше за расизмот со кој се соочувал како дете.

По преселбата во Стафорд, Гигс настапи за локалниот тим, Динс ФК, кои беа тренирани од скаутот на Манчестер Сити Денис Скофилд. Неговиот прв натпревар за Динс заврши со пораз од 9-0 за Стритфорд Викс но, како и да е, многу луѓе признаа дека Гигс бил најдобриот играч на теренот тој ден. Скофилд го препорача Гигс до Манчестер Сити, и беше запишан во нивното училиште. Во меѓувреме, Гигс, продолжи да игра за Салфорд Бојс, кои стигнаа до финалето на натпреварот на Гранада училишниот куп на Енфилд во 1987 година. Гигс го предводеше тимот Салфорд до победа над нивните противници од Блекбурн, и трофејот му беше предаден од страна на главниот скаут на Ливерпул Рон Јетс. Јетс беше импресиониран од перформансите на Гигс, и го препорача на менаџерот на Ливерпул Кени Даглиш, но Гигс беше веднаш одбран од Манчестер Јунајтед. Додека играше за Динс, Гигс редовно беше набљудуван од локалниот агент и стјуард од Олд Трафорд Харолд Вуд кој редовно го препорачуваше младото момче на сениорскиот персонал на Манчестер Јунајтед да го добијат. Вуд зборуваше лично со Алекс Фергусон кој испрати скаут кој беше импресиониран доволно за Јунајтед да понуди проба за време на Божиќниот период во 1986 година. Гигс играше меч за Салфорд Бојс против Јунајтед под 15 години на Клиф и постигна хет-трик, додека Фергусон го гледаше од прозорецот на неговата канцеларија. На 29 ноември 1987 година (неговиот 14-ти роденден), Фергусон помина во куќата на Гигс со скаутот на Јунајтед Џо Браун и му понудија две години како вонреден ученик. Тие му понудија младински договор и го убедија да потпише со нудење на можност за да го претвори во професионален за три години. Гигс потоа потпиша за рекордни за непрофесионален договор 350 000 фунти, кои сè уште се највисоки. Гигс беше капитен на Англија на школско ниво, играјќи на стадионот Вембли против Германија во 1989 година. Тој го промени неговото презиме на возраст од 15 години, кога неговата мајка се прамажи. Неговите родители се разделија две години порано.

Првиот тим на Манчестер Јунајтед уреди

Гигс го забележа неговиот прв настап за клубот за време на сезоната 1990-91 и беше постојан играч од сезоната 1991-92. Тој го држи клупскиот рекорд за настапи, и клупскиот рекорд за освоени тимски трофеи од страна на играч (23). Од 1992 година, тој освои 11 Премиер лигашки титули, 4 ФА куп титули, 3 Лига куп титули, 2 титули во Лигата на шампиони. Тој има медал и како финалист во Лигата на шампиони, 3 како финалист во ФА купот, и 2 од финалињата во Лига купот, и беше дел од тимовите на Јунајтед кои четири пати завршија втори во лигата. Во последните години, Гигс беше капитен на тимот во многу прилики, практично во сезоната 2007-08 кога првиот капитен Гери Невил беше надвор од теренот поради многуте повреди. Гигс е единствениот играч кој играше во секоја сезона од Премиер лигата за еден клуб и постигнуваше погодок во секоја сезона од Премиер лигата за било кој клуб.

Деби и сезона на пробив уреди

Гигс потпиша професионален договор на 29 ноември 1990 година (на неговиот 17-ти роденден), од кога беше опишуван од многу извори како еден од најголемите проспритети на Англискиот фудбал од Џорџ Бест во 1960-тите. Во ова време, Јунајтед го освои ФА купот- нивниот прв значаен трофеј од ангажирањето на Алекс Фергусон како менаџер во ноември 1986. После две несигурни сезони во лигата каде што завршуваа во средината на табелата, тие конечно започнаа да му се закануваат на доминантноста на Ливерпул и Арсенал, но тие завршија само шести таа сезона. Барањето на Фергусон за успешно лево крило не беше лесно од разделбата со Јеспер Олсен две години порано. Прво го потпиша Ралф Милн, но играчот не беше успешен во Јунајтед и играше само една сезона во првиот тим пред Фергусон да го доведе крилото од Саутемптон Дани Валас во септември 1989. Валас потфрли во повторувањето на перформансите што го направија еден од најценетите крилни играчи на јужниот брег, и сè до времето кога Гигс потпиша професионален договор тој се бореше со деветнаесет годишниот Ли Шарп за улогата на прв избор за лево крило. Гигс своето деби во лигата го направи против Евертон на Олд Трафорд на 2 март 1991 година, како измена за повредениот бек Денис Ирвин во поразот од 2-0. Во неговиот прв старт, Гигс го постигана неговиот прв гол во победата од 1-0 во Манчестерското дерби, на 4 мај 1991 година, но подоцна се покажа дека е автогол на Колин Хендри. Како и да е, не беше вклучен во составот од 16 играчи што ја порази Барселона во УЕФА Купот на победниците 11 дена подоцна. Ли Шарп, кој сега ја доби трката да го замени Дани Валас како постојано лево крило на Јунајтед, се појави на теренот како лево крило на Јунајтед, додека Валас беше избран како замена. Тој стана постојан првотимец во почетокот на сезоната 1991-92, сè уште останувајќи активен во младинскиот состав и капитен на тимот кои од младинци на Феги станаа победници на ФА купот за млади фудбалери во 1992. Гигс влезе во првиот тим иако имаше само 17 години, ги покажа неговите вештини и зрелост, и си го поплочи патот како прв од многуте млади играчи на Манчестер Јунајтед кој премина во првиот тим на Фергусон. Како најмлад член во составот на Јунајтед, Гигс му се обрати на постарите играчи како Брајан Робсон за совет. Робсон препорача да потпише со Хари Свалс, агент кој самиот наследи од Кевин Киген. Таа сезона, Гигс настапуваше за тимот кој заврши зад Лидс Јунајтед во последната година од старата Прва дивизија пред да настане Премиер лигата. Јунајтед ја предводеше табелата поголемиот дел од сезоната пред серијата разочарувачки резултати во април кога беа претекнати од тимот од Западен Јоркшир. Гигс го доби првиот сребрен медал на 12 април 1992 година откако Јунајтед беше поразен во финалето на Лига купот од Нотингем Форест, откако Гигс му намести погодок на Бриан МекКлаир да го постигне единствениот погодок на средбата. На крајот на сезоната, беше прогласен за најдобар млад фудбалер на годината од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери на англија- награда која му беше доделена на неговиот колега Ли Шарп една година порано.

Почетоците на кариерата уреди

Од почетокот на сезоната 1992-93, прва сезона од новоформираната Премиер лига, Гигс беше цврсто естаблирам како прв избор за левата крилна позиција на Јунајтед, и стана познат како еден од најневероватните млади фудбалери во Британскиот фудбал, каде што исто така Гигс беше познат како поневеројатна половина од двете англиски најдобри млади крила, заедно со Стив МекМанаман, кој беше копија од ерата на крилата на Стенли Метјуз во 1950-тите, и за нивната можност да ја ,, посрамотат одбраната со нивните итри движења, кои премногу често немаа финален допир кој го посакуваа”. Гигс, како водач во ова ново заживнување на брз модерен фудбал после традиционалните години на стиловите на долги топки од претходните декади, играше клучна улога во преобразувањето на англискиот фудбал, и му помогна на Јунајтед за нивната прва шампионска титула во лигата по 26 години, и покрај тоа што не дојдоа на врвот дури до Божиќ и ја победија конкуренцијата од тогаш големите вложувања на Астон Вила и Блекбурн Роверс како и изненадувањето во шампионската битка Норич Сити.

 
Гигс играјќи за Јунајтед.

Неговото откривање и доаѓањето на Ерик Кантона ја најави доминацијата на Јунајтед во новата лига. Неговиот менаџер беше многу заштитнички настроен кон него, одбивајќи да му дозволи на Гигс да биде интервјуиран сè додека не наполни 20 години, и конечно му го дозволи првото интервју на Дес Линам од BBC за ,,Натпревар на денот” во сезоната 1993-94. Ова беше сезона кога Јунајтед ја освои двојната круна и Гигс беше еден од клучните играчи заедно со Ерик Кантона, Пол Инс и Марк Хјуџис. Ли Шарп, играчот кој Гигс го отстрани од левата крилна позиција две години претходно, сега се бореше со Андреј Канчелскис за десната крилна позиција- и двата играчи имаа клучни улоги во клупскиот успех. Тие беа на врвот на табелата од четвртиот натпревар од крајот на август и не беа престигнати цела сезона. Гигс исто така играше за Јунајтед во финалето на фудбалскиот Лига куп, каде беа поразени со 3-1 од Астон Вила, уништувајќи ги надежите за уникатна домашна тројна круна. Надвор од теренот, весниците објавија дека Гигс има ,,самостојна револуционерна слика за фудбалот” кога се појави како тинејџер ,,со брзина на оган, црна коса обвиткана околу неговото детинесто лице на поп ѕвезда, и импресивна, леплива врска помеѓу неговата неверојатно брза лева нога и фудбалската топка”. Како резултат на ова, му беа овозможени многу шанси кои обично не му беа доделувани на фудбалери на негова возраст, како што беше водење негово сопствено телевизиско шоу, Фудбалските вештини на Рајан Гигс, што се појави во 1994 година, и исто имаше и книга заснована на оваа серија. Гигс беше дел од обидот на Премиер лигата да се промовира себеси глобално, повторно создавајќи ја сликата после хулиганството- бледите години во 1980-тите и тој претстави безброј фудбалски корици, станувајќи домашно име, и пополнувајќи ја ерата кадешто фудбалерите почнаа да стануваат славни идоли во пар со поп звездите, во и околу средината и крајот на 1990-тите. Наспроти неговата одбивност од внимание, Гигс исто стана тинејџерски пин-ап и еднаш беше опишан како ,, Првото момче од постерите во Премиер лигата”, и ,, чудо од дете”, несомнено оригинален фудбалер кој го испрати терминот во јавната лексика. Беше претставен како првата фудбалска ѕвезда која ја претстави јавната имагинација на начин невиден од времето на Џорџ Бест. Иронијата беше во тоа што Бест и Боби Чарлтон го опишуваа Гигс како нивен омилен млад играч, одејќи до тренинг игралиштето Клиф само за да го гледаат, каде Бест еднаш даде духовита забелешка, ,,Еден ден тие можеби дури и ќе кажат дека јас бев другиот Рајан Гигс.” Гигс докажа дека е одличен постигнувач на голови, многу од неговите незаборавни голови беа ставани во потесен круг за многуте награди за гол на сезоната. Најшироко се сметаат за најдобри оние против Квинс Парк Ренџерс во 1993, Тотенхем во 1994, Евертон во 1995, Ковентри во 1996, и најневеројатниот од сите, неговиот соло погодок против Арсенал во повторниот натпревар од полуфиналето во ФА купот во 1999 година. За време на продолженијата, Гигс за собра топката во негов посед по губењето на топката на Патрик Виеира, потоа трчаше од средишната линија, дриблајќи ја и поминувајќи преку целата дефанзивна линија на Арсенал, вклучувајќи ги и Тони Адамс, Ли Диксон и Мартин Кион пред да лансира удар со левата нога веднаш под пречката на Дејвид Симан. Тој препознатливо го подигна неговиот дрес и се втрча да прослави со неговите соиграчи. Исто така има измена и тој е последниот гол вака постигнат во полуфиналињата од ФА купот, од наредната сезона, полуфиналињата од ФА купот се решавани во еден натпревар, со ектра време и шутирање на пенали ако е потребно.

Средината и крајот на 1990-тите уреди

Во сезоната 1994-95 Гигс беше подложен на повреда и во 29 натпревари од Премиер лигата и постигна само 1 гол, подоцна во сезоната се опорави и ја подобри неговата форма и физичка подготвеност, иако беше премногу касно да му помогне на Јунајтед да освои некој голем трофеј. Неуспехот да го победат Вест Хем Јунајтед на последниот натпреварувачки ден од сезоната ги чинеше губење на титулата во Премиер лигата од Блекбурн Роверс. Една недела подоцна, Гигс влезе како замена во финалето од ФА купот против Евертон, но Јунајтед загуби со 1-0. Тоа беше фрустрирачка сезона за играчот и клубот, и Гигс не беше единствениот клучен играч кој беше надвор од игра во пресудни натпревари. Рој Кин, Ли Шарп и Андреј Канчелскис имаа забележително отсуство поради повреди, додека Ерик Кантона ги пропушти последните четири месеци од лигашката кампања (и првите шест недели од наредната) откако беше казнет за инцидент за време на натпреварот со Кристал Палас кон крајот на јануари. Попозитивно гледано во сезоната 1994-95, Гигс се најде на списокот на стрелците двапати на отворањето во Лигата на шампионите против Копенхаген (во победата од 4-2, иако Јунајтед неуспеа да се пласира во четврт финалето) и исто постигна гол четвртата рунда од ФА купот во победата против Врексам, што значи дека постигна четири во сите натпреварувања таа сезона. Крајот на сезоната во 1995 година донесе многу контроверзи откако Јунајтед ги продаде Пол Инс, Марк Хјуџис и Андреј Канчелскис и ја започна сезоната без некое поголемо засилување, иако тие го доведоа Енди Кол на тој ранг за национален рекорд од 7 милиони фунти на половина од сезоната. Во 1995-96 година, Гигс се врати во потполна форма и играше витален дел во уникатната втора двојна круна на Јунајтед, неговиот гол против Евертон на Гудисон Парк на 9 септември 1995 година беше во потесниот круг за наградата гол на сезоната, иако беше победен во гласовите од голот на Џорџи Кинкладзе од Манчестер Сити. Во ноември таа сезона, Гигс постигна два гола во мечот од Премиер лигата против Саутемптон, веројатно неговото најдобро издание во сезоната, каде Јунајтед победи со 4-1 да го задржи притисокот на страната на Њукасл Јунајтед кои всушност имаа позитива од 10 бода на 23 декември но беа конечно престигнати од Јунајтед во средината на март. Гигс беше исто така во составот на Јунајтед во победата над Ливерпул во финалето на ФА купот на 11 мај 1996 година, каде Ерик Кантона го постигна победничкиот погодок и единствен гол на натпреварот. Од сега, Гигс имаше неколку нови клучни колеги во пробивот на младинците Гери Невил, Фил Невил, Ники Бат, Дејвид Бекам и Пол Сколс. Бекам ја презеде десната крилна позиција од Андреј Канчелскис и Бат го наследи Пол Инс на централната средна позиција за да го комплетира новиот изглед на средината на Јунајтед со Гигс и Рој Кин. Во сезоната што следеше, Гигс ја имаше првата вистинска шанса да заблеска во Европа. Играјќи клучна улога во освојувањето на Јунајтед на нивната трета титула во лигата во четири сезони, тој му помогна на тимот да стигне до полифиналето на УЕФА Лигата на шампионите, првпат за Јунајтед по 28 години. Како и да е, нивните надежи за европска слава беа прекинати од страна на Борусија Дортмунд, кои ги оддалечи со победата во двата натпревари во полуфиналето од по 1-0. На крајот на сезоната, играчот на Јувентус Алесандро Дел Пјеро им кажа на италијаските медии дека Гигс бил еден од двајцата негови омилени играчи, и ја даде следнава незаборавна мисла; ,,Ова е засрамувачко да се каже, но јас имам заплачено двапати во мојот живот гледајќи фудбалер, првиот беше Роберто (Баџо) и вториот беше Рајан Гигс.“ Во сезоната 1997-98, Јунајтед беа победени за титулата од Премиер лигата од Арсенал, проследени со непосакувана форма од март до почетокот на април, беа оставени без трофеј за само вторпат од 1989. Во оваа сезона, Гигс пропушти многу натпревари поради повреда, но кога беше здрав неговата форма беше постојано одлична и тој играше во двете финалиња на куповите за Јунајтед таа сезона. Значајни моменти беа неговиот гол во продолжението во полуфиналето од ФА купот против Арсенал за победа на Јунајтед од 2-1, и неговиот израмнувачки гол во деведесетата минута во натпреварот на домашен терен од УЕФА Лигата на шампиони против Јувентус, реми 1-1 по кое две недели подоцна следеше 3-2 победа во Торино каде што Јунајтед се врати од негатива од два гола. Најзначајно во сезоната 1998-99 беше кога Гигс го намести израмнувачкиот гол постигнат од Теди Шерингам во финалето од УЕФА Лигата на шампиони во 1999 година против Баерн Минхен, што му го отвори патот на Јунајтед за тројната круна. Напаѓачот Оле Гунар Солскер го постигна победничкиот гол во последните моменти од натпреварот две минути подоцна. Гигс беше исто играч на натпреварот кага Јунајтед го победи Палмеирас и го освои Меѓународниот куп подоцна таа година.

2000–2005 уреди

 
Рајан Гигс, 2006

Гигс стана играчот со најдолг стаж во Јунајтед по повлекувањето на Денис Ирвин во мај 2002 година, и стана значаен дел од клубот, и покрај тоа што сè уште имаше дваесеттина години. Гигс продолжи со брилјантната игра и во четирите години што следеа по тројната круна во 1999 година. Јунајтед беа шампиони во Премиер лигата во три од четирите години што следеа по тројната круна, како и беа трипати во четвртфиналињата на УЕФА Лигата на шампиони и еднаш полуфиналисти во истата лига. Ја прослави неговата десетгодишнина на Олд Трафорд со специјален меч против Селтик на почетокот на сезоната 2001-02. Како и да е, ова беше една од најразочарувачките сезони за Јунајтед откако Гигс играше за нив, како резултат на лошата натпреварувачка форма на почетокот на зимата која ги чинеше титула во Премиер лигата и изненадувачко испаѓање од Лигата на шампионите со головите во гости во полуфиналето од германските аутсајдери Баер Леверкузен. Година подоцна, во есента 2002 година, Гигс го постигна неговиот стоти гол во кариерата во нерешениот натпревар со Челзи на Стемфорд Бриџ. Тој играше во неговиот четврт триумф во ФА купот на 22 мај 2004 година, што го направи еден од само двајцата играчи (другиот е Рој Кин) што го освоиле овој трофеј четири пати додека играле за Манчестер Јунајтед. Тој исто така заврши и како вицешампион трипати (1995, 2005 и 2007 година). Неговото учество во победата над Ливерпул во септември 2004 година го направи третиот играч кој изиграл 600 натпревари за Јунајтед, заедно со Сер Боби Чарлтон и Бил Фоулкс. Тој беше вклучен во Куќата на славните на Англискиот фудбал во 2005 година како благодарност за неговиот придонес кон Англискиот фудбал.

Од 2006 уреди

После таа сезона, Гигс потпиша двегодишно продолжување на договорот со Јунајтед кога извршниот директор Дејвид Гил отстапи од својата вообичаена политика да не потпишува со фудбалери постари од 30 години на повеќе од една година. Тој подоцна потпиша уште три понатамошни договори на по една година продолжување, кои ќе го задржат на Олд Трафорд најмалку до јуни 2011 година, кога ќе има 37 години. Гигс избегна да биде сериозно повреден и покрај проблемите кои ги имаше со тетивата на коленото. На 6 мај 2007 година, кога Челзи можеа да извадат само нерешен резултат 1-1 со соперниците од Лондон тимот на Арсенал, Манчестер Јунајтед стана шампион на Англија. Тогаш, Гигс постави нов рекорд од девет премиерлигашки титули, поминувајќи го рекордот од осум кој го делеа Алан Хансен и Фил Нил (кои ги освоија сите нивни титули со Ливерпул). Гигс играше значајна улога во победата на Манчестер Јунајтед во Черити Шилд по погодокот во првото полувреме со што натпреварот заврши нерешено 1-1, по што следеше триум на пенали за Црвените Ѓаволи откако голманот Едвин ван дер Сар ги одбрани сите три пенали на Челзи. Во сезоната 2007-08, Алекс Фергусон адаптираше ротациски систем помеѓу Гигс и новодојдените Нани и Андерсон. И покрај тоа, Гигс остана прв изборор во битката со Челзи на Олд Трафорд и по еден пробив навор од неговата позиција му намести на Карлос Тевез да го постигне неговиот прв гол за Јунајтед.

 
Гигс после мечот со Манчестер Сити во февруари 2008 година

Гигс го постигна својот стоти лигашки погодок за Јунајтед против Дерби Каунти на 8 декември 2007 година, што Јунајтед го доби со 4-1. Уште значајни настани беа достигнати: на 20 февруари 2008 година кога го забележа стотиот настап во УЕФА Лигата на шампиони во меч против Лион и на 11 мај 2008 фодина кога влезе како замена за Парк Џи-Сунг и го изедначи рекордот на Сер Боби Чарлтон од 758 настапи за Јунајтед. Гигс го постигна вториот погодок во тој меч, кој му ја донесе него, и на Јунајтед десеттата Премиерлигашка титула. Десет дена подоцна, на 21 мај 2008 година, Гигс го помина рекордот на Боби Чарлтон во настапи за Јунајтед кога влезе во 87-мата минута како замена за Пол Сколс во финалето од Лигата на шампионите против Челзи. Јунајтед го доби финалето, поразувајќи ги Челзи 6-5 на пенали откако резултатот по проделженијата беше нерешен 1-1. Гигс со победата на пенали за Јунајтед му се придружи на Стив МекМанаман и на тимскиот колега Овен Харгрејвс како единствени Британски фудбалери кои играле и победиле во повеќе од едно финале во Лигата на шампиони. (Ова не важи за Купот на Европа во кој неколку играчи на Нотингем Форест го достигнаа ова во 1979 и 1980 година и за неколку играчи на Ливерпул кои победија во 1977, 1978, 1981 и 1984 година) Гигс го подигна трофејот од Лигата на шампионите со Рио Фердинанд како капитен откако Гери Невил беше надвор од игра речиси цела сезона поради повреда. На почетокот на сезоната 2008-09 за Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон започна да го позиционира Гигс во центарот на средината, позади напаѓачите, наместо на неговата омилена крилна позиција. Гигс оттгаш се адаптираше многу добро на неговата нова позиција и направи две асистенции во натпреварите против Миделсброу и Алборг. Сер Алекс Фергусон во интервју кажа, ,,(Гигс) — многу корисен играч, ќе наполни 35 години овој ноември но на 35 може да биде сè уште клучен играч за Јунајтед. На 25 години, Рајан ги разбиваше одбранбените играчи со продори кон корнер знамето, но на 35 години, ќе игра подлабоко.” Гигс започна да зема тренерска значка и Фергусон посочи дека би сакал Гигс да биде во неговиот тренерски персонал откако ќе се пензионира како што направи Оле Гунар Солскер.

 
Рајан Гигс, 2008

На 8 февруари 2009 година, Гигс го постигна неговиот рекорд и стана единствениот играч кој постигнал гол во секоја сезона од Премиер лигата од настанувањето во 1992 година со постигнувањето на единствениот гол во победата над Вест Хем Јунајтед од 1-0. Следејќи ги шпекулациите таа година, во февруари 2009 година, Гигс потпиша едногодишно продолжување на неговиот дотогашен договор кој истекуваше во јуни 2009 година. После успешната сезона, Гигс беше во потесен круг со уште четири други соиграчи од Манчестер Јунајтед за наградата Играч на годината. На 26 април 2009 година, Гигс ја доби наградата, и покрај тоа што имаше стартувано во само дванаесет натпревари за време на сезоната 2008-09 (за време на доделувањето на трофејот). Ова беше првпат во кариерата Гигс да ја добие наградата. За време на церемонијата, Алекс Фергусон му ја даде неговата поддршка на Гигс за освојување на наградата и посочи дека е пригоден момент да му се даде за неговото долготрајно придонесување за фудбалот. Гигс го забележа неговиот 800-тоти настап за Манчестер Јунајтед на 29 април 2009 година, во полуфиналето од УЕФА Лигата на шампиони во победата од 1-0 над Арсенал. На 16 мај 2009 година, Манчестер Јунајтед ја освои титулата во Премиер лигата по нерешениот резултат 0-0 со Арсенал, и Рајан Гигс како и Манчестер Јунајтед ја освоија единаесеттата титула во Премиер лигата. Гигс го постигна својот прв хет-трик за Манчестер Јунајтед во пред-сезонскиот пријателски натпревар против Ханџхоу Грентаун по влегувањето во второто полувреме како замена. На 12 септември 2009 година, Гигс го постигна својот прв погодок во победата на Јунајтед во Премиер лигата од 3-1 против Тотенхем Хотспарс, на Вајт Харт Лејн, продолжувајќи го неговиот рекорд на постигнување на погодок во секоја сезона на Премиер лигата од нејзиното настанување, единствен играч кој го направил тоа. Овој натпревар исто го одбележа и 700-тотиот старт на Гигс за Јунајтед. Гигс го постигна својот 150-ти гол за Јунајтед, само деветтиот играч кој го направил тоа, против Волзбург во првиот натпревар од Лигата на шампионите таа сезона. Голот, како и неговиот претходен погодок против Спарс, беше дирекно од слободен удар, проследен со големо ефе. Исто така го направи рекордното израмнување во четиринаесеттата сезона во Лигата на шампионите во која постигнуваше погодок, донесувајќи го на исто ниво со Раул кој го достигна тоа 15 дена порано. Тој потоа му асистираше на Мајкл Карик да го постигне победничкиот гол за 2-1 за Јунајтед во Лигата на шампиони. На 28 ноември 2009 година, вечерта на негобиот 36-ти роденден, Гигс го постигна својот 100-ти гол во Премиер лигата- сите за Манчестер Јунајтед- постигнувајќи го последниот гол во победата од 4-1 над Портсмут на Фратон Парк. Голот како и неговите претходни два погодоци во сезоната беше исто така од слободен удар, станувајќи постојан изведувач на слободните удари од заминувањето на Кристијано Роналдо, тој исто стана само седумнаесттиот играч кој стана важен дел од Премиер лигата. На 30 ноември 2009 година, еден ден после неговиот 36-ти роденден, беше објавено дека на Гигс ќе му биде понуден нов едногодишен договор со што ќе може да игра до крајот на сезоната 2010-2011 и ќе може да ја дочека дваесетгодишнината од неговиот прв натпревар и прв гол за Јунајтед. На истиот ден Гигс беше номиниран за BBC Спортска личност на годината за 2009 година. На 5 декември 2009 година, на настапот на Гигас против Вест Хем Јунајтед- натпревар на кој заврши да игра како лев бек- го израмни рекордот на сонародникот Гери Спид од 535 натпревари во лигата. На 12 декември 2009 година, Гигс го премина Спид на натпреварот против Астон Вила. Истиот ден, Гигс ја доби наградата за BBC Спортска личност на годината. На 18 декември 2009 година, Гигс потпиша едногодишно продолжување на договорот со Јунајтед, кој го задржува до јуни 2011 година му овозможува да ја дочека дваесетгодишнината од неговиот професионален договор во ист тимиот тим со кој дебитираше- ретко достигнување на играч кој кој достигнал 20 години со ист клуб без раскинување на услугите. На 31 декември 2009 година, Гигс беше прогласен за играч на декадата на Манчестер Јунајтед. На 24 април 2010 година, Гигс го постигна првиот гол од пенал во лигата што некогаш го постигналво неговиот 900-тоти натпревар, постигнувајќи два гола од пенал во победата на домашен терен од 3-1 над Тотенхем Хотспарс, што беше од голема важност и го однесе Јунајтед на првото место на Премиерлигашката табела откако поминаа неколку недели на второто место зад Челзи. На 16 август 2010 година, Гигс го продолжи неговиот рекорд за постинување гол во секоја сезона од настанувањето на Премиер лигата откако погоди во победата на домашен терен од 3-0 над Њукасл Јунајтед во првиот натпревар од новата сезона. Откако ја погоди мрежата во последните две сезони од старата Прва фудбалска дивизија, тој сега имаше постигнувано погодоци во 21 сезона во првите лиги. На 17 јануари 2011 година, Гигс го достигна 600-тиот лига настап (сите за Манчестер Јунајтед), во натпреварот без голови против Тотенхем Хотспарс на Вајт Харт Лејн.

Интернационална кариера уреди

 
Гигс како капитен на Велс во пријателски меч против Бразил во септември 2006 година

Роден во Кардиф од велшки родители, Гигс го претставуваше Велс на интернационално ниво. Како младинец, Гигс беше капитен на Англиските ученици. Наспроти популарноста која ја добиваше, тој никогаш не беше достапен за тимот на Англија (достапноста на школско ниво зависеше од местото на училиштето, во случајот на Гигс средното училиште Морсајд во Салфорд). Тој изјави дека секако би избрал да игра за Велс. Кога го направи неговото интернационално деби во 1991 година, го собори рекордот за најмлад дебитант за Велс и го држеше додека не беше соборен од Рајан Грин во јуни 1998 година. Тој доби 64 натпревари, и постигна 12 голови за репрезентацијата на Велс помеѓу 1991 и 2007 година. Беше назначен за капитен на Велс во 2004 година. За време на квалификациите за Светското првенство во 2006 година на 12 октомври 2005 година против Азербејџан, Гигс постигна ретки два погодоци во победата на Велс од 2-0 но Велс неуспеа да се пласира во плејофот. Како што одигра тогаш, следејќи победата на Бразил од 2-0, тренерот на Бразил Дунга му упати комплимент на Гигс изјавувајќи дека би можел да игра за петкратните светски шампиони заедно со свезди како што се Кака и Роналдињо. Гигс го најави неговото пензионирање од меѓународниот фудбал во среда, 30 мај 2007 година, на прес конференција одржана во салата на хотелот Гламорган, ставајќи крај на шеснаесетгодишната интернационална кариера. Тој кажа дека ќе се концентрира на кариерата со Јунајтед и дека тоа е главна причина за неговото повлекување. Неговиот последен натпревар за Велс, и како капитен, беше на квалификациите за европското 2008 година против Чешка на 2 јуни во Кардиф. Го доби шеесеттиот натпревар на овој натпревар и ја доби наградата играч на натпреварот откако Велс изигра нерешено 0-0. Во ноември, беше еден од трите играчи во најтесна номинација од Асоцијацијата на Велшки фудбалери за наградата Велшки играч на годината, која му припадна на Крег Белами. Во интервју за Вестерн Маил на 26 март 2010 година, Гигс посочи дека можеби би се повлекол од интернационалното пензионирање за неговата земја во кампањата за квалификациите за УЕФА европското 2012, за да го покрие отсуството на повредениот Арон Рамзи. Потоа ја измени изјавата за радиото BBC Манчестер, велејќи дека би се вратил да игра за Велс само во итна ситуација.

Интернационални голови уреди

# Дата Место Противник Резултат Исход Натпреварување
1 31 март 1993 Кардиф, Велс   Белгија 2–0 Победа квалификации за ФИФА Светско Првенство 1994 година
2 8 септември 1993 Кардиф, Велс   Чешка 2–2 Нерешено квалификации за ФИФА Светско Првенство 1994 година
3 7 септември 1994 Кардиф, Велс   Албанија 2–0 Победа квалификации за ФИФА Светско Првенство 1996 година
4 2 јуни1996 Серавале (Сан Марино), Серавале, Сан Марино   Сан Марино 5–0 Победа ФИФА Светско Првенство 1998
5 11 ноември 1997 Брисел, Белгија   Белгија 2–3 Пораз кфалификации за ФИФА Светско Првенство 1998година
6 4 септември 1999 Минск, Белорусија   Белорусија 2–1 Победа кфалификации за УЕФА Европско Првенство 2000
7 29 март 2000 Кардиф, Велс   Финска 1–2 Пораз Пријателски
8 29 март 2003 Кардиф, Велс   Азербејџан 4–0 Победа кфалификации за УЕФА Европско Првенство 2004
9 8 октомври 2005 Белфаст, Северна Ирска   Северна Ирска 3–2 Победа кфалификации за ФИФА Светско Првенство 2006
10 12 октомври 2005 Кардиф, Велс   Азербејџан 2–0 Победа кафалификации за Светското Првенство 2006
11 12 октомври 2005 Кардиф, Велс   Азербејџан 2–0 Победа кафалификации за Светското Првенство 2006
# 21 мај2006 Билбао, Шпанија   Баскија 1–0 Победа надвор од ФИФА пријателски меч
12 28 март2007 Кардиф, Велс   Сан Марино 3–0 Победа кфалификации за Европското Првенство 2008

Дисциплина уреди

Гигс никогаш не беше исклучен додека игра за Манчестер Јунајтед и само еднаш кога играл за Велс, на 5 септември 2001 година на квалификациите за Светско првенство против Норвешка. Гигс го доби вториот жолт картон во 86-тата минута. Во ноември 2003 година, беше прогласен за виновен за од страна на ФА за неговото однесување на битката на Олд Трафорд против Арсенал. Истата недела, Гигс доби два меча суспензија од интернационален фудбал за намерно удирање со лакт во лицето на рускиот играч Владимир Евсеев во првиот натпревар од плејофот за Еуро 2004 година. Ударот не го виде судијата Лусилио Батиста, но Гигс беше подоцна казнет користејќи го видео доказот.

Статистика во кариерата уреди

Клуб Сезона Премиер лига ФА Куп Лига куп Европа Други Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Манчестер Јунајтед 1990–91 2 1 0 0 0 0 0 0 0 0 2 1
1991–92 38 4 3 0 8 3 1 0 1 0 51 7
1992–93 41 9 2 2 2 0 1 0 0 0 46 11
1993–94 38 13 7 1 8 3 4 0 1 0 58 17
1994–95 29 1 7 1 0 0 3 2 1 0 40 4
1995–96 33 11 7 1 2 0 2 0 0 0 44 12
1996–97 26 3 3 0 0 0 7 2 1 0 37 5
1997–98 29 8 2 0 0 0 5 1 1 0 37 9
1998–99 24 3 6 2 1 0 9 5 1 0 41 10
1999–2000 30 6 0 0 11 1 3 0 44 7
2000–01 31 5 2 0 0 0 11 2 1 0 45 7
2001–02 25 7 1 0 0 0 13 2 1 0 40 9
2002–03 36 8 3 2 5 0 15 4 0 0 59 14
2003–04 33 7 5 0 0 0 8 1 1 0 47 8
2004–05 32 5 4 0 1 1 6 2 1 0 44 8
2005–06 27 3 2 1 3 0 5 1 0 0 37 5
2006–07 30 4 6 0 0 0 8 2 0 0 44 6
2007–08 31 3 2 0 0 0 9 0 1 1 43 4
2008–09 28 2 2 0 4 1 11 1 2 0 47 4
2009–10 25 5 1 0 2 1 3 1 1 0 32 7
2010–11 12 1 1 1 1 0 3 0 1 0 18 2
2011–12 16 1 2 0 1 1 3 1 0 0 22 3
Вкупно 600 109 66 11 37 9 135 28 18 1 856 157

Титули уреди

Манчестер Јунајтед уреди

Лични признанија уреди

Одликувања и специјални награди уреди

  • Офицер на Редот на Британската Империја за улогата во фудбалот: 2007
  • Почесно Master of Arts степен од универзитетот Салфорд за придонесот во фудбалот и добротворната забота за развој на државата: 2008[5]
  • Независност на градот Салфорд : 7 јануари 2010.

Рекорди уреди

 
Рајан Гигс со трофејот на Премиер Лигата
  • Единствен играч кој освоил 11 титули во лигата, и единствен играч на Манчестер Јунајтед кој има играно во сите 11 победнички тимови во Премиер лигата.
  • Најмногу асистенции во Премиер лигата (податоците се ажурирани само од 2002 гидана навака).
  • Единствениот играч кој постигнувал погодоци во сите 19 сезони од почетокот на Премиер лигата.
  • Еден од двајцата играчи кои играле во секоја Премиерлигашка сезона од нејзиниот почеток, а другиот е Сол Кембел
  • Единствен играч кој има постигнувано погодоци во 11 последователни кампањи во Лигата на шампионите (од сезоната 1996-97 до 2006-07).
  • Единствен играч на Манчестер Јунајтед кој има постигнувано погодоци во четиринаесет различни кампањи во Лигата на шампионите.
  • Најмогу постигнати голови на Британски играч во Лигата на шампионите/Купот на Европаво целата историја, и севкупно четиринаесетти (несметајќи ги квалификационите рунди).
  • Најмногу настапи од еден играч во Манчестер Јунајтед.
  • Прв играч кој постигнал 100 голови во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед.
  • Втор играч од средниот ред што постигнал 100 голови во Премиер лигата за еден клуб (првиот беше Мат Ле Тисиер).

Препораки уреди

Гигс беше употребуван во реклами за Рибок (Reebok), Sovil Titus, Citizen Watches, Givenchy, Fuji, Patek Phillipe, Quorn Burgers, ITV Digital и Celcom. Според овој член од BBC Спорт: ,, Во раните 1990-ти, Гигс беше Дејвид Бекам дури и пред Бекам да заземе место во првиот тим на Јунајтед. Ако го ставите неговото лице на насловнастрана на фудбалски магазин, тоа би ви гарантирало најголема продажба во годината. Зошто? Човек би го купил за да прочита за ,новиот Бест’ а девојките би го купиле затоа што тие го сакаа неговото лице на нивните ѕидови во спалните соби. Гигс имаше договор од милион фунти (со Reebok ), профитабилни спонзорски договори на далечниот исток (со Fuji) и славнити девојки (Дани Бер, Давина Тејлор) во времето кога Бекам беше пуштен на позајмица во Престон Норт Енд.” Гигс кажа дека намерно го избегнува медиумското внимание. ,,Ништо не можеше да ме подготви кога бев втурнат во центарот на вниманието на 17 години,” рече Гигс. ,,Бев во весниците, магазините, на телевизија и сите на улица ме препознаваа. Беше чудно за мене и се справував со тоа трудејќи се да не привлечам внимание. Јас само се обидував да бидам каков што бев прет тоа.” На тежината на неговата слава, врските на Гигс го принудија да го измени пристапот кон медиумите. Гигс зборуваше за тоа дека решил да се држи понастрана од јавноста- начин на кој му беше судено да заврши како славна личност некогаш во средината на 1990-тите. ,,Големата врска што ја имав со ТВ презентерката Дани Бер беше пресвртна точка замене”, рече Гигс. ,,Пред да знам, ние бевме фотграфирани пред мојата куќа и камерманите не следеа секогаш. За тоа време почувствував дека мојата рекламна работа влијае на мојата работа исто така. Помислив не, фудбалот е мојот леб и путер. Бил, и секогаш ќе биде на прво место”, изјави за Дејли Мирор.

Брак уреди

Гигс се ожени со неговата долгогодишна партнерка, Стејси Куки, на приватна церемонија на 7 септември 2007 година. Тие имаат две деца, и двете родени во Салфорд: Либерти Беу (позната како Либи, родена 2003 година) и Зах Џозеф (роден 2006 година), и живеат во Ворсли, Салфорд.

Активности уреди

Во скоро време, Гигс стана претставник на УНИЦЕФ, промовирајќи кампања во 2002 година да се заштитат децата од убивањето со нагазни мини. Гигс го посети проектот на УНИЦЕФ во Тајланд и изјави за BBC: „Како фудбалер не можам да замислам живот без употребување на една од моите нозе... За жал тоа е точно она што им се случува на илјадници деца секоја година кога случајно ќе нагазат на нагазна мина.”

Пост-играчка кариера уреди

Во октомври 2010 година, Гигс кажа дека ,,веројатно ќе ја заврши неговата кариера овде (на Олд Трафорд)”, и дека не се гледа себеси ,,спуштајќи се во пониски лиги и како игра на пониско ниво.“ Кажа дека сака да продолжи како тренер, менаџирајќи ги Манчестер Јунајтед или Велс, ,, двете најзначајни работи”, и е на пола пат до тоа со неговата УЕФА ,,А” тренесрска лиценца.

Наводи уреди

  1. „Premier League clubs submit squad lists“ (PDF). Premier League. 2 February 2012. стр. 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-27. Посетено на 2 February 2012.
  2. „Official Man Utd profile“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 23 July 2011.
  3. Rollin, Glenda; Rollin, Jack, уред. (2012). Sky Sports Football Yearbook 2012–2013 (43rd. изд.). London: Headline. стр. 979. ISBN 978-0-7553-6356-8.
  4. „Team of the Century: 1997-2007 - the Premiership's finest of the last decade“. GiveMeFootball.com. Give Me Football. 5 September 2007. Архивирано од изворникот на 2008-10-21. Посетено на 5 September 2007.
  5. Giggs is Awarded Honorary Degree BBC, (15 July 2008). Посетено на 15 July 2008.

Надворешни врски уреди