Ратавица

село во Општина Пробиштип

Ратавица, Ратовица или Ратавици — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Ратавица

Панорамски поглед на селото Ратавица

Ратавица во рамките на Македонија
Ратавица
Местоположба на Ратавица во Македонија
Ратавица на карта

Карта

Координати 41°58′03″N 22°13′03″E / 41.96750° СГШ; 22.21750° ИГД / 41.96750; 22.21750
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 207 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21029
Надм. вис. 420 м
Слава Света Троица
Ратавица на општинската карта

Атарот на Ратавица во рамките на општината
Ратавица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено на десната страна од Злетовска Река. Тоа е рамничарско село и се наоѓа на надморска височина од 420 м. Источно од селото, на левата страна од Злетовска Река започнуваат да се идигаат првите ридови од Осоговските Планини. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 3,5 км2.[2]

Историја уреди

Во XIX век, Ратавица се наоѓало во Кратовската каза, во Отоманското Царство.

Ратавица во миинатото било мало село, но прераснало во средно по големина.[2]

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 4 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Стопанство уреди

Вкупното обработливо земјиште во рамки на селскиот атар зафаќа површина од 165 ха, на пасишта отпаѓаат 157 ха, додека шумите зафаќаат незначителна површина.[4] Основната стопанска дејност во селото е полјоделството. Освен тоа, во него работат и услужни објекти.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948196—    
1953234+19.4%
1961296+26.5%
1971281−5.1%
1981320+13.9%
ГодинаНас.±%
1991320+0.0%
1994312−2.5%
2002277−11.2%
2021207−25.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратавица имало 146 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратавица имало 126 жители, од кои 120 Македонци и 6 Власи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 277 жители, од кои 267 Македонци, 9 Власи и 1 Србин. Бројот на домаќинства изнесувал 17, а бројот на живеалишта 31.[8] Во непосредна близина на селото, од левата страна на Злетовска Река и на левата страна покрај патот кој води кон Бунеш се наоѓа населбата Драч за која се вели дека е населена со Роми, иако официјалнте демографски податоци од пописите спроведени по Втората светска војна укажуваат дека во селото немало припадници на ромската заедница.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 207 жители, од кои 185 Македонци, 4 Власи, 1 Србин и 17 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 146 126 196 234 296 281 320 320 312 277 207
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Ратавица е македонско-влашко село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Думанци (10 к.) и Пац'ци (7 к.)
  • Доселеници: Рајчанци (4 к.) доселени се од селото Рајчани кај Кочани; Лезовци (2 к.) доселени се од селото Лезово; Ефремовци (4 к.) доселени се од селото Древено; Давидовци (4 к.) доселени се од селото Кундино; Пробиштипчанци (4 к.) доселени се од Пробиштип.
  • Власи: Власите (3 к.) овде дошле во почетокот од 20 век, а во овој регион дошле пред околу 220 години од околината на Грамошта во Егејска Македонија.[14]

Општествени установи уреди

 
Подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото

Во селото работи подрачното училиште „Браќа Миладиновци“, во коешто се одржува настава до петто одделение.[2]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Општина Злетово постоела и во периодот 1950-1952 година, во чиј состав тогаш влегувале Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1568 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 214 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[17]
Споменици
  • Спомен-плоча посветена на С. Ефтимов Василев.[18]
Реки

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 256.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
  4. Населени места во Општина Пробиштип — Ратавица, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2016.
  9. 9,0 9,1 „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Надворешни врски уреди