Растителни оси

подред инсекти
Растителни оси

Растителните оси (науч. Symphyta ) — инсекти од подредот Symphyta во редот ципокрилци заедно со мравките, пчелите и осите. Заедничко им е тоа што женките поседуваат пила со која ги сечат растенијата каде што ги положуваат јајцата. Името се поврзува особено со Tenthredinoidea, далеку најголемото натсемејство во подредот, со околу 7.000 познати видови; во целиот подред, има 8.000 опишани видови во повеќе од 800 родови.

Растителни оси
Tenthredo mesomela
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Ципокрилци
Подред: Растителни оси
Gerstaecker, 1867[1]
Натсемејства
Ларви од Nematus miliaris

Возрасните единки живеат кратко, со животен век од 7-9 дена, иако фазата на ларва може да трае со месеци или години, во зависност од видот. Партеногенезата е вообичаена во подредот, односно не треба да се парат за да произведат оплодени јајца, се вообичаени во подредот, иако многу видови имаат мажјаци. Возрасните се хранат со полен, нектар, медлика, сок, други инсекти, вклучувајќи хемолимфа на домаќините на ларвите; тие имаат парчиња од устата прилагодени на овие видови на хранење. [2]

Распространетост уреди

Видови на растителни оси може да се најдат низ речиси сите подрачја на светот, а најмногу се застапени во умерените области на палеарктичкиот и неоарктичкиот регион. Ги населуваат претежно повлажните станишта и шумски биотопи.

Во Македонија, во повисоките планински региони се среќаваат средноевропските видови на пиласти оси, а во пониските и јужните подрачја се среќаваат видовите што се карактеристични за западномедитеранските и источномедитеранските области.[3]

Наводи уреди

  1. Gerstaecker, C.E.A. (1867). „Ueber die Gattung Oxybelus Latr. und die bei Berlin vorkommenden Arten derselben“. Zeitschrift für die Gesammten Naturwissenschaften (германски). 30 (7): 1–144.
  2. Jervis, Mark; Vilhelmsen, Lars (2000). „Mouthpart evolution in adults of the basal, 'symphytan', hymenopteran lineages“. Biological Journal of the Linnean Society. 70: 121–146. doi:10.1111/j.1095-8312.2000.tb00204.x.
  3. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 41-42

Надворешни врски уреди