Раанана (хебрејски: רַעֲנָנָה) (букв. „Свежина“) е град во јужен Шарон во централниот дистрикт на Израел. Соседни градови на Раанана се Кфар Саба на исток и Херзлија западно. Во 2007-ма, населението изнесувало 73,100.

Раанана

Панорамана Раанана

Амблем на Раанана
Округ Централен
Управа Град
хебрејски רַעֲנָנָה
арапски رعنانا
Население 82,450 (декември 2009)
Градоначалник Наум Хофри
Основан 2 април 1922
Координати 32°11′N 34°52′E / 32.183° СГШ; 34.867° ИГД / 32.183; 34.867Координати: 32°11′N 34°52′E / 32.183° СГШ; 34.867° ИГД / 32.183; 34.867

Историја уреди

 
Градска куќа на Раанана

Раанана е основана 1921-ва год. од здружението Ахуза Алеф од Њујорк, едно од неколкуте организации формирани во САД што купиле земја во Палестина и основале еврејски земјоделски плантажи.[1]

На 22 април 1992-ра, првата група пионери од САД и Канада, броејќи 4-ри членови од организацијата Ахуза, три лаборанти и двајца вооружени стражари, тргнале со возило од Тел Авив и подигнале шатор на земјата каде што е денес Раанана. Во првите денови месноста била нарекувана "Раанаја." Арапските комшии ја викале "Америкаја" поради тоа што населението зборувало англиски.

Демографија уреди

Раанана има голем број ла луѓе што зборуваат англиски. Бројот на Француски имигранти е во пораст.[2]

Индустрија и трговија уреди

 
Рананим Трговски Центар во Раанана

Раанана има индустриска зона северно од градот и многу компании имаат седиште таму, помеѓу нив се Emblaze, Hewlett-Packard, SAP, Texas Instruments, Amdocs и NICE Systems. Седиштето на Microsoft' во Израел се наоѓа во Раанана. Ahuza Street, Ra'anana's main boulevard which runs through the city from east to west, is lined with shops, restaurants and

Образование уреди

 
Средно Училиште Авиви, основано 2000-та

Градот има 12 училишта до 4-то одделение, 10 основни 8 средни училишта. Образованието во Раанана е едно од најнапреднатите во Израел.

Парк уреди

Паркот на Раанана е најголемиот урбан парк во областа Шарон.

 
Поглед од езерото кон паркот

Паркот е изграден за задоволство нажителите и посетителите на градот. Општината вложила многу пари за изградбата на паркот, и сè уште вложува во неговото издржување и развој. Администрацијата на паркот и вработените се грижат за неговата чистота и сигурност какоо и за посетителите. паркот има прекрасно езеро во формата на грбот на Раанана. Има две фонтани и патека за прошетка со мост. Езерото е опкружено со градини и патеки за пешачење.

Религија уреди

Иако поголемиот број жители на градот се секуларни, сепак има значајно религиозно мнозинство, во главно се состои од православни евреи, повеќето од нив се западни имигранти. Во градот има неколку синагоѓи.

Спорт уреди

Позначаен фудбалски клуб во градот е ФК Хапоел Раана.

Градоначалници уреди

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. Encyclopedia of Zionism and Israel, ed. Raphael Patai, Herzl Press/McGraw-Hill, New York, 1971, "Ahuza", vol. 1, p. 17
  2. http://fr.jpost.com/servlet/Satellite?apage=1&cid=1154526025254&pagename=JPost/JPArticle/ShowFull[мртва врска]

Надворешни препратки уреди