Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Рак на простата (латински: Carcinoma prostatae) - злоќудно заболување на простатата, жлезда кај машкиот репродуктивен систем.[6] Повеќето канцери на простатата се спорорастечки; сепак, во некои случаи можат да растат релативно брзо.[1][3] Канцер-клетките може да се прошират од простатата во други делови од организмот, особено во коските и лимфните јазли.[7] Првично може да нема симптоми.[1] Во подоцните стадиуми, може да доведе до тешкотии во мокрењето, крв во урината или болка во карлицата, грбот, или при мокрење.[2] Слични симптоми покажува и доброќудната хиперплазија на простатата.[1] Други симптоми во подоцните стадиуми се чувство на замор поради ниското ниво на црвени крвни клетки.[1]

Рак на простата
СинонимиКарцином на простата
Положба на простатата
СпецијалностОнкологија, урологија
СимптомиНема, тешкотии при мокрење, крв во урина, болка во карлицата, грбот, или при мокрење[1][2]
Вообичаена појаваВозраст > 50 години[3]
Ризик-факториВозраста, семејната историја, расата[3]
Дијагностички методТкивна биопсија, медицинско снимање[2]
Диференцијална дијагнозаДоброќудна хиперплазија на простатата[1]
ТретманАктивно следење, хирургија, радиотерапија, хормонска терапија, хемотерапија[2]
ПрогнозаСтапка на петгодишно преживување 99% (САД)[4]
Честота1.1 милион нови случаи (2014)[5]
Смртни случаи307,000 (2014)[5]

Фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на рак на простатата се возраста, семејна историја на болеста, и расата.[3] Околу 99% од случаите се појавуваат кај мажи над 50 години.[3] Ако роднина од прво колено боледувал од рак на простатата ризикот за појава се зголемува за два до трипати.[3] Во САД, почеста е појавата кај афроамериканското население во споредба со белото население.[3] Други фактори за појава вклучуваат исхрана богата со процесирано месо, црвено месо или млечни производи или исхрана сиромашна со одредени видови на зеленчук.[3] Откриена е поврзаност на гонорејата со зголемен ризик за појава на рак на простатата, но причината за оваа поврзаност не е идентификувана.[8] Зголемен ризик е исто така поврзан со BRCA-мутациите.[9] Карциномот на простата се дијагностицира со биопсија.[2] Потоа може да се изведе медицинско снимање со цел да се утврди дали канцерот се проширил во други делови од организмот.[2]

Фактори на ризик уреди

Ракот на простатата е најчестото злоќудно заболување кај мажите во развиените земји и претставува најголем здравствен проблем кај мажите во втората и во третата животна доба. Оваа болест е најчеста кај мажите на возраст над 70 години, а многу ретко се јавува на возраст под 40 години.
Најчести фактори на ризик за појава на оваа болест се: начинот на исхрана, режимот на живот, пушење, стрес, пиење алкохол, како и наследните фактори. Ако роднина од прво колено (татко или брат) боледувал од рак на простатата, ризикот за појава на оваа болест кај останатите машки членови на семејството се зголемува за двапати.

Дијагностика и терапија уреди

За рано откривање на ракот на простатата се препорачуваат редовни годишни уролошки прегледи со ултразвук и анализа на присуството на специфичниот антиген во крвта - PSA (Prostate-specific antigen).
Лекувањето на ракот на простатата вклучува оперативен зафат, придружен со радиотерапија или хемотерапија, како и примена на одредени лекови.[10]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NCI2014TxPro.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Prostate Cancer Treatment (PDQ) – Patient Version“. National Cancer Institute. 2014-04-08. Архивирано од изворникот на 5 July 2014. Посетено на 1 July 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 World Cancer Report 2014. World Health Organization. 2014. стр. Chapter 5.11. ISBN 9283204298.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име SEER2014.
  5. 5,0 5,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име WCR2014Epi.
  6. „Prostate Cancer“. National Cancer Institute. Архивирано од изворникот на 12 October 2014. Посетено на 12 October 2014.
  7. Ruddon, Raymond W. (2007). Cancer biology (4. изд.). Oxford: Oxford University Press. стр. 223. ISBN 9780195175431. Архивирано од изворникот на 2015-09-15.
  8. Caini, Saverio; Gandini, Sara; Dudas, Maria; Bremer, Viviane; Severi, Ettore; Gherasim, Alin (2014). „Sexually transmitted infections and prostate cancer risk: A systematic review and meta-analysis“. Cancer Epidemiology. 38 (4): 329–338. doi:10.1016/j.canep.2014.06.002. PMID 24986642.
  9. Lee, MV; Katabathina, VS; Bowerson, ML; Mityul, MI; Shetty, AS; Elsayes, KM; Balachandran, A; Bhosale, PR; McCullough, AE; Menias, CO (2016). „BRCA-associated Cancers: Role of Imaging in Screening, Diagnosis, and Management“. Radiographics: a review publication of the Radiological Society of North America, Inc. 37 (4): 1005–1023. doi:10.1148/rg.2017160144. PMID 28548905.
  10. Ловорка Николовска - Лола, „Препаратот одговара на поставената дијагноза“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 19.

Надворешни врски уреди

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори