Ракотинци

село во Општина Сопиште

Ракотинци — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.

Ракотинци

Поглед на Ракотинци од патот кој води кон Добри Дол

Ракотинци во рамките на Македонија
Ракотинци
Местоположба на Ракотинци во Македонија
Ракотинци на карта

Карта

Координати 41°56′43″N 21°20′38″E / 41.94528° СГШ; 21.34389° ИГД / 41.94528; 21.34389
Општина  Сопиште
Население 694 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1054
Шифра на КО 25111
Надм. вис. 490 м
Ракотинци на општинската карта

Атарот на Ракотинци во рамките на општината
Ракотинци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на Ракотинци од Сопиште и патот за Горно и Долно Соње

Селото Ракотинци се наоѓа во југозападниот дел на Скопската Котлина во составот на Општина Сопиште[2], во пределот на етногеографската област Каршијак. Ракотинци е расположено на југоисточната падина на планината Водно, на левата страна на долот Бутурец[3]. Селото е ридско на надморска височина од 480 метри[2]. Од градот Скопје е оддалечено 8 километри. Атарот на Ракотинци зафаќа површина од 9,7 км2, од кои обработливото земјиште зафаќа 680 хектари, шумите зафаќаат 100 хектари, а пасиштата 83 хектари[2]. Соседни села се Сопиште, Добри Дол, Горно Соње и Долно Соње[3]. Ракотинци се наоѓа непосредно јужно од селото Сопиште кое е општинско средиште, а низ него води локален асфалтен пат за селото Добри Дол кој се спојува со регионалниот пат кон областа Поречје кај селото Маркова Сушица и Марковиот Манастир. Низ Ракотинци минува автобусот на ЈСП со број 58, кој сообраќа до соседното село Добри Дол.

Историја уреди

 
Поглед на сретсело со селската чешма, воедно автобуска станица

Околу селото Ракотинци постојат повеќе старини кои сведочат дека на овој простор имало жители уште од младото камено време. На возвишението Орловица (476 метри) според преданијата на жителите „бил град“[4]. Ова се однесува на денес познатото археолошко наоѓалиште Орловица, кое датира од неолитот, бронзеното и железното време. Од него, селаните тука често откопувале ќерамиди и големи земјени ќупови. Веројатно е дека тврдината имала и посада, кој го чувала патот во долината на Маркова Река[4]. На потегот Црквиште, се наоѓаат една стара надгробна плоча и стар табуисан брест, а на истото место според преданијата на селаните некои Турци копале во потрага по пари[4].

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 21 христијанско семејство.[5]

Подоцна селото Ракотинци, се споменува и кон крајот на XVI век, кога селскиот свештеник и повеќе лица од селото се запишани како приложници во Поменикот на манастирот во Матка од 1560 - 1570 година[6].

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Ракотинци запишал дека е најдобро плодно село со цркви урнисани[7]. Во селото постои црквата „Света Богородица“, за која селаните не го знаат датумот на изградба, но според изгледот таа била многу стара, веројатно повеќе од 350 до 400 години. До 1879 година, црквата имала и рушевини од манастирски конаци, при што истата година за нивна обнова, селаните на Ракотинци позајмиле пари од познатиот албански сточар, поседник и насилник Касам - ќаја, за што тие потоа 3 години бесплатно ја обработувале земјата на неговиот чифлик во Маркова Сушица[4]. Денешната црква на тоа место е обновена во 2000 г. Селските родови, освен родот Станковци, биле чифчии и на поседниците им давале третина, а некогаш и половина од житото, сè до 1878 година, кога поседниците започнале да им ја продаваат земјата на селаните[4]. Пред околу 120 години селото пострадало од чума, за што посведочил и македонскиот револуционер Ѓорче Петров, кој во 1896 забележал дека селото имало само неколку куќи, а пред тоа било толку богато со лозја што на спаилукот плаќало по 200 товари грозје, за истата година да спадне на само 70 до 80 товари[8].

Во XIX век, Ракотинци било село во рамките на нахијата Каршијак, во Скопската каза на Отоманското Царство.

Потекло и значење на името уреди

За потеклото на името на селото Ракотинци, може да се претпостави дека доаѓа зборот ракита, што е име за вид на врба која што е застапена на атарот на селото.

Стопанство уреди

 
Поглед на лозовите насади во Ракотинци

Главно занимање на населението на Ракотинци е земјоделството. Најзастапени земјоделски гранки се полјоделството односно одгледување на житни растенија (најмногу пченица и пченка), градинарски култури под пластеник и отворено (пиперки, домати, краставици, кромид, лук, марула) како и други видови зеленчук. Во Ракотинци и околните села на јужните и југоисточните падини на планината Водно, особено многу е развиено лозарството и одгледувањето на виновата лоза и трпезните видови на грозје. Овој крај е познат како Скопско виногорје, а покрај приватните лозја на многу селани, во овој предел свои лозови насади има и позната голема македонска винарница „Сковин“. Развиено е и овоштарството, посебно одгледувањето на цреши, јаболки, сливи, кајсии. Од сточарството најразвиено е одгледувањето на поситен добиток како кози и овци во помал обем, а особено е развиено живинарството и одгледувањето на кокошки, мисирки. Еден дел од жителите на селото се занимаваат и со други видови на дејности како занаетчиство и градежништво (плочарки, стаклари, водоводџии), а некои работат и во фирмите и блиските фабрики во градот Скопје.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948477—    
1953519+8.8%
1961541+4.2%
1971546+0.9%
1981580+6.2%
ГодинаНас.±%
1991645+11.2%
1994576−10.7%
2002390−32.3%
2021694+77.9%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било со христијанско население и имало 25 христијански домаќинства . На овој попис биле забележани 89 мажи христијани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 1 муслиманско домаќинство, со еден маж муслиман. Се проценува дека селото во тој период имало 204 жители.[9]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 533 жители.[10]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ракотинци живееле 350 жители, од кои 260 Македонци.[11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ракотинци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[12]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[13]

Ракотинци е средно по големина село, кое во 1961 година броело 541 жител, а во 1994 година 576 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ракотинци живееле 390 жители, од кои 389 Македонци и 1 Србин.[14]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 694 жители, од кои 575 Македонци, 46 Албанци, 47 Турци, 3 Власи, 7 Срби и 16 лица без податоци.[15]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 160 477 519 541 546 580 645 576 390 694
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[16]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[17]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[19]

Родови уреди

Ракотинци е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:

  • Староседелци: Станковци (3 к.), Енѓелковци (7 к.), Шавганци (4 к.) и Трабиновци (1 к.)
  • Со непознато потекло: Ѓешовци (3 к.) не знаат ништо за потеклото. Некои викаат дека се староседелци.
  • Доселеници: Нецовци (4 к.) се сметаат за многу стари доселеници. Не знаат од каде се доселени; Овчарковци (10 к.) познати се и како Тошковци. Доселени се од околината на Крушево. Овде се доселиле како овчари (со преку 400 овци) преку Порече. Кога дошле овде прво се населиле на пустото село Бела Црква, помеѓу Ракотинци и Батинци. Па преминале во Ракотинци; Деспотовци (9 к.) доселени се од околината на Куманово; Петревци (3 к.) и Димишковци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Чифлижани (2 к.) доселени се средината на XIX век од околината на Дебар. Ги викаат и Дебрани; Домазетовци (2 к.) потекнуваат од домазет доселен однекаде; Ѓорчевци (3 к.) и Трпевци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Стаменковци (1 к.) доселени се од околината на Куманово. Овде се доселиле во втората половина на XIX век.[6]

Општествени установи уреди

 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ракотинци
Образование

Во селото работи основното училиште @Драга Стојановска#, чија зграда е обновена во 2008 г.

Верски објекти

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Орловица — населба од неолитско, бронзено и железно време

Личности уреди

Родени во Ракотинци
Починати и поврзани со Ракотинци

Иселеништво уреди

Најголем број иселеници од селото Ракотинци има во соседното село Варвара, каде во 1945 година се доселиле 9 семејства[8]. Иселеници од Ракотинци се забележани и во Сопиште, Скопје, а во поново време и во странство во Германија, САД и Австралија.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.253
  3. 3,0 3,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.130
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр. 131
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.494
  6. 6,0 6,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.
  7. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.80
  8. 8,0 8,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.132
  9. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  10. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  11. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 206.
  12. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  14. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  15. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  16. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  17. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  18. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  19. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски уреди