Раковец (Тетовско)
- За селото во Општина Чашка, погл. Раковец (Велешко).
Раковец — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Раковец | |
Панорама на Раковец | |
Координати 41°55′14″N 20°53′57″E / 41.92056° СГШ; 20.89917° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 577 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28064 |
Надм. вис. | 515 м |
Раковец на општинската карта Атарот на Раковец во рамките на општината | |
Раковец на Ризницата |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри јужно од Тетово.
Историја уреди
Стопанство уреди
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раковец живееле 220 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Раковец — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 369 жители, Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 811 жители, од кои 807 Албанци и 4 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 548 Албанци и 29 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 369 | — | 600 | 644 | 674 | 880 | 894 | 0 | 828 | 811 | 577 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови уреди
Раковец е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Рекалар или Врбјан (31 к.) доселени се од селото Врбен во Горна Река. Од таму се иселиле тројца браќа. Имаат иселеници во Жеровјане.
- Деде (11 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
- Видушалар (42 к.) доселени се од некое село во Долна Река. Можеби од селото Видуше? мешајќи се со албанците се албанизирале. Брачни врски најчесто склопувале со селаните од Урвич и Јеловјане.[11]
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2079 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 795 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости уреди
Редовни настани уреди
Личности уреди
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски уреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |