Ракле

село во Општина Прилеп

Ракле — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Ракле

Поглед на селото Ракле

Ракле во рамките на Македонија
Ракле
Местоположба на Ракле во Македонија
Ракле на карта

Карта

Координати 41°25′19″N 21°44′56″E / 41.42194° СГШ; 21.74889° ИГД / 41.42194; 21.74889
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Област Раец
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20088
Надм. вис. 700 м
Ракле на општинската карта

Атарот на Ракле во рамките на општината
Ракле на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Селото со околината

Ракле се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, на југоисточните падини на планината Бабуна. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 13,7 км2.[2]

Историја уреди

 
Жители на Ракле за време на Првата светска војна

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. На 14 јули 1907 година. во близина на селото е водена познатата Битка на Ножот.

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 828 ха, на шуми отпаѓаат 407 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 317 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948294—    
1953317+7.8%
1961269−15.1%
1971145−46.1%
198124−83.4%
ГодинаНас.±%
199117−29.2%
19947−58.8%
20027+0.0%
20212−71.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ракле живееле 580 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ракле имало 616 жители.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракли се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Ракле било средно по големина село според незначителните промени во бројот на население. Така, во 1961 година броело 269 жители, а во 1991 година бројот се намалил на 17 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото има само 7 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 580 616 294 317 269 145 24 17 7 7 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Ракле е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

  • Староседелци: Бојовци-Велковци (11 к.), Мангировци (5 к.), Пушевци (5 к.), Ржаровци (9 к.), Паровци (9 к.), Курпашовци (5 к.), Кишковци (4 к.), Богевци (1 к.), Царевичковци (2 к.) и Србовци (2 к.)
  • Доселеници: Поповци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Трипуновци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Пемовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор: Миновци-Карасановци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Голевци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Чеповци (1 к.) доселени се од селото Тројаци: Колевци (1 к.) доселени се од селото Топлица.[12]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1429 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Никодин.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
Реки

Личности уреди

Иселеништво уреди

Во 1900 година околу 30 семејства се иселиле во Прилеп.[12]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 252–253.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  16. Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци“. OldPrilep. 4 јуни 2015.
  17. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски уреди