РК Прилеп 2010 - ракометен клуб од Прилеп, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.

РК Прилеп 2010
Целосен називРакометен Клуб
Прилеп 2010
ИгралиштеУчилишна сала Ристе Ристески - Ричко
Приемност500
ЛигаСупер лига
2018/19Супер лига, 11. (отпаднати)
Бои
Клупски бои         
Дресови

Историја уреди

Клубот во 70те веќе го носел името Прилеп.[1]

Во сезоната 1991/92, во последната сезона во рамките на југословенскиот натпреварувачки систем, Тутунски Комбинат го освоил првото место во Втората сојузна лига.[2]

Тутунски Комбинат Бренд бил вицепрвак во Купот на Македонија во изданијата 2000 и 2001. Но во Купот на Македонија 2002, кога Тутунски Комбинат Бренд бил домаќин на тоа издание, екипата го освоила тоа натпреварување. Таа сезона 2001/02, Тутунски Комбинат се натпреварувал во Купот на Победниците на Куповите. И следната сезона учествувал во третото по ранг европско машко натпреварување. Во сезоната 2003/04, клубот играл во Челенџ Купот, тогашно четврто по квалитет натпреварување.[3] Во овој период, клубот настапувал во Универзалната сала, сега наречена Сонце ГА.

Во сезоната 2007/08, клубот поради спонзорски причини бил преименет во ВИП 2007. А следните две сезони бил наречен РК Златен даб.[1] Во летото 2010 година, поради разделбата со генералниот спонзор - Прилепска пиварница, клубот повторно го сменил името, сега во Прилеп 2010.[4]

Во сезоната 2016/17, Прилеп 2010 учествувал во ЕХФ Купот и изгубил во првата рунда.[5]

Историја на клупското име уреди

  • 19??-19??: РК Прилеп
  • 19??-20??: РК Тутунски комбинат
  • 2007-2008: РК ВИП 2007
  • 2008-2010: РК Златен даб
  • 2010-....: РК Прилеп 2010

Успеси уреди

Првак (1): 2002.
Првак (1): 1991/92.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Златен даб го менува името“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 4 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боро Чурлевски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 27 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „RK Tutunski Kombinat Prilep“. eurohandball.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Златен даб се прекрсти во Прилеп“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 3 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „РК Прилеп и по вторпат загуби против Винтертур и ги заврши настапите во ЕХФ Купот“. gol.mk преку web.archive.org. 4 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди