Пјер Жан де Беранже

Пјер Жан де Беранже (француски: Pierre-Jean de Béranger, роден на 19 август 1780 во Париз - починал на 16 јули 1857 во Париз) — француски поет и песнописец. Во своето творештво Беранже пишувал за љубовта, жените и виното, или ги користел како оружје и сатира против политичкиот живот и религиозните институции.

Пјер Жан де Беранже
Роден/а19 август 1780
Париз, Франција
Починат/а16 јули 1857
Париз, Франција
Занимањепоет
ДржавјанствоФранцузин

Животопис уреди

Беранже бил син на сиромашни родители и потомок на сиромашен кројач. Тој самиот работел како печатарски чирак, а потоа како службеник во некое биро каде работел за мала плата. Исто така, тој немал големо образование, т.е. никогаш не посетувал вистинско училиште, ниту пак универзитет.[1]

Осврт кон творештвото уреди

Гете имал позитивно мислење за творештвото на Беранже, истакнувајќи дека кај него ништо не е измислено, нема замислен или нестварен интерес и дека тој секогаш има значајни предмети на обработка. Исто така, Гете сметал дека уметничката разработка на Беранже секогаш е совршена, зашто тој во себе го носел предметот долго време пред да го искаже. Исто така, Гете ги фали досетките, духовноста, иронијата, персифлажата, срдечноста и наивноста во делата на Беранже. Како резултат на тоа, неговите песни разведрувале милиони луѓе и биле пристапни за работничката класа, поттикнувајќи го народот да мисли благородно.[2]

Наводи уреди

  1. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 67.
  2. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 62.