Пчиња

река во Македонија и Србија, притока на Вадар
(Пренасочено од Пчиња (река))

Пчиња — река во Македонија и Србија, лева притока на реката Вардар. Нејзиниот слив зафаќа површина од 3.140 км2 (1.247 км2 во Србија и 1.893 км2 во Македонија). Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница и Крива Река (леви), Кумановска Река (десна). Му припаѓа на егејскиот слив.

Пчиња
Реката во близина на селото Драгоманце
Местоположба
Држава
Физички особености
Извор 
 • местоврв Бела Вода на планината Дукат
 • надм. вис.1.664 м
УстиеВардар
 • место
Таорска Клисура
 • координати
41°49′8″N 21°40′19″E / 41.81889° СГШ; 21.67194° ИГД / 41.81889; 21.67194
 • надм. вис.
191 м
Должина135 км
Големина на сливот2.840 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Притоки 
 • левиБистрица, Петрошница, Крива Река
 • десниКумановска Река

Течение низ Србија уреди

 
Пчиња во Трговиште.
 
Пчиња

Реката се образува на западната падина на планината Дукат кај селото Радовница, Трговишко. Оттука тече на запад под името Трипушница[1]. Речната долина сочинува мала област со средиште во селото Трговиште, каде од југ се влева Лесничка Река, од каде реката продолжува на запад, веќе под името Пчиња. Ова подрачје е меѓу најсиромашните во Србија, со најголем одлив на население (од 12.556 во 1971 на 6.372 во 2002 г). Пчиња потоа тече на запад, северно од Широка Планина. Кај селото Шаинце ја прима десната притока Коќурица и продолжува на југ по тесна долина меѓу планините Руен и Козјак. Во оваа долина е и познатиот манастир „Св. Прохор Пчински“. Недалеку одовде, по 45 км низ Србија, реката ја преминува границата во Македонија.

Течение низ Македонија уреди

Во преостанатите 83 км од течението Пчиња благо свртува на југозапад. Навлегува во Кумановско кај Пелинце[2], течејќи крај селата Карловце, Драгоманце, Стрновац, Војник, Клечевце, Пчиња, Студена Бара,. Отако ќе премине во Скопско (областа Блатија) минува низ Горно Коњари, Долно Коњари, па доаѓа до Катланово, крај кое се наоѓа познатата Катлановска Бања.

Течението низ Македонија се дели на малите области Средорек и Которлак, меѓу кои се протега Бадерската Клисура. Во најдолниото течение, реката минува од западната страна на Градиштанска Планина, па се влева во Вардар во Таорската Клисура, на полпат помеѓу Скопје и Велес.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пчиња“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1238. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди