Во медицината, пулс означува чувство на чукањето на срцето осетено со прсти преку палпација на артерија. Пулсот може да се осети на било кое место кое дозволува една артерија да биде притисната наспроти коска, како кај вратот (каротидна артерија), на внатрешноста на лакотната јама (брахијална), на рачниот зглоб (радијална), препоните (феморална), зад коленото (поплитеална), близу скочниот зглоб (задна тибијална) и на стапалото (dorsalis pedis). Пулсот, како броење на артериското пулсирање во една минута, е истоветен со мерење на срцевата честота. Изучувањето на пулсот е познато како сфигмологија.

Евалуација на пулсот на радијалната артерија.

Поврзано уреди