Прошек – вид десертни вина од Далмација кои се произведуваат од различни видови винова лоза и со различна постапка на производство. Нивната боја, буке, како и квалитетот меѓусебно се разликуваат.

Областа на производство на прошек (средна и јужна Далмација)

Во времето на СР Хрватска големите винарии од Шибеник и Сплит се обидувале да пласираат разни сорти на вина на европскиот пазар. Едно од водечките вина од тој период е Диоклецијан кое најмногу заради својата поволна цена остварило одредена популарност во странство. Квалитетот на Диоклецијан не можел да се мери со водечките марки на светски вина. Во меѓувреме квалитетот на ова вина се подобрил, иако и понатаму не може да се вброи во врвните светски вина.

Производство и одлики уреди

Добрите прошеци се произведуваат со методот пасито. Презреаното грозје внимателно се собира и се остава да се суши околу една недела на сламени подлоги или на пластични фолии. Со намалувањето на течноста, се зголемува уделот на шеќерот. Кај поквалитетните производи така подготвеното грозје се префрла во бочви каде со ладење се остава да врие сè додека ферментацијата сама не престане на постигнати 15-16% вол.

Овие вина, и покрај максималното разградување на шеќерот во текот на вриењето, на крајот и понатаму содржат повеќе од 120 грама шеќер по литар. Во послабо родните години во постапката на вриење се разградува целокупниот шеќер, па за да се произведе солиден прошек, се скратува ферментацијата или му се додава одредена количина на овошен сируп. Составот на основните вина е многу различен. Најчести и најдоминантни сорти се богдануша, мараштина и вугава, на кои им се додаваат мали количини, често само локално познати сорти. На Хвар се произведува прошек од сортата мал плавец која е слична со португалските ликерски вина (порто).

 
Шишиња прошек произведена на Пељешац

Вината со голем удел на богдануша имаат освежителен остаток на киселина, па и покрај тежината и благоста, делуваат лесно и живо. Прошеците направени на основа вугава потсетуваат на слатко шери. Најдобрите прошеци се направени од мал плавец како и куве од богдануша и вугава.

Препреки со името уреди

Во хрватските медиуми објавена е вест дека со влегувањето во Европската Унија, односно од 1 јули 2013 година, името „прошек“ не ќе може повеќе да се користи. Се сметало дека Европска комисијаЕвропската комисија мисли дека користењето на традиционалниот израз „прошек“ би довело до висок ризик од збунување на потрошувачите, бидејќи таквото име фонетикафонетски потсетува на заштитената ознака просеко, која е заштитена од Италија и веќе постои во Европската Унија.[1] Кратко потоа се открило дека Министерството за земјоделство погрешно ги протолкувало одредбите и дека името „прошек“ смее да се користи и после влегувањето на Хрватска во Европската Унија.[2]

Литература уреди

  • Stephen Brook: Liquid Gold: Dessert Wines of the World. Constable 1987. ISBN 978-0-09-466920-8
  • Horst Dippel (Hrsg.): Das Weinlexikon. Fischer-Taschenbuch-Verl., Frankfurt am Main 1989, ISBN 3-596-24501-X

Наводи уреди

  1. Europska unija stavila prošek izvan zakona!
  2. „Slučaj prošek: Kako je nestao dokument koji je izazvao veliku uzbunu“. Архивирано од изворникот на 2013-06-16. Посетено на 2017-04-13.