Просечен

гратче во Драмско, Егејска Македонија

Просечен или Пресечен (грчки: Προσοτσάνη, Πρωσοτσάνη, Просоцани; од 1920 до 1925 г. Πυρσόπολη, Пирсополи[2][3]) — гратче во Драмско, Егејска Македонија, денес седиште на истоимената Општина Просечен на Драмскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 3.553 жители (2011).

Просечен
Προσοτσάνη
Поглед на Просечен
Поглед на Просечен
Просечен is located in Грција
Просечен
Просечен
Местоположба во областа
Просечен во рамките на Просечен (општина)
Просечен
Местоположба на Просечен во Драмскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10.43′N 23°58.20′E / 41.17383° СГШ; 23.97000° ИГД / 41.17383; 23.97000
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаПросечен
Општ. единицаПросечен
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.553
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Гратчето е сместено во Драмското Поле, 16 км западно од Драма.[4] Името се должи на Ружденскиот Превој меѓу планините Драмски Боздаг и Сминица (Серски Боздаг), во чие подножје се наоѓа Просечен.[5] Ист ваков пример е средновековниот утврден град Просек, кој е на тесен премин во Демиркаписката Клисура и означува пресечено место или теснина.

Историја уреди

Средновековие уреди

Покрај селото стои зачувана средновековна црква од XIII век „Св. Пантелејмон“, која била матична на некогашен манастир.[6][7][8] Вон селото се наоѓа ранохристијанската Просеченска базилика од V-VI век.

Во Отоманското Царство уреди

Според османлиски дефтер од 1478 г. во Просечен имало 110 домаќинства, од кои 91 христијански и 19 муслимански.[7]

Во XIX век во Просечен агресивно работеле странските пропаганди — како грчката, така и бугарската. Во 1879 г. митрополитот Герман III Драмски тргнал во поход против македонштината (наводно против „бугарштината“) во Просечен, Плевна, Волак и другите драмски села и успеал да ги натера властите да го уапсат народниот учител Георги Иванов.[9] Од 1880 до 1884 г. бугарски учител во селото бил пиринецот Георги Грнев, кој се стекнал со голема почит меѓу населението.[10]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Просочен, големо село северозападно од Драма, сместено во рамно поле. Од Просочен за Драма има пат кој се врзува со Неврокоп; растојанието е 3 часа. Речиси сите куќи се на еден кат, ниски. Чаршија со повеќе од 30 дуќани; во сабота има пазар со вриеж од луѓе, кои доаѓаат дури од Зихненско и Серско. Една гркоманска црква „Св. Архангел“ и една бугарска „Св. Димитар“. Бугарско машко и женско училиште со 2 учители, 1 учителка и 70 ученици, момчиња и девојчиња. Гркомански училишта машко и женско со 1 учител, 1 учителка и вкупно 65 ученици. Полето околу Просочен раѓа најквалитетен тутун; се обработуваат и сусам, анасон и памук. Има мнозина селани збогатени од тутунот. Поголемиот дел од населението е имашлив и живее богато.

Местото имало 500 куќи, од кои 260 турски, а останатите бугарски.[11][12]

Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов рекол за Просечен:

...главното бугарско[13] село во Драмско... каде се добива најдобриот драмски тутун. Името на това село е прочуено, многу добро познато за сите знаменити љубители на ароматичниот тутун по светот... „Просеченскиот ќеф“ е прочуен по светот и стои со аршински букви над тутунските продавници.[11][14]
 
Женска и машка носија од Просечен. Драмскиот етнографски музеј.

Во 1899 г. под раководството на мудирот на Просеченската нахија Тахсин-бег и со доброволни прилози од мештаните е изградена голема зграда на уќуматот (управата).[15]

Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век Просочен имал 25 турски, 30 влашки и 270 македонски куќи, од кои 50 биле под Цариградската патријаршија.[16] Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Просѣченъ (Просоченъ) имал 1.600 жители Македонци христијани, 800 Турци, 480 Власи и 50 Роми.[11][17]

Македонците живееле во Горното Маало и расеани по другите маала, богатите прогрчки Македонци биле во Варошот, а Турците — во Турското Маало.[11][18] Поради јачината на двете пропаганди, населението на селото кон крајот на XIX и почетокот на XX век било поделено меѓу две цркви. Според Шопов:

Како и по многу места во вилаетите, така и во Просечен има егзархиска и гркоманска партија. Христијаните во еден ист двор имаат две цркви. Големата е во рацете на гркоманското малцинство, а со малата располага егзархиското мнозинство.[19]

Според К’нчов:

Просочен е на убаво место, онаму каде почнува рамно поле... Куќите се густо насобрани. Повеќето се двокатни. Има мала чаршиичка. Наликува на гратче. Улиците по средината се со талпи и камен. По краиштата кон Ѓуреџик има широки и убави улици. Низ селото минува суводолица. Има бунари и по неколку чешми. Седиште е на мудир, кој управуав со Просочен, Плевна, Кобалица, Чал Баш, Боболец, Волак, Сидерово и Ѓуреџик. Занимање: главно тутун. Го прават најдобриот тутун. Велат дека просоченци вадат околу 13–15 илјади денкови — 30 оки е еден денк. На него [Просечен] му е рамен само Доксат во целата околина. Просоченскиот тутун обично се продава по 10–12 гроша... По целото село има обесени тутунови низи... Меѓу Македонците има богати луѓе, които вртат голема трговија — Хаџи Ѓорѓи. Но меѓусебно се борат, па затоа толку не им успеваат црковните и училишните работи. Во селото има прекрасни куќи, убаво мебелирани. Во сабота има пазар. Патријаршистите држат убаво училиште. Македонците едно мало здание.[11][20]

Во 1900 г. бугарскиот трговски агент во Сер му напишал на бугарскиот премиер Тодор Иванчов:

Меѓу селата во Драмско, на кои грчката пропаганда обрнала особено внимание да ги погрчи, е и селото Просечен, едно од најголемите и најбогатите села во околината и прочуено по неговиот добар тутун. Ова село, иако е исклучиво македонско[11], сепак поголемиот дел од жителите го признаваат владението на Патријаршијата, која таму поддржува десетина учители и учителки и еден доктор, Грк по народност.[21]

Кон 1904 г. 150 куќи од селото се на Македонци под Бугарската егзархија, а 150 на Македонци под Цариградската патријаршија. Овие две заедници биле во судски спор за користењето на црквата.[22] Во Просечен се наоѓал и Драмскиот околиски комитет на Серскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Просечен (Prossetchen) се состоело од 1.296 Македонци под егзархијата и 568 Македонци под патријаршијата, 20 Грци, 378 Власи и 12 Албанци.[11] Во селото работеле училишта на двете странски пропаганди — едно прогимназијално и едно основно бугарско училиште со 5 учители и 90 ученици, како и едно прогимназијално и едно основно грчко училиште со 4 учители и 100 ученици.[23]

По Младотурската револуција во 1909 г. половината од Македонците биле приврзаници на бугарската, а половината на грчката црква, која пак целосно ја имало запоседнато едната расположлива црковна зграда.[24]

Во овој период тричлена делегација (мештанинот Георги Демиров, грчкиот учител Банков и еден турски бег) му го предале гратчето на војводата Тодор Паница, кој во текот на следните денови го одбранил од турските единици[25].

Во Грција уреди

 
Општинската зграда во Просечен.
 
Свадбена и празнична носија од Просечен

По Балканските војни во 1913 г. гратчето е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според грчката статистика, во 1913 г. во Просечен (Προσωτσάνη, Просоцани) живееле 4.120 лица.[26]

Во 1918 г. во селото имало 2.020 Македонци и 480 Власи, а според податоци на Јордан Н. Иванов населението на селото изнесувало околу 4.000 лица, од кои 3.200 Македонци (900 од нив прогрчки), а останалите биле Турци и малку Роми.[11] Вкупно 16 Македонци се иселиле во Бугарија, во 1913 и 1918 г. и се населиле во Неврокоп (Г. Делчев) и околината, Пловдив, Станимака (Асеновград), Пазарџик и на други места. Во гратчето останале дополнително се доселиле разни македонски семејства од околните села.[18] Во 1920 г. Просечен имал 4.077 жители.[4] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти. Во 1928 г. Просечен било етнички мешано село со 2.588 дојденци (645 семејства).[27] од вкупно 6.035 жители, колку што имал таа година, што значи дека Македонците станале половина од населението.[4]

Во 1930 г. е создадена еноријата „Св. Троица“ со цел да се задоволат духовните потреби на дојденците, кои се населиле во источниот и јужниот дел на гратчето, далеку од постоечката црква „Воведение на пресв. Богородица“. Во прво време како црква се користела една напуштена џамија. Во 1974 г. таа била урната и за две години е подигната сегашната црква, компромисно посветена на Светата Троица, која трите групи грчки доселеници (понтските, малоазиските и тракиските) ја прифаќаат за своја слава.[28]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 7011 6.277 5.320 3.775 3.716 3.683 3.937 3.553
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Жителите на Просечен се занимаваат претежно со малопродажба, услуги и земјоделство.[4]

Литература уреди

  • Βουλτσιάδης, Γεώργιος Κ., "Η Προσωτσάνη μέσα από την ιστορία", Θεσσαλονίκη 1995.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Προσωτσάνη -- Πυρσόπολις
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πυρσόπολις -- Πρωσοτσάνη
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 189.
  5. Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 79.
  6. Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 15.
  7. 7,0 7,1 „Το εξωκλήσι του Αγίου Παντελεήμονα“. Μουσικοχορευτικός Σύλλογος Ο Μέγας Αλέξανδρος. Посетено на 24 септември 2019.
  8. „Ενας Παλαιολόγιος ναός στην περιοχή της Δράμας“. Μουσικοχορευτικός Σύλλογος Ο Μέγας Αλέξανδρος. Посетено на 23 септември 2019.
  9. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877 – 1878. Том първи, книга първа, стр. 355.
  10. Динчев, Костадин (1994). Виждания за фолклора. Благоевград: Издателство на Българската комунистическа партия. стр. 55. ISBN 9547993828.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  12. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 33 – 34.
  13. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  14. Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 66.
  15. Узер, Тахсин. Тахсин беj ја објаснува Македонија, Скопје 2013, с. 69 – 70.
  16. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28.
  17. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 198. ISBN 954430424X.
  18. 18,0 18,1 Иванов, Йордан. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 14.
  19. Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 68.
  20. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 29.
  21. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 19.
  22. История на българите в документи, Съставители Величко Георгиев и Стайко Трифонов, т. I, ч. II, София 1996, с. 181.
  23. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 204 – 205.
  24. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 528.
  25. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.119
  26. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 4 мај 2009.
  27. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  28. „Προσοτσάνη – Αγ. Τριάς“. Ιερά Μητρόπολη Δράμας. Посетено на 2 јуни 2014.

Надворешни врски уреди