Пролог (грч.: πρόλογος (прологос) од зборовите про што значи пред и логос што значи збор) е отворање на некоја приказна или текст. Во прологот најчесто се воспоставуваат околностите и се поставува рамка со позадинските детали. Тоа често е некоја друга приказна која што претходела на главната, или пак тоа се само дополнителни информации коишто авторот сметал дека е важно да ги напомене пред да започне главниот дел.

Обратно од пролог или антоним на пролог е епилог.