Програмска опрема

збир од програми и поврзани податоци што на сметачот му наредуваат што и како да прави.

Програмска опрема или софтвер (од англиски: software), односно програмски потсистем на сметачки систем, е составен од системски, услужни или апликативни програми со инструкции за извршување на одредени задачи изразени на јазик разбирлив за сметачот. Поимот софвер за првпат го користи John W. Tukey, инженер по информатика, во 1957 година. Поимот настанал како аналогија на поимот „хардвер“ (машинска опрема).

Дијаграм кој покажува како корисник комуницира со апликативен софтвер на типичен десктоп компјутер. Слој на апликативен софтвер се поврзува со оперативен систем, кој пак комуницира со хардвер. Стрелките покажуваат проток на информации.

Системска програмска опрема (англиски: system software) ја претставува целокупната програмска опрема што е неопходна за работа и поддршка на сметачкиот систем и исто така ги вклучува оперативните системи и помошните програми.

Поврзано уреди