Присојница

село во Општина Маврово и Ростуше

Присојница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Присојница

Панорама на селото

Присојница во рамките на Македонија
Присојница
Местоположба на Присојница во Македонија
Присојница на карта

Карта

Координати 41°34′53″N 20°36′37″E / 41.58139° СГШ; 20.61028° ИГД / 41.58139; 20.61028Координати: 41°34′53″N 20°36′37″E / 41.58139° СГШ; 20.61028° ИГД / 41.58139; 20.61028
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Долна Река
Население 259 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07063
Надм. вис. 682 м
Присојница на општинската карта

Атарот на Присојница во рамките на општината
Присојница на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 820 метри.[2]

Селото е сместено на падините на Дешат и е на иста височина како соседното село Скудриње. Селото е богато со вода и поседува доста мали извори.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Осој, Кала, Срт, Плоча, Мерис, Црвен Камен, Старо Село, Ограѓе, Топилиште, Присој, Поле, Сплжаи, Тумба, Римник, Кошара, Голем Камен, Горно и Долно Брдо и Млака.[3]

Селото има збиен тип и низ самото село поминува пат. Поделено е на маала: Асановци, Рамчевци, Демировци и Мучовци.[3]

Присојница е оддалечено 16 километри северозападно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 6 километри.

Историја уреди

Селото не поседува траги од христијанско население, иако самите мештани кажуваат дека селската џамија е подигната на темели од стара црква, како што е наоѓалиштето На Црков. Целокупното негово население е муслиманско, кои говорат на мијачки дијалект.[3]

Во XIX век, Присојница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Селото поседува мошне мал атар, кој зафаќа простор од само 3,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина 189 хектари, пасиштата заземаат 96 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 38 хектари.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948348—    
1953377+8.3%
1961253−32.9%
1971264+4.3%
1981302+14.4%
ГодинаНас.±%
1991352+16.6%
1994332−5.7%
2002315−5.1%
2021259−17.8%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Присојница било село со 100 домаќинства и 232 жители.[5]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Присојница има 400 жители, Македонци-муслимани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присојница се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 64 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[8]

Селото е средно по големина, со благ пораст на населението. Така, во 1961 година броело 253 жители, од кои 237 биле Турци, а 10 жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 332 жители, од кои 21 Македонец, 13 Албанци, 1 Турчин и 297 се изјасниле како останати, но секако се Македонци со исламска вероисповед.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Присојница живееле 315 жители, од кои:[9]

*Жителите кои се изјасниле како Турци, Албанци, Бошњаци или останати, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 259 жители, од кои 33 Македонци, 4 Албанци, 74 Турци, 4 Бошњаци, 140 останати и 4 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Присојница:

Година Македонци Албанци Турци Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 348
1953 218 6 151 2 377
1961 10 0 237 6 253
1971 40 0 217 7 264
1981 51 0 23 228 302
1991 41 0 2 309 352
1994 21 1 13 297 332
2002 232 2 66 6 9 315
2021 33 4 74 4 140 4 259

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуше, во која покрај Присојница се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Ростуше, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0466 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 366 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[14]
Џамии[15]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 246. Посетено на 2 мај 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. 9,0 9,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 мај 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Се затвора училиштето во с. Видуше, сѐ помалку првачиња во општина Маврово и Ростуше“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-04-11.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 мај 2020.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 11 април 2020.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди