Природни ресурси — елементи на животната околина што опстојуваат релативно недопрени од човекот во природен облик. Се одликуваат со извесен степен на биоразновидност и георазновидност што постојат во дадениот екосистем.

Некои од природните ресурси се од суштинско значење за опстанокот на човекот, додека пак други се користат за задоволување на некакви потреби. Експлоатацијата на ресурси подразбира нивно вадење од природата и, честопати, понатамошна преработка за да се добијат суровини. Оваа дејност претставува значаен чинител во стопанството на една земја.

Ресурсите претставуваат материјали и суровини кои се вадат или добиваат, но може да бидат сосем самостојни и целовити, како што се водата, и воздухот. Може да бидат биолошки и небиолошки, и да се користат непосредно или со претходна обработка.

Извесни ресурси како сончевата светлина се присутни низ целата планета, но највеќето се јавуваат на мали и расеани подрачја. Највеќето имаат ограничена количина, но постојат и такви кои се неограничени (сонце, воздух, геотермална енергија). Најголемиот дел од ресурсите се конечни, што значи дека можат да секнат ако не се постапува внимателно.

Класификација уреди

 
Машинерија во рудникот за железоТајмиште“. Рудата е необновлив ресурс.
 
Ветерни турбини за производство на електрична енергија. Ветерот е пример за обновлив ресурс.

Постојат различни начини на класификација на ресурсите: според потекло, состојба, обновливост итн.

Според потеклото, ресурсите де делат на:

Според состојбата, можат да бидат:

  • потенцијални ресурси — за кои се знае дека постојат и можат да се користат во иднина. Се смета дека Македонија има значителни потенцијални ресурси.[1]
  • расположливи ресурси — оние кои се истражени, утврден квалитет и количина и чија експлоатација е во тек.
  • ресурси во залиха — дел од расположливите ресурси што можат да се користат во иднина.
  • заробени ресурси — истражени, но не постои можност за нивна експлоатација поради немањето на соодветна технологија за нивно делотворно или стопански опревдано користење. Таков ресурс е водородот.

Актуелна тема во денешницата е обновливоста на ресурсите — дали се конечно исцрпливи или се надоместуваат (или постојно исти). Според ова, постојат:

  • обновливи ресурси — оние што се надоместуваат самите. Посебен случај се ресурсите што се постојано присутни и количински незасегнати (сонце, воздух и ветер). Обичните обновливи ресурси се надоместуваат бавно и постепено, што значи дека се во опасност да исчезнат поради прекумерна екплоатација, т.е. кога не се дава време за обнова.
  • необновливи ресурси — оние што не се повраќаат или се надоместуваат крајно бавно. Вакви се минералите и фосилните горива. Некои од нив можат да се пренаменуваат со рециклажа[2] (на пр. металите), додека пак други, како нафтата, се согорливи и исчезнуваат.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Две милијарди евра лежат заробени во неискористени рудници?!“[мртва врска] — Капитал
  2. „Природното богатство на Земјата: осврт и оценка“. Science.org.au. 23 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2008-07-20. Посетено на 2013-11-11.(англиски)
  3. „Peak Everything?“. Reason.com. 27 април 2010.

Надворешни врски уреди