Принцот на Египет

американски анимиран филм
(Пренасочено од Принцот од Египет)

Принцот на Египет (англиски: The Prince of Egypt) — американски аниманиран филм од 1998 година во продукција на DreamWorks Animations и издаден од DreamWorks Pictures. Во овој филм, кој е анимирано прераскажување на библиската книга Исход, египетскиот принц Мојсеј (Вал Килмер), откако ги открива своите корени како еврејски роб, тргнува во обид да го ослободи својот народ од ропство. Кога неговата молба е демантирана од неговиот брат Рамзез (Рејф Фајнс), новиот фараон, серија ужасни чуми го погодуваат Египет. Мојсеј тогаш ги води Израилците (еврејски народ) кон слобода со разделување на Црвеното Море и давење на египетската војска. Потоа, Бог му ги дава на Мојсеј Десетте заповеди, список на правила според кои треба да живее неговиот народ. Во режија на Бренда Чепмен, Стив Хикнер и Сајмон Велс. Филмот содржи песни напишани од Стивен Шварц, а гласовната екипа се состои од: Вал Килмер во двојна улога, Рејф Фајнс, Мишел Фајфер, Сандра Булок, Џеф Голдблум, Дени Гловер, Патрик Стјуарт, Хелен Мирен, Стив Мартин и Мартин Шорт.[4]

„Принцот од Египет“
Плакат за театарско издание
Режисер
  • Бренда Чапмен
  • Стив Хикнер
  • Симон Велс
Продуцент
  • Пени Финкелман Кокс
  • Сандра Рабинс
СценаристФилип Лазебник
Главни улоги
МузикаХанс Цимер
МонтажаНик Флечер
СтудиоDreamWorks Animation[1]
ДистрибутерDreamWorks Pictures
Премиера16 декември 1998 (премиера)
18 декември 1998 (САД)
Времетраење99 минути[2]
Земја САД
Јазик
Буџет70 милиони долари[3]
Бруто заработка218,6 милиони долари[3]

Содржина уреди

Филмот ги следи библиските записи од книгата Исход прилично блиску, поблиску од некои други филмови и правилно прикажува многу детали за Стариот Египет, додавајќи добро количество на уметност за да го направи пријатно семеен филм.[5]

Израилците се во ропство во Стариот Египет. Под ударите на стапови и камшици, тие работат, подигнувајќи храмови и статуи. Египетските стражари, по наредба на фараонот Сети I, им одземаат бебиња на Израилците заради нивно последователно истребување. Една млада Еврејка по име Јохаведа (заедно со нејзините две деца Миријам и Арон), со цел да го заштити своето тримесечно бебе, го става во кошница и го пушта да плута по течението на реката Нил. Царицата Туја, сопругата на фараонот, ја фаќа кошницата и одлучува да го задржи бебето за себе, давајќи му го името Мојсеј.

Поминуваат деценија и пол, или малку повеќе. Рамзес и Мојсеј, синовите на фараонот, своето време го поминуваат во забава. Фараонот го прогласува најстариот принц Рамзес за свој наследник. Мојсеј тргнува во потрага по избеганата девојка (Сепфора), која свештениците ја дале на Рамзес, и завршува во сиромашните населби на робовите. Таму ги запознава Арон и Миријам; девојчето го препознава и вели дека тој, Мојсеј, е исто така Евреин. Покрај тоа, тој е нејзин брат и мора да го ослободи еврејскиот народ (Израилците) од египетско ропство. Мојсеј не верува и збунето се враќа во палатата. Таму тој оди во огромна сала каде што е насликана историјата на Египет на ѕидовите, и наоѓа потврда за зборовите на Миријам. Пред неколку години, неговиот посвоител всушност дал наредба да се истребат сите машки еврејски бебиња.

Наскоро потоа, Мојсеј се залага да спаси еден еврејски старец, убивајќи го неговиот надгледник. Тој сега мора да бега. По долго талкање во пустината, тој завршува со Мадијамците (полуномадски народ), каде ги спасува сестрите на Сепфора од разбојници. Тој е срдечно поздравен од нивниот татко Јотор, ​​првосвештеник на Мадијамците. Мојсеј станува овчар во племето и постепено ја добива почитта и љубовта од Сепфора. Наскоро Мојсеј се жени со неа. Еднаш една од неговите овци бега, и во потрага по неа, Мојсеј влегува во една пештера, каде што гледа како гори грмушка. Господ му зборува од пламенот, кој му кажува да се врати во Египет и да побара фараонот да ги пушти Израилците.

Мојсеј, заедно со Сепфора, патува за Египет, каде го гледа својот брат Рамзес како фараон. Мојсеј му ја кажува заповедта Божја и го претвора неговиот стап во змија. Свештениците Хотеп и Хоj исто така ги „претвораат“ стапчињата во змии. Рамзес, гледајќи го ова, одбива и Мојсеј заминува. Надвор, Израилците го презираат, бидејќи фараонот двојно ја зголемил стапката на материјали произведени од робовите како одмазда. Миријам го смирува својот брат и го охрабрува да се обиде повторно. Мојсеј оди кај реката Нил и го гледа фараонот како плови на брод. Мојсеј ја повторува Божјата заповед, но Рамзес повторно одбива. Тогаш Мојсеј го удира стапот во реката, и водата станува крв. Фараонот, гледајќи како Хотеп и Хој исто така ја „претвораат“ водата во крв, го зема чудото на Мојсеј за уште една финта и му го врти грбот.

Тогаш Бог испушта надоаѓање на жаби, скакулци, чума и оган од небото врз Египет. Но после ова, Бог ја испраќа најстрашната казна — смртта на секое првородено дете (вклучувајќи го и синот на фараонот), со што Рамзес ги ослободува Израилците заедно со Мојсеј. Патувањето на среќните Израилци, веќе не како робови, започнува од Египет до Ветената Земја (Ханан). Бегалците се приближуваат до Црвеното Море кога ќе ги надмине египетската војска предводена од самиот фараон Рамзес. Мојсеј го крева стапот, го удира во водата и водите на морето се разделуваат на обете страни. Израилците одат по дното на морето до другата страна. Египќаните ги држи огнен столб што се спушта од небото. Откако столбот исчезнува, војската брза во потера. Но штом Израилците преминуваат на другата страна, водите се затвораат и ги удавуваат египетските војски. Рамзес е исфрлен на брегот. Тој двапати вика: „Мојсееј!!!“, а од другата страна Мојсеј тивко вели кон морето: „Збогум, брате...“ Филмот завршува со слегувањето на Мојсеј од Синајската Гора, држејќи ги Десетте Божjи заповеди пред целиот еврејски народ.

Гласовни улоги уреди

Глумец Улога
Вал Килмер Мојсеј
Рејф Фајнс Рамзес
Вал Килмер Бог
Патрик Стјуарт фараонот Сети I
Хелен Мирен/Линда де Шејн (вокал) царицата Туја
Мишел Фајфер Сепфора
Сандра Булок Миријам
Џеф Голдблум Арон
Офра Хаза Јохаведа
Дени Гловер/Брајан Стоукс Мичел (вокал) Јотор
Боби Мотаун синот на Рамзес
Стив Мартин Хотеп
Мартин Шорт Хој

Наводи уреди

  1. „The Prince of Egypt (1998)“. The Numbers. Посетено на February 18, 2019.
  2. The Prince of Egypt (U)“. British Board of Film Classification. November 26, 1998. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на August 27, 2016.
  3. 3,0 3,1 „Prince of Egypt (1998)“. Box Office Mojo. Посетено на May 14, 2020.
  4. The Prince of Egypt (1998) (англиски), Посетено на 2021-06-06
  5. „An Egyptologist's Breakdown of "The Prince of Egypt" (1998)“. leidenislamblog.nl (англиски). Посетено на 2021-06-06.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: